Македонска ракометна супер лига (мажи)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонска ракометна супер лига (мажи)
ЗемјаМакедонија Македонија
КонфедерацијаЕХФ
Создадена1992
Број на екипи12
Испаѓање воПрва лига мажи
Ниво на пирамидата1. ранг
Домашен куп(ови)Куп на Македонија
Суперкуп на Македонија
Меѓународни куп(ови)Лига на шампиони
Европска лига
Европски куп
Тековен првакЕурофарм Пелистер 2022/23 (7. титула)
Најмногу титулиВардар 1961 (15 титули)
ТВ партнериМТВ
Мрежна страницаmacedoniahandball.com.mk
Македонска ракометна Супер лига (мажи) 2023/24

Македонската Ракометна Супер Лига е најдобро ракометно натпреварување во Македонија. Ракометната Федерација на Македонија е рангирана на 34-то место во светот.[1]

Формат[уреди | уреди извор]

Супер лигата за мажи брои вкупно 12 екипи, а натпреварите од првиот дел се играат по еднокружен бод систем од 10 екипи (2 х 9 = 18 кола). Двете екипи кои се учесници во СЕХА лигата имаат загарантирано учество во плејоф фазата.

По завршување на 18. коло од државното првенство – Прв дел, прво пласираните четри екипи од Супер лигата вклучувајќи ги и двете екипи кои настапуваат во СЕХА лигата, играат плејоф за одредување првак на Македонија, учесници во Сеха лигата и пласман во Европските купови. Екипите почнуваат од 0 бодови.

Екипите кои завршиле од 5. до 10. место во првиот дел, играат плеј-аут натпревари, 5 кола Х 2 = 10 кола, односно вкупно 28 кола за секоја екипа. Екипите кои заземаат од 5. до 12. место во плеј-аутот, продолжуваат со освоените бодови од 1.-18. коло во ново направената мини табела составена од резултатите постигнати помеѓу плејаут екипите.

По завршувањето на 28. коло од првенството, 12. пласираната екипа од Супер машката лига ја напушта лигата, а 11. пласираната екипа игра бараж натпревар со 2. пласираната екипа од Првата машка лига за 11. место во Супер лигата. Прво пласираната екипа од Првата машка лига директно влегува во Супер лигата.

Шампиони[уреди | уреди извор]

Победници по сезона[уреди | уреди извор]

Сезона Првак
1992/93 Пелистер
1993/94 Пелистер
1994/95 Борец Агропин
1995/96 Пелистер Еврокар
1996/97 Преспа Јафа Промет
1997/98 Пелистер
1998/99 Вардар Ватростална
1999/00 Пелистер
2000/01 Вардар Ватростална
2001/02 Вардар Ватростална
2002/03 Вардар Ватростална
2003/04 Вардар Ватростална
2004/05 Пелистер Кометал
2005/06 Металург
2006/07 Вардар ПРО
2007/08 Металург
2008/09 Вардар ПРО
2009/10 Металург
2010/11 Металург
2011/12 Металург
2012/13 Вардар ПРО
2013/14 Металург
2014/15 Вардар
2015/16 Вардар
2016/17 Вардар
2017/18 Вардар
2018/19 Вардар
2019/20 Прекината сезона[1]
2020/21 Вардар 1961
2021/22 Вардар 1961
2022/23 Еурофарм Пелистер
2023/24
Клуб Титули Сезони
Вардар
15
1998/99, 2000/01, 2001/02, 2002/03, 2003/04, 2006/07, 2008/09, 2012/13, 2014/15, 2015/16, 2016/17, 2017/18, 2018/19, 2020/21, 2021/22
Пелистер
7
1992/93, 1993/94, 1995/96, 1997/98, 1999/00, 2004/05, 2022/23
Металург
6
2005/06, 2007/08, 2009/10, 2010/11, 2011/12, 2013/14
Борец
1
1994/95
Преспа
1
1996/97

ЕХФ коефициент ранг[уреди | уреди извор]

Рангирање за сезоната 2018-19[2]
  • 5. 0 (5) Полска Полска Супер Лига (75.71)
  • 6. 0 (6) Данска Данска ракометна лига (63.33)
  • 7.  (8) Македонија Македонска Супер Лига (51.22)
  • 8.  (9) Хрватска Хрватска ракометна Премиер лига (42.25)
  • 9.  (10) Португалија Португалска ракометна Прва Дивизија (37.33)

Рангирање на Лигата по сезони:

Сезона 2010-11 2011-12 2012-13 2013-14 2014-15 2015-16 2016-17 2017-18 2018-19 2019-20
Ранг 13 15 12 13 10 8 8 8 7 7

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

1. a : Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Ракометната Федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 17 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на ракометните работници, привремено да ја суспендира Супер лигата и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[3] На 13 мај било одлучено дека првенството нема да добие сезонски првак, а дека лигата ќе биде проширена на дополнително две екипи од Првата лига.[4][5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „International Handball Federation“. Архивирано од изворникот на 2017-07-31. Посетено на 2013-08-08.
  2. European cup 2018-2019 Men. Европска ракометна федерација.
  3. „Соопштение за јавност“. Ракометна Федерација на Македонија преку web.archive.org. 12 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-13. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Официјално: Ракометната сезона без шампион, Супер-лигата проширена на 14 екипи“. ekipa.mk преку web.archive.org. 13 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-18. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „Потврдено: Супер-лигата проширена, стартот без СЕХА-лигашите, но со шест нови екипи“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 13 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]