Спортска сала Билјанини Извори
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Спортска сала „Билјанини Извори“ |
|
|---|---|
| Локација | Охрид, Македонија |
| Отворен | 1998 |
| Сопственик | Град Охрид |
| Играат | РК Охрид |
| Капацитет | 3500-4500[1] |
Спортската сала Билјанини Извори е една од најголемите мултифункционални спортски сали во Македонија. Салата е отворена во август 1998 година со ракометниот турнир Трофеј Македонија. Салата има капацитет од 3,500 до 4,500 гледачи, во зависност од настанот кој се одржува. Салата беше домаќин на Европското првенство во ракомет за жени одржано во 2008. [2]
Поважни настани одржани во салата [уреди]
- Трофеј на Македонија во ракомет жени август 1998 година
- Европско првенство во кошарка младинци јули-август 2000 год.
- Квалификациони натпревари на машка и женска репрезентација во кошарка
- Квалификации за ЕП ракомет јуниори
- Балканско полициско првенство
- Балкански младински олимписки денови 2002 година
- Професионални бокс мечеви
- Европско првенство во ракомет за жени 2008
Спортски комплекс “Билјанини извори“ [уреди]
Салата е дел од спортскиот комплекс Билјанини извори во чиј состав се наоѓаат и стадионот Билјанини извори, атлетска патека и помошни игралишта за фудбал. Овој комплекс се користи како тренинг камп на Македонската фудбалска репрезентација. Истотака овој терен го користат и спортски клубови од Македонија и соседните држави за подготовки и тренинзи. [3]
Извори [уреди]
- ↑ http://www.ehf-euro.com/Biljanini-Izvori.859.0.html%7CСала Билјанини извори - ЕХФ
- ↑ http://www.ehf-euro.com/Women-s-EURO-2008.915.0.html%7C Европско првенство во ракомет за жени 2008
- ↑ http://www.biljaniniizvori.mk/%7C ЈП Билјанини извори