Еврипид

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Статуа на Еврипид.

Еврипид (грчки: Εὐριπίδης) (околу 480 п.н.е.406 п.н.е.) бил последниот од големата „тројка“ драматурзи-трагичари на класична Атина (другите двајца се Есхил и Софокле). Се смета дека напишал деведесет и пет драми, од кои седумнаесет или осумнаесет се целосно зачувани до денешни времиња (за една од зачуваните спорно е авторството). Од останатите негови дела до денес се зачувани само делови.

Еврипид се смета за еден од најзначајните поети на античката трагедија.

Биографија[уреди]

Роден на островот Саламина, а умрел на дворот на македонскиот крал Архелај во Пела. Во неговите млади години врз него влијаел неговиот учител, остроумниот филозоф Анаксагора, а подоцна во неговиот духовен развој се гледа силно влијание на софистите. Бил многу образован. Биографите како негови учители ги наведуваат Архелај, Анаксагора и Сократ. Се претпоставува дека имал своја лична библиотека. Не се знае многу за неговиот живот, но живеел повлечено, посветен на книжевноста. Не бил политички активен ниту влегол во државна служба. На повик на македонскиот крал Архелај, кој настојувал да привлече познати уметници на својот двор, Еврипид заминал за Пела во 408 п.н.е.

Творештво[уреди]

Кога Еврипид почнал да пишува трагедии, настојувал на дотогашната обработка на древните митови што ја правеле Есхил и Софокле, да им даде нова душа. Еврипид од митот ја земал голата содржина, а сè друго разработувал на свој начин и во драмското дејство внесувал сопствени мисли и погледи на светот. Го нарекуваат „антички Ибзен“.

Многу негови трагедии личат на обични драми, имаат долги монолози кои претставуваат филозофски размислувања за животот и проблемите од тоа време. Еврипид е филозофски настроен, но има трагедии во кои има вистинска лирска трагедија. Многу трагедии немаат внатрешна драмска поврзаност. Еврипид често на крајот на трагедијата внесувал божество, кое ја расплеткувало трагедијата.

Извршил влијание врз римските писатели Сенека и Овидиј, а преку нив подоцна и врз целата европска книжевност. Аристотел за него рекол дека е „најтрагичниот трагичар“.

Дела[уреди]

  • Алкеста
  • Медеја
  • Хераклиди
  • Андромаха
  • Хекаба и Хикетиди
  • Хиполит
  • Електра и Херакле
  • Тројанки
  • Ифигенија на Таврида
  • Хелена
  • Ион
  • Феничанки
  • Орест
  • Ифигенија во Авлида
  • Баханатки
  • Побеснетиот Херакло

и една сатирска игра

  • Киклоп.

Наводи[уреди]

Литература[уреди]

  • Barrett, William Spencer, ed. 1964. Hippolytos. By Euripides. Oxford: Clarendon P. and Toronto: Oxford UP.
  • ---. 2007. Greek Lyric, Tragedy, and Textual Criticism: Collected Papers. Ed. M. L. West. Oxford and New York: Oxford UP. ISBN 0-19-920357-1.
  • Croally, N. T. 1994. Euripidean Polemic: The Trojan Women and the Function of Tragedy. Cambridge: Cambridge UP. ISBN 0-521-04112-0.
  • Ippolito, P. 1999. La vita di Euripide. Napoli: Dipartimento di Filologia Classica dell'Universit'a degli Studi di Napoli Federico II.
  • Kovacs, David. 1993 Euripidea. Leiden: Brill. ISBN 90-04-09926-3.
  • Mary Lefkowitz. 1981. The Lives of the Greek Poets. New edition. London: Duckworth, 1998. ISBN 0-7156-1721-4.
  • Rutherford, Richard. 1996. Introduction. Medea and Other Plays. By Euripides. Rev ed. London: Penguin, 2003. ISBN 0-14-044929-9.
  • Scullion, S. 2003. "Euripides and Macedon, or the silence of the Frogs." The Classical Quarterly 53.2: 389-400.
  • Sommerstein, Alan H. 2002. Greek Drama and Dramatists. London: Routledge. ISBN 0-415-26028-0.
  • Walton, J. Michael. 1997. Introduction. In Plays VI. By Euripides. Methuen Classical Greek Dramatists ser. London: Methuen. vii-xxii. ISBN 0-413-71650-3.
  • Webster, T. B. L. 1967. The Tragedies of Euripides. London: Methuen.
  • Multispectral imaging. Oxyrhynchos online. Retrieved on 28 Oct 2007.

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: