По (река)
| По | |
Реката По во Торино |
|
| Извор | Котиски Алпи, Италија |
|---|---|
| Устие | Јадранско Море |
| Земји во сливот | Италија, Швајцарија, Франција |
| Должина | 652 |
| Надм. вис. на изворот | 2.100 |
| Надм. вис. на устието | 0 |
| Прос. истек | 1.540 |
| Сливно подрачје | 74.000 |
По (италијански: Po, латински: Padus или Eridanus) е река што тече на исток преку северниот дел на Италија. Долга е 652 км (или 682 км ако се вброи притоката Мајра) и извира од северозападните падини на планината Монвизо во Котиските Алпи и тече низ устие што навлегува во Јадранското Море кај Венеција. Сливното подрачје пофаќа вкупно 74.000 км², од кои 70.000 ѝ припаѓаат на Италија. Од подрачјето во Италија, 41.000 км² се планински, а 29.000 се рамничарски.[1] По е најдолга река во Италија, а во најширокиот дел има пречник од 503 м.[2] Течението го следи 45-тиот северен напоредник.
Реката тече низ разни важни градови како што се Торино, Пјаченца и Ферара. Поврзана е со Милано со мрежа од канали во чие осмислување учествувал Леонардо да Винчи. При крајот на течението, По образува широко устие со стотици мали канали. На јужниот дел до устието се наоѓа местото Комакјо, познато по одгледувањето на јагули. Долината на По влегувала во римската провинција Кисалпска Галија и ја делела на две територијални целини.
По е позната по честите и големи поплави. Затоа денес над половината од течението се регулира со насипи.[2] Наклонот на долината се намалува од 0,35% на запад на 0,14% на исток, што е прилично низок степен. Долж реката има 450 езера.[1]
Содржина |
Притоки [уреди]
Реката По има вкупно 141 притоки.[2] Гледано низводно, тука спаѓаат (Д = десни, Л = леви):
- Пеличе (Л)
- Варајта (Д)
- Мајра (Д)
- Дора Рипарија (Л)
- Стура ди Ланцо (Л)
- Малоне (Л)
- Орко (Л)
- Дора Балтеја (Л)
- Сезија (Л)
- Танаро (Д)
- Скривија (Д)
- Агоња (Л)
- Тичино (Л)
- Верза (Д)
- Ламбро (Л)
- Требија (Д)
- Нуре (Д)
- Ада (Л)
- Арда (Д)
- Таро (Д)
- Парма (Д)
- Енца (Д)
- Ољо (Л)
- Минчо (Л)
- Секија (Д)
- Панаро (Д)
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 Раџи, Мери (2007). „Извештај од испитувањето на речното подрачје на По“ (pdf). AquaMoney. http://www.aquamoney.ecologic-events.de/sites/download/poit.pdf. проверено на 6 април 2009. (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Zwingle, Erla (мај 2002). „Italy's Реката По со векови носи разорни поплави, но Италијанците на северот упорно ја неговуаат најдолгата земја во реката со нејзините оризови полиња, лозови насади, рибници и легенди“. National Geographic. http://ngm.nationalgeographic.com/ngm/0205/feature6/. проверено на 6 април 2009.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „По (река)“ |
- „Ренесансниот град Ферара и устието на По“. Центар за светско наследство на УНЕСКО. 1992–2009. http://whc.unesco.org/en/list/733. проверено на 14 април 2009. (англиски)