Белгиска револуција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Белгиска револуција
Wappers belgian revolution.jpg
Датум 25 август 1830 – 12 август 1831
Место северозападна Европа во Холандија и Белгија
Исход Победа на револуцијата и основање на Кралство Белгија
Завојувани страни
Flag of the Netherlands.svg

Обединето Кралство Холандија

Flag of Belgium (1830).svg

Јужните провинции

Команданти и водачи
Вилхем I од Холандија Ерасме Луис Сурлет де Чокиер
Чарлс Роџер

Белгиската револуција претставува конфликт кој започнал во август 1830 година во Брисел. Белгија тогаш била дел од Обединетото Кралство Холандија. Првичниот бунт довел до воспоставување односно основање на нова, независна, католичка и неутрална држава под името Белгија. Независноста на Белгија била прогласена на 4 октомври 1830 година. Кралот на Холандија земјата не ја признал до 1839 година.

По поразот на Наполеон Бонапарт, на Винескиот конгрес кој се одржал во 1815 година било создадено Обединето Кралство Холандија, кое ги опфаќало териториите на поранешната Холандска Република и Австриска Холандија. По конгресот, Велика Британија инсистирала да придобие дел од холандските колониии во Јужна Африка, а како компензација Холандија добила дел од јужните провинции т.е. денешна Белгија.

Причини[уреди]

Главните причини поради избувнувањето на Белгиската револуција била големата доминација на Холандија во политичкиот и економскиот живот на земјата. Од друга страна голем проблем била и религијата. Холандија била калвинистичка земја, а Белгија католичка. Во Белгија, населението главно зборувало француски.

Целото економско богатство на Обединетото Кралство Холандија било концентрирано во денешна Холандија, посебно во Амстердам. Белгијците имале многу мала контрола врз економијата на земјата. Населението на денешна белгија најмногу се противело на кралот Вилхем I, кој живеел во Холандија и целосно ги игнорирал барањата за поголема автономија. Престолонаследникот на кралот, Вилхем II живеел во Брисел, и не бил многу популарен во градот.

Во времето кога револуционерите ја прогласиле победата на револуцијата, холандскиот јазик бил забранен а како службен јазик бил воведен францускиот. Белгискиот законок на холандски јазик не бил преведен до 1967 година.