Симоне Перота

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Италија Симоне Перота
Simone Perrotta 2007.jpg
Лични податоци
Полно име Симоне Пасквале Перота
Роден на 17 септември 1977 (1977-09-17) (37 г.)
Роден во Ештон-под-Лин, Англија
Висина 1.78 метри
Позиција Среден ред
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1995–1998 Реџина Реџина 77 (1)
1998–1999 Јувентус Јувентус 5 (0)
1999–2001 Бари Бари 56 (1)
2001–2004 Кјево Кјево 95 (6)
2004–2013 Рома Рома 232 (34)
Репрезентација
1998–2000 Италија Италија 21 6 (1)
2002–2009 Италија Италија 48 (2)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 27 октомври, 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 10 февруари, 2009

Симоне Перота (роден на 17 септември, 1977 во Ештон-под-Лин, Англија) е италијански поранешен фудбалер, репрезентативец, играч од средниот ред.

Бил член на фудбалската репрезентација на Италија која го освоила првото место на Светското првенство во фудбал 2006.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Перота е познат по својот прилагодлив играчки стил, луцидните проигрувања и големата претрчана километража.[1][2]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Иако е роден во Англија, Перота своите први фудбалски знаења ги стекнал во младинската школа на Реџина. Првиот настап во неговиот матичен клуб бил во 1995 год. во рамките на Серија Б. Оттогаш, Симоне станал важна алка во поставата на Реџина. Три години подоцна, во 1998 год. потпишал за Јувентус, но покрај фудбалските величини како Зинедин Зидан, Дидје Дешам и Антонио Конте, Перота запишал сано 10 настапи зад своето име.

Во 1999 год. тимот на Бари добил 50% од правата врз Перота, како дел од договорот со Јувентус, по кој Џанлука Ѕамброта преминал во клубот од Торино. Бари освен Перота, добиле и дополнителни 1,5 милиони евра. Во јуни 2001 год. Бари за 300 илјади евра целосно го откупиле договорот на Перота, најмногу поради неговите добри партии во нивниот дрес.

На почетокот на сезоната 2001/02 од Серија А, Перота прешол во редовите на Кјево. Овој тим со помошта на Перота, зимската пауза во првенството ја минал како лидер во Серија А. Перота бил асистент на победничкиот гол во натпреварот против вицешампионот Интер.

Рома[уреди | уреди извор]

Во 2004 год. Рома успеа да го донесе Перота во своите редови за сума од 7,2 милиони евра, притоа потпишувајќи тригодишен договор со него. Веднаш се наметнал кај тренерот Лучијано Спалети, и си обезбедил постојано место во почетните 11. Тоа резултирало со нов договор во 2006 год, овојпат со времетраење од 4 години (до 2010) и поголема плата. Одлично се вклопил во поставата 4-2-3-1, играјќи како истурен играч за врска, веднаш позади шпицот во нападот. Во октомври 2009 го продолжил постојниот договор на уште една дополнителна сезона (до 2011), за намалена плата на 2,5 милиони евра годишно. По истекувањето на овој договор потпишал нов, сѐуште важечки, до 2013 год. за загарантирана плата од 2,6 милиони евра плус бонуси во зависност од настапите. Важи за еден од носителите на играта на римската волчица, заедно со Даниеле Де Роси и Франческо Тоти.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Без разлика што бил роден во Англија, Перота немал право да игра за нивната репрезентација. Со екипата на Италија под-21 го освоил пехарот на УЕФА Европско првенство до 21 година во 2000 год. но не настапил на Летните олимписките игри 2000 год. поради ситна повреда. Своето деби за репрезентацијата на Италија го имал во 2002 год. Бил пријавен и за Европското првенство во фудбал 2004, кога впрочем и постигнал гол против Бугарија во фазата по групи. Перота бил во составот на Марчело Липи за Светското првенство 2006, каде бил во почетниот тим на сите 7 натпревари за аѕурите на патот до нивниот четврт шампионски пехар.[3] Бил повикан и за Европското првенство во фудбал 2008, каде бил редовен стартер, и со Италија дотуркал до четврт-финалето каде на пенали загубиле од подоцнежниот првак Шпанија. Во 2009 год. се простил од настапите за националниот тим.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Перота живеел во Англија до 4-годишна возраст. Неговите родители, Франческо и Ана Марија поседувале паб близу нивниот дом, пред да се вратат во Италија, во 1982 год. Оваа брачна двојка водела потекло од Реџо Калабрија. На 22 декември, 2010 год. бил поставен споменик на Перота пред стадионот на локалниот фудбалски тим од Ештон-под-Лин. Споменикот бил еден од трите на фудбалери родени во тоа место, и што притоа го освоиле Светското првенство во фудбал.

Статистика[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Рома[уреди | уреди извор]

Италија Репрезентација на Италија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]