Лакост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лакост
Lacoste
Видакционерско друштво
Дејностпроизводство на облека, обувки и парфеми
ОснованоТроа, Франција(1933)
ОсновачРене Лакост, Андре Жилје
Седиштекорпорациско: Троа, Франција. Дистрибутивно: Троа
Матично претпријатие
Maus Frères Уреди на Википодатоците
Мреж. местоlacoste.com

Лакост е компанија за облека со висок квалитет основана во 1933 година, која продава облека, обувки, парфеми, кожни производи, часовници, очила, и најпознати тениски маици со висок квалитет. Во последниве години, Лакост воведе линија на производи за домашна употреба како на пример чаршафи и крпи. Фирмата е препознатлива по нејзиното лого со зелен крокодил.

Тениска Лакост маица од пролетната колекција за 2006 година

Нејзините главни конкуренти се Армани, Фред Пери, Поло, Ралф Лорен и Томи Хилфигер.

Историја[уреди | уреди извор]

Рене Лакост ја основал фирмата La chemise Lacoste (Маицата Лакост) во 1933 година со Андре Гилие, сопственик и претседател на најголемата француска фирма за производство на трикотажа во моментот. Тие започнале со производството на револуционерната тениска маица Лакост која беше дизајнирана и носена на тениските игралишта со извезеното лого крокодилот на градите. Иако компанијата тврди тоа е првиот примерок на облека на чијашто надворешност се појавува името на брендот, логото ‘Девојката Јанцен’ (Jantzen Girl) се појави на надворешноста на костумите за капење Јанцен Нитинг Милс (Jantzen Knitting Mills) уште во 1921 година. Освен тениски маици, Лакост произведуваше и маици за голф и едрење. Во 1951 година, компанијата започна да се проширува разгранувајќи го своето производство на „тениските бели маици" со воведување на други бои на маици. Во 1952 година, маиците биле извезувани во САД и беа рекламирани како „статусен симбол на компетентните спортист", влијаејќи на изборот на облека на високата класа. Таа е сè уште една од најпопуларните марки во САД, која му дава спортски изглед на класичниот гардеробер.

Во 1963 година, Бернар Лакост го презеде управувањето со компанијата од својот татко Рене. Значителен раст на компанија имаше под управувањето на Бернар. Кога станал претседател, околу 300.000 Лакост производи се продавале на годишно ниво. Брендот Лакост го достигнува врвот на популарност во САД во текот на доцните 1970-тите и 1980-тите и стана заштитен знак на „класичната" гардероба, дури и бил споменат прирачникот на Лиза Бирнбах Официјалната „класична“ помошна книга (“Official preppy Handbook”) во 1980 година. Компанијата, исто така почна да воведува други производи во нивната линија вклучувајќи и панталони, парфеми, оптички очила и очила за сонце, тениски патики, патики за крстарење, патики за пешачење, часовници, како и разни кожни производи.

Во САД во 1970-тите и 1980-тите, Изод (Izod) и Лакост почнаа често да се користат заемно, бидејќи со почеток во 1950 година, Изод произведуваше облека позната како Изод Лакост со лиценца за продажба во САД. Ова партнерство заврши во 1993 година кога Лакост ги поврати ексклузивните права за дистрибуција на маици во САД под сопственото име. Во 1977 година, компанијата Ле Тигр Клоутинг (Le Tigre Clothing) е основана во обид директно да се натпреваруваат со Лакост на пазарот во САД, продавајќи сличен спектар на облека, но кој има тигар на местото на заштитниот знак крокодилот на Лакост.

Во поново време, популарноста на Лакост оди во нагорна линија, благодарение на трудот на францускиот дизајнер Кристоф Ламер да создаде посовремен, и подобар изглед. Во 2005 година, речиси 50 милиони Лакост производите се продаваат во над 110 земји. Неговата присутност е зголемена како резултат на договорите кои постојат меѓу Лакост и неколку млади тенисери, вклучувајќи го и американскиот тенисер Енди Родик,младиот француски тенисер во подем Ришар Гаске , како и швајцарскиот олимписки освојувач на златен медал Станислас Вавринка. Лакост, исто така, започна да го зголемува своето присуство во голф светот, каде што се забележа како двострукиот освојувач на Мастерс турнир Хосе Марија Олазабал и шкотскиот играч Колин Монтгомери, носат Лакост маици на натпреварите.

Бернар Лакост, сериозно се разболе во почетокот на 2005 година, што го доведе до тоа да му го препушти претседателството на Лакост на својот помлад брат и многугодишен најблизок соработник, Мишел Лакост. Бернар почина во Париз на 21 март 2006 година.

Лакост им даде лиценци за својата трговска марка на различни компании. До неодамна Devanlay (Деванлеј) ја имаше во сопственост светската ексклузивна лиценца за облека, иако денес Лакост поло маиците, исто така, се произведени со лиценца во Тајланд од страна на компанијата ICC, исто така и во Кина. Компанијата Пентланд Груп (Pentland Group) успеа да обезбеди ексклузивна светска лиценца за производство на обувки Лакост, компанијата Проктер & Гембл(Procter & Gamble) е сопственик на ексклузивна светска лиценца за производство на мириси, и компанијата Самсонајт (Samsonite) ја поседува светската лиценца за производство на торби Лакост и кожна стока.

Во јуни 2007 година, Лакост го претстави својот прв e-трговско мрежно место за американскиот пазар. Хајден Кристенсен е заштитното лице на мирисот „Предизвик“ (Challenge) за мажи.

Менаџмент на брендот[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 50-тите години, Бернар Лакост се здружи со Дејвид Кристал, кој во тоа време беше сопственик на Изод (Izod), за да се произведува Изод Лакост облеката. Во 1970-тите и 1980-те, таа беше исклучително популарна кај тинејџерите кои маиците едноставно ги нарекуваа „изод“. Додека здружението беше и профитабилно и популарно, матичната компанија на Изод Лакост (Дејвид Кристал копродукции) беше оптоварена со долг од други нејзини деловни потфати. Кога обидите за да се разделат Изод и Лакост со цел да се создаде приход кој ќе го ублажи долгот, Кристал ја продаде својата половина од Лакост повторно на Французите, а Изод беше продаден на Ван Хеусен.

Сепак, на почетокот од 2000 година, со ангажирањето на нов моден творец Кристоф Ламер, Лакост почна да ја презема контролата на својот бренд и лого, кој владеел во нивните договори за брендирање. Во моментот Лакост повторно го има елитниот статус кој го имаше пред кризата во менаџментот на брендот околу 1990 година.

Компанијата Лакост, имала долг спор околу логото и линиите на облека со компанијата Крокодајл Гарментс (Crocodile Garments). Крокодајл Гарментс го користи логото со крокодил кое се наоѓа на левата страна, а Лакост го користи оној кој се наоѓа на десната страна. Двете се бореле за правата за логото во Кина, каде што победи Крокодајл Гарментс во 2003 година. Крокодајл Гарментс за возврат се согласи да го промени своето лого и да имаат повеќе вертикална опашката и поголем обем.

Препродавачи на брендот[уреди | уреди извор]

Компанијата раководи со голем број на бутици Лакост во светот, сместени како дел во водечки стоковни куќи, а исто така и како независни продавници. Во Обединетото Кралство, брендот Лакост е достапен во многу водечки продавници за висококвалитетна облека, како Јунајтед Кингдом (United Kingdom), КЈ Бекет (KJ Beckett) and Џон Луис Партнершип (John Lewis Partnership) . Исто така во САД, брендот Лакост, може да се најде во продавници како што се ,Сакс Фифт Авењу (Saks Fifth Avenue),Нордсторм (Nordstrom),Лорд & Тејлор (Lord & Taylor), Нејман Маркус (Neiman Marcus),Блумингдејл (Bloomingdale's),Мејсис (Macy's), Белк Холс (Belk, Halls), и други независни дистрибутери. Во Канада, Лакост се продава во бутиците на Хари Росен, и други самостојни стопанственици. Во Австралија, брендот се продава во продавниците Дејвид Џонс (David Jones) и Миер (Myer).

Лакост продавница во Брно

Заклучно со јуни 2007 година, онлајн присуството на Лакост, им овозможува на Американците да купуваат облека и истата да им се испраќа директно до нивните домови. Онлајн продавницата нуди големини и опции кои не можат да се најдат во продавниците, заедно со голем број на производи на распродажба.