Крис Смолинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Англија Крис Смолинг
Chris Smalling and Wes Brown cropped.jpg
Лични податоци
Полно име Кристофер Лојд Смолинг[1]
Роден на 22 ноември 1989 (1989-11-22) (25 г.)[1]
Роден во Лондон, Англија
Висина &100000000000001920000001,92 м[2]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Број 12
Младинска кариера
Милвол Милвол
Меидстоун Јунајтед Меидстоун Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007-2008 Меидстоун Јунајтед Меидстоун Јунајтед 12 (1)
2008-2010 Фулам Фулам 13 (0)
2010- Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 92 (5)
Репрезентација
2009 Англија Англија 20 1 (0)
2009-2011 Англија Англија 21 14 (1)
2011- Англија Англија 12 (0)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 15 фебруари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 15 фебруари 2012

Кристофер Лојд „Крис“ Смолинг (англиски: Christopher Lloyd Smalling; роден на 22 ноември 1989, во Лондон) е англиски фудбалер, играч од одбраната на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација.

Во текот на својата младост, Смолинг играл за академијата на Милвол, пред да замине во локалниот тим од нон-лигата Меидстоун јунајтед. Тој бил избран во екипата на училиштето Кент за играчи под 16 години во 2005 година, а подоцна напредувал и заиграл во тимот до 18 години во 2007 година. Неговите перформанси за училиштето Кент резултирале со тоа да биде повикан во англиската училишна репрезентација за ученици под-18 години во 2008 година. Во ова време Смолинг, исто така, се утврдил во првиот тим на Меидстоун јунајтед и неговите импресивни игри за клубот и земјата му носат потпишување на две-годишен договор со Мидлзборо во мај 2008 година.

Едвај еден месец по потпишувањето за Мидлзборо, сепак, Смолинг и клубот го раскинале договорот поради неговата носталгија за неговиот роден град. Набргу потоа, во јуни 2008 година, тој потпишал за Премиерлигашот, Фулам. Тој го направил своето професионално деби со нив во мај 2009 година во последниот натпревар од сезоната 2008-09 и им помогнал да стигнат до финалето во Лига Европа на крајот од сезоната.

Во јануари 2010 година, Смолинг потпишал пред-договор со Манчестер Јунајтед и му се приклучил на клубот, официјално на 1 јули. Тој го направил своето деби во официјален натпревар во Комјунити Шилд 2010 во победата над Челзи и го заработил својот прв медал во кариерата. Од своето деби, тој направил повеќе од 100 настапи за клубот.

Смолинг ја претставувал Англија на различни нивоа и во моментов е член на сениорскиот тим. Тој играл за Англија на училишно ниво под-18 години, во почетокот на 2008 година пред да го направи своето деби во селекцијата под 20 и под 21 година во 2009. Своето деби за сениорскиот тим на Англија го направил во победата со 3-0 над Бугарија на 2 септември 2011 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Ран живот и Меидстоун Јунајтед[уреди | уреди извор]

Смолинг е роден во Гринич, Лондон,[1] и започнал да игра фудбал на возраст од девет години за Валдерслејд Бојс. По кратко време поминато во академијата на Милвол, 16-годишниот Смолинг[3] му се приклучил на младинскиот состав на Меидстоун Јунајтед и го продолжил своето образование во "Чатам" школото за граматика.

Откако ги поминал сите младински категории на Меидстоун, тој бил прекомандуван во првиот тим од страна на тренерите Питер Нот и Тони Корнвел.[3] Смолинг го направил своето деби за првиот тим на стоунсите на 11 април 2007 година во поразот со 4-1 од Тонбриџ во Кент Сениор купот.[4] Понатаму, тој настапувал во ФА Трофи купот, а во декември 2007 Смолинг го направил своето деби во првенствен натпревар за клубот и ги одиграл сите 90 минути во ремито 1-1 против Харлоу Таун.[5] Смолинг импресионирал со својте настапи и набрзо станал витален дел од последната линија на Меидстоун, но сепак, поради повреда и репрезентативните должност направил само 11 настапи за клубот од Кент.[6] Смолинг го постигнал единствениот гол со екипата на Меидстоун, на 24 март 2008, во победата со 4-2 над Ист Тарок Јунајтед, натпревар кој се испоставил како негов последен за клубот.[7]

Фулам[уреди | уреди извор]

Смолинг со Фулам во август 2009

Откако го привлекол вниманието на клубовите од повисоките лиги како Фулам, Гилингем, Чарлтон и Рединг,[8] Смолинг потпишал две-годишен договор со Мидлзборо на 30 април 2008.[8][9] Сепак, веднаш по потпишувањето на неговиот договор со Боро трансферот бил откажан заради тоа што Смолинг бил загрижен за родното место и чувствувал носталгија,[10] па во јуни 2008 потпишал за клубот од Премиер лигата, лондонскиот Фулам.[11] Смолинг не бил под договор со Меидстоун (според правилото за учениците кој играат за Англија), па така клубот од Истмиан лигата немал право на надоместок за играчот, сепак Фулам постигнале договор со кој му исплатиле на Меидстоун Јунајтед сума од 10,000 £ за трансферот и 10.000 £ на секои десет одиграни првенствени натпревари.[12] Тој бил назначен за капитен на тимот за играчи во развој, од страна на менаџерот Били Мекинли.[13]

На 24 мај 2009 година, Смолинг го направил своето деби во Премиер лигата за Фулам, влегувајќи како замена на местото на Арон Хјуз во 77-мата минута од последниот натпревар за сезоната 2008-2009, поразот на домашен терен од Евертон со 2-0.[14] Смолинг го направил својот прв старт за Фулам на 17 септември, на гостувањето во Софија кај ЦСКА во Лига Европа, натпреварот завршил 1-1.[15] На 28 декември, Смолинг го направил својот прв старт во лигата за Фулам, во поразот со 2-1 од Челси на Стемфорд Бриџ во последниот натпревар за Фулам во 2009 година и постигнал одлучувачки автогол во 75-тата минута од натпреварот.[16]

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

На 27 јануари 2010, Манчестер Јунајтед објавиле дека потпишале договор со Смолинг, за неоткриена сума, но играчот ќе остане во Фулам до крајот на сезоната 2009-2010. Трансферот бил официјализиран на 1 јули. Тој го направил своето деби за Манчестер Јунајтед во победата со 3-1 во пријателски натпревар против Селтик на 16 јули, и направил пенал, кој довел до единствениот гол за Селтик во натпреварот. Својот прв гол за клубот го постигнал во уште еден пријателски меч овојпат против Чивас Гвадалахара на 30 јули, стрелајќи со глава по корнерот на Дарон Гибсон, во поразот со 3-2.

Смолинг го направи своето деби во официјален натпревар за Јунајтед на 8 август 2010 во Комјунити Шилд, влегувајќи како замена во второто полувреме во победата со 3-1 над Челзи. Неговото деби во Премиер лигата за новиот клуб го имал на 28 август, во победата со 3-0 против Вест Хем Јунајтед, влегувајќи од клупата за резерви во 74-тата минута на местото на Џони Еванс. На 15 септември, тој го направил својот деби настап во Лигата на шампионите во ремито 0-0 на домашен терен против Ренџерс, играјќи го целиот натпревар. Осум дена подоцна Смолинг го постигнал својот прв гол за Манчестер Јунајтед, кој исто така бил неговиот прв сениорски гол во кариерата, во победата со 5-2 на гостувањето кај Сканторп Јунајтед во Лига купот. Потоа, тој го одиграл својот прв целосен натпревар во Премиер лигата за Јунајтед на 4 јануари 2011 година, играјќи како партнер на Немања Видиќ во победата со 2-1 над Стоук Сити. Сезоната ја затворил со 16 првенствени натпревари, давајќи го во нив својот придонес за рекордната 19-та титула на Манчестер Јунајтед - Првак на Англија. На 8 јули 2011 година, Смолинг потпишал нов петгодишен договор со клубот.

Смолинг го постигнал својот прв гол за сезоната 2011-2012 уште во првиот официјален натпревар на клубот, во Комјунити Шилд 2011 против градскиот ривал Манчестер Сити; по слободниот удар на Ешли Јанг, топката дошла до Смолинг кој од непосредна близина со волеј-удар ја испратил во мрежата за да го намали дефицитот на својот тим на 2-1. Манчестер Јунајтед победил во натпреварот со 3-2, после пресврт од 0-2. На почетокот на новата сезона, Смолинг се прилагодувал на новата улога во тимот, откако поради поивредите на Немања Вдиќ, Рио Фердинанд и Рафаел, бил префрлен на позицијата десен бек, додека Џони Еванс и новото засилување Фил Џонс играле како двојка централни дефанзивци. Таа позиција била нова за него затоа што во минатата сезона постојано играл во центарот на одбраната. На 18 септември 2011, Смолинг го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во кариерата, против Челзи на Олд Трафорд во победата со 3-1. Смолинг морал да го пропушти последниот натпревар од сезоната во Премиер лигата како и Европското првенство 2012 со Англија, поради повреда на препоните со која се здобил за време на победата на Манчестер Јунајтед со 2-0 над Свонзи Сити во претпоследното коло од првенството.[17]

На 21 јули 2012 година, било најавено дека Смолинг би можел да го пропушти почетокот на сезоната, откако лекарите му предвиделе период од 10 недели за опоравување од операцијата на скршена коска. Исто така морал да ја пропушти целата пред-сезонска турнеја. Тој го направи своето враќање на теренот на 7 ноември, играјќи ги сите 90 минути во победата со 3-1 на гостувањето во Португалија кај Брага во Лигата на шампионите.[18] Три дена подоцна, тој го одиграл својот прв натпревар во Премиер лигата по пауза од пет месеци, во победата со 3-2 над Астон Вила и бил директен виновник за првиот гол.[19] На 22 април 2013, со победата од 3-0 повторно над Астон Вила (во вториот дел од сезоната), Манчестер Јунајтед станал шампион на Англија, а за Смолинг тоа била втора титула во Премиер лигата.[20]

На 27 ноември 2013 година, Смолинг го постигна својот прв погодок во Лигата на шампионите при победата со 5-0 на гостувањето кај Баер Леверкузен.[21] На 26 декември, постигнал гол во победата со 3-2 против Хал Сити.[22]

Сезоната 2014-2015 Смолинг ја започнал играјќи како централен дефанзивец, но во одбрана со тројца играчи, како дел од формацијата (3-4-1-2) на новиот менаџер Луј ван Гал. Првиот настап за сезоната го направил на 16 август 2014, во поразот на домашен терен од Свонзи Сити со 1-2 во Премиер лигата. На 2 ноември во Дербито на Манчестер тој бил исклучен во првото полувреме од натпреварот, а Јунајтед загубил со 1-0.[23] По натпреварот Луј ван Гал го нарекол Смолинг "глупав" заради прекршокот над Џејмс Милнер по кој го заработил вториот жолт картон во натпреварот.[24] Сепак Смолинг се вратил во акција за гостувањето кај Арсенал и играл клучна улога во одбраната при победата со 2-1. На 29 ноември, Смолинг го постигнал првиот гол во Премиер лигата за сезоната во победа над Хал Сити на Олд Трафорд со 3-0, негов прв гол на Олд Трафорд за повеќе од три години.[25][26] На 11 февруари 2015 година, се појавил во игра како замена во петтата минута и за прв пат во неговата кариера постигнал два гола на еден натпревар придонесувајќи за победата со 3-1 против Барнли.[27] На 12 април 2015, тој го постигнал својот четврти гол за сезоната во победата со 4-2 над Манчестер Сити.[28]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Смолинг во репрезентативниот дрес

Смолинг ја претставувал Англија во неколку младински категории, почнувајќи од настапите за категоријата под 18 години на училишно ниво во 2008, потоа во селекцијата под 20 години во почетокот на 2009, а подоцна истата година го направил своето деби и во селекцијата под 21 година.

Смолинг го направил своето деби за репрезентацијата на Англија под 20 години на 31 март 2009, играјќи 45 минути во победата со 2-0 против Италија на Лофтус Роуд.[29] На 11 август, четири месеци по неговото деби за тимот под 20 години, тој го направил своето деби за тимот под 21 година во пријателски натпревар против Холандија, влагувајќи како замена во 58-мата минута во натпреварот што завршил 0-0.[30] На 14 ноември, Смолинг го направил првиот старт за репрезентацијата под 21 година во квалификациите за Европското првенство против Португалија во победата со 1-0 на Вембли.[31] Тој го постигнал својот прв гол за оваа национална категорија на 8 октомври 2010 година против Романија во првиот натпревар од баражот за пласман на Европското првенството 2011, стрелајќи од непосредна близина по асистенцијата на Џек Вилшер. Голот кој го постигнал во 83-тата минута, се покажал како да победнички за Англија во победата со 2-1.[32]

На 13 ноември 2010, Смолинг бил повикан за прв пат во сениорската репрезентација на Англија за пријателскиот натпревар со Франција. Меѓутоа, не добил можност за деби и остнал неискористена резерва во натпреварот. Своето деби го направил речиси една година подоцна, на 2 септември 2011, во квалификациите за Евро 2012 против Бугарија, играјќи како десен бек.

На 12 мај 2014 година, Смолинг бил избран во списокот од 23 играчи кој ја претставувале Англија на Светското првенство 2014.[33] Откако Англија била елиминрана, Смолинг го направил своето деби на турнирот играјќи како стартер во последниот натпревар од групната фаза, помагајќи на тимот да не прими гол во ремито 0-0 со Костарика во Бело Хоризонте.[34]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Hugman, Barry J., уред (2010). The PFA Footballers' Who's Who 2010–11. Mainstream Publishing. стр. 382. ISBN 978-1-84596-601-0. 
  2. „Chris Smalling“. ManUtd.com. Manchester United. http://www.manutd.com/en/Players-And-Staff/First-Team/Chris-Smalling.aspx?section=Quote. конс. 30 јуни 2011. 
  3. 3,0 3,1 Jolly, Richard (9 октомври 2011). „Chris Smalling steps up to prove his class | Football | Sport | Daily Express“. Express.co.uk. http://www.express.co.uk/sport/football/276373/Chris-Smalling-steps-up-to-prove-his-class. конс. 12 мај 2014. 
  4. Tunnell, Ruth. „Maidstone United 1–4 Tonbridge Angels“, „MaidstoneUnited.co.uk“, Maidstone United, 11 април 2007 (конс. 13 јуни 2011).
  5. Tunnell, Ruth. „Maidstone United 1–1 Harlow Town“, „MaidstoneUnited.co.uk“, Maidstone United, 11 декември 2007 (конс. 11 декември 2007).
  6. The Rise And Rise of Chris Smalling“, „MaidstoneUnited.co.uk“, Maidstone United.
  7. Tunnell, Ruth. „East Thurrock United 2–4 Maidstone United“, „MaidstoneUnited.co.uk“, Maidstone United, 24 март 2008 (конс. 24 март 2008).
  8. 8,0 8,1 News – February 2008“, „MaidstoneUnited.co.uk“, Maidstone United Football Club, 18 февруари 2008 (конс. 30 јуни 2011).
  9. Young, Colin. „Boro boost their ranks as young England defender Smalling signs on at The Riverside“, „DailyMail.co.uk“, Daily Mail Online, 6 мај 2008 (конс. 6 мај 2008).
  10. Howard, Tim. „Craven Cottage switch for Boro signing Smalling“, „KentNews.co.uk“, Kent News, 30 мај 2008 (конс. 10 декември 2013).
  11. Beattie, Chris. „Chris Smalling: Fulham move proof there's talent outside Football League“, „TribalFootball.com“, Tribal Football, 4 јануари 2009 (конс. 10 декември 2013).
  12. Chris Smalling: Sam Wallace: It's sad that Maidstone miss out on share of £10m Smalling windfall“, „Independent.co.uk“, The Independent, 8 февруари 2010 (конс. 8 февруари 2010).
  13. „Pathway to Success“. fulhamfc.com. Fulham FC. 4 јуни 2009. http://www.fulhamfc.com/news/2009/june/04/pathway-to-success. конс. 10 декември 2013. 
  14. „Fulham v Everton“. fulhamfc.com. Fulham FC. 24 мај 2009. http://www.fulhamfc.com/match-centre/2008_2009/league/home/everton. конс. 10 декември 2013. 
  15. Lyon, Sam. „CSKA Sofia 1–1 Fulham“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 17 септември 2009 (конс. 17 септември 2009).
  16. Hughes, Ian. „Chelsea 2–1 Fulham“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 28 декември 2009 (конс. 28 декември 2009).
  17. Tuck, James. „Smalling out of Euro 2012“, „ManUtd.com“, Manchester United, 11 мај 2012 (конс. 11 мај 2012).
  18. "Braga 1–3 Man Utd" BBC Sport. 7 November 2012. Преземено 29 ноември 2012.
  19. "Aston Villa 2–3 Man Utd" BBC Sport. 10 November 2012. Преземено 29 ноември 2012.
  20. Хет-трик на Ван Перси за 20. титула на Манчестер Јунајтед daily.mk Превземено 10 април 2015
  21. "Bayer Leverkusen 0–5 Man Utd" BBC Sport. 27 November 2013. Преземено 27 ноември 2013.
  22. "Hull City 2–3 Manchester United" BBC Sport. 26 December 2013. Преземено 26 December 2013.
  23. Man City 1–0 Man Utd“, „BBC Sport“, 2 ноември 2014 (конс. 2 ноември 2014).
  24. Man Utd: Louis Van Gaal angry at 'stupid' Chris Smalling“, „BBC Sport“, 2 ноември 2014 (конс. 2 ноември 2014).
  25. http://www.bbc.co.uk/sport/0/football/30065812
  26. http://www.bbc.co.uk/sport/0/football/30156606
  27. Manchester United 3 Burnley 1: Two goals from Chris Smalling bright spots in abject performance“, „The Telegraph“ (конс. 12 февруари 2015).
  28. Manchester United 4–2 Manchester City“, BBC Sport, 12 април 2015 (конс. 13 април 2015).
  29. Lions' Loftus roar“, „TheFA.com“, The Football Association, 31 март 2009 (конс. 31 март 2009).
  30. New-look Under-21s draw comfort in Holland“, „TheFA.com“, The Football Association, 11 август 2009 (конс. 10 декември 2013).
  31. Rose blooms as England beat Portugal“, „TheFA.com“, The Football Association, 14 ноември 2009 (конс. 10 декември 2013).
  32. Williams, Richard. „Chris Smalling gives England slender advantage over Romania Under-21s“, „Guardian.co.uk“, The Guardian, 8 октомври 2010 (конс. 10 декември 2013).
  33. World Cup 2014: England name Ross Barkley in squad“, BBC Sport, 12 мај 2014 (конс. 25 јуни 2014).
  34. England end disappointing World Cup with barren draw against Costa Rica“, „The Guardian“, 24 јуни 2014 (конс. 25 јуни 2014).