Куп на велесаемските градови

Од Википедија — слободната енциклопедија

Купот на велесаемските градови било меѓународно фудбалско натпреварување на клубовите од европските земји кое започнало да се игра во 1955 година, а пследното изданије на ова натпреварување е одиграно во сезоната 1970-71. Натпреварувањето е укинато во корист на ново настанатиот турнир тогаш Купот на УЕФА.

Историја[уреди | уреди извор]

Иницијатор за настанувањето на ова натпреварување бил швајцарецот Томен, кој тогаш бил потпретседател на УЕФА. Во 1955 во Базел тој ги собрал претстевниците на 10-те европски велесаемски градови (Барселона, Базел, Бирмингем, Франкфурт, Копенхаген, Лозана, Лајпциг, Лондон, Милано и Загреб) и предложил организација на натпреварување на градските репрезентации.

Првото изданије е замислено како двегодишно натпреварување но се растегнало дури на три години. И следните две натпреварувања, 1958-60 и 1960-61, се одржани како градски видови, додека од сезоната 1961-62 Купот на велесаемските градови станува едносезонско клупско натпреварување во кое секој член на УЕФА имал право да испрати по три претставника. Бројот на учесници, конкуренцијата како и популарноста и угледот на натпреварувањето растеле од сезона во сезона. Во сезоната 1971-72 УЕФА менува одредени правила во турнирот и ова натпреварување преоѓа во Куп на УЕФА и станува натпреварување на УЕФА што не било случај со Купот на велесаемските градови. Поточно, Купот на велесаемските градови како натпреварување не било признато од УЕФА и не било Уефино натпреварување, па така и освоените титули не влегуваат и не се бројат како трофеи освоени во турнирите на УЕФА.

Победници[уреди | уреди извор]

Сезона Клуб
1955-58 Шпанија Барселона
1958-60 Шпанија Барселона
1960-61 Италија Рома
1961-62 Шпанија Валенсија
1962-63 Шпанија Валенсија
1963-64 Шпанија Сарагоса
1964-65 Унгарија Ференцварош
1965-66 Шпанија Барселона
1966-67 Хрватска Динамо
1967-68 Англија Лидс Јунајтед
1968-69 Англија Њукасл Јунајтед
1969-70. Англија Арсенал
1970-71 Англија Лидс Јунајтед

Погледни исто така[уреди | уреди извор]