Вујадин Бошков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вујадин Бошков во 1976 година

Вујадин Бошков (е роден на 16 мај 1931 година, а починал на 27 април 2014 година) бил српски фудбалер и тренер.

Во текот на неговата кариера како фудбалски тренер, се издвојувал по многубројните успеси, како и поради неговата единствена смисла за хумор. Често пати ги користел незаборавните иронични коментари, кои биле искористени за намалување на тензијата за време на интервјуата по натпреварите. Ова негово специфично однесување го довело до голема популарност меѓу фудбалските фанови за време на неговиот престој во Италија.[1][2] Двапати со своите клубови стигнал до финалето на Европскиот куп на шампионите, и тоа во 1981 и во 1992 година.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Бошков е роден во село Бегеч, 10 километри (6 милји) од градот Нови Сад, Војводина, Србија. Потекнувал од српско семејство кое живеело во Нови Сад (официјално е роден во Петроварадин) пред да се пресели во село Бегеч за време на Втората светска војна. Таму живеел со неговиот дедо. Неговиот постар брат исто така бил фудбалер, но рано починал. Вујадин имал две сестри со име Вера и Даница (Дада). Даница е жива, а Вера е почината. Долго време останал верен на својот локален тим ФК Војводина, каде во поголемиот дел од својата кариера (1946–1960) играл за тој клуб. И кога не бил во тимот тој континуирано го поддржувал. Во знак најголема благодарност по него е именуван тренинг кампот на ФК Војводина во месноста Ветерник. Вујадин Бошков во 1952 година на Олимпијадата во Хелсинки настапил за југословенскиот тим кој извојувал победа против репрезентацијта на тогашниот Советски Сојуз. Запаметен е по фотографија со тимот на Динамо Загреб во кафулето „Чарли“ во Загреб, како голем југословенски фудбалер.  Во 1961 година се преселил во Италија за да игра за клубот Серија А, Сампдорија од Џенова. По една година, во сезоната (1961–62), прифатил функција како играч, но и како тренер во швајцарскиот Јанг Фелоус Цирих. Таму останал во периодот од 1962–1964 година.[3] Подоцна, Бошков се вратил во клубот во кој започнал да игра фудбал, екипата на ФК Војводина, и таму поминал седум сезони (1964–1971) како технички директор. На оваа позиција остварил успех и стигнал до освојување на едно првенство во тогашната југословенска лига во сезоната 1965–66. Вујадин Бошков целиот свој живот бил познат во Италија како голем господин и космополит. Весникот Куриере дело спорт ги објавил неговите најпознати цитати поврзани со фудбалската игра. Постои и цела книга со неговите цитати објавена во Италија. Зборувал неколку јазици, а живеел на многу места низ цела Европа.

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Бошков станал играч на Фудбалската репрезентацијата на Југославија и бил дел од тимот што го освоил сребрениот медал на Олимпискиот фудбалски турнир во 1952 година во Хелсинки.[4] За репрезентацијата на Југославија тој настапувал и на Светските првенства на ФИФА во 1954 во Швајцарија и 1958 година во Шведска.[5]

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

По завршувањето на играчката кариера, Бошков започнал меѓународна тренерска кариера, работејќи во повеќе клубови, како: холандските екипи Ередивизија (АДО Ден Хаг (1974–1976) и Феjенорд (1976–1978)); во шпанската Ла Лига бил тренер на Реал Сарагоса (1978–79), Реал Мадрид (1979–1982) и Спортинг од Хихон (1983–84); во италијанската Серија А ги тренирал Асколи Калчо 1898 (1984–1986), УК Сампдорија (1986–1992, 1997–98), АС Рома (1992–93), Наполи (1994). –1996) и АЦ Перуџа (1999); додека во швајцарската лига бил тренер на Сервет ФК (1996–97)).

Веројатно неговото најголемо достигнување како тренер се случило во 1991 година, кога ја предводел екипата на Сампдорија до скудетото во Серија А. Следната сезона, тој го однел клубот до финалето на Европскиот куп, одржано на стадионот Вембли во Англија, каде што Сампдорија загубила од Барселона со резултат 0:1.[1] Во времето кога Бошков бил тренер на Сампдорија, често користела тактички одбранбен систем за маркација на секој противнички играч.[6]

Бошков бил тренер на репрезентацијата на Југославија на Европското првенство во 2000 година, каде што Југославија загубила од Шпанија со 3:4, а подоцна, во четврт-финалето претрпела атастрофален пораз од домаќинот Холандија со резултат 1:6.[1]

Тренерска статистика[уреди | уреди извор]

Тим Година

од-

Година

-до

Вкупни Резултати
Натпревари Победи Нерешени Порази Победи во %
Југославија Април 1971 Октомври 1973 &1000000000000002700000027 &1000000000000001000000010 &1000000000000001200000012 &100000000000000050000005 &1000000000000370400000037,04
АДО Ден Хаг Јуни 1974 Јули

1976

&1000000000000008100000081 &1000000000000003100000031 &1000000000000002500000025 &1000000000000002500000025 &1000000000000382700000038,27
Фејeнорд Јули 1976 Јуни 1978 &1000000000000008000000080 &1000000000000003200000032 &1000000000000002600000026 &1000000000000002200000022 &1000000000000400000000040,00
Сарагоса Јули 1978 Мај 1979 &1000000000000004600000046 &1000000000000001900000019 &100000000000000090000009 &1000000000000001800000018 &1000000000000413000000041,30
Реал Мадрид Август 1979 Март 1982 &10000000000000139000000139 &1000000000000008000000080 &1000000000000003100000031 &1000000000000002800000028 &1000000000000575500000057,55
Спортинг Хихон Јули 1982 Јуни 1984 &1000000000000007900000079 &1000000000000002700000027 &1000000000000002400000024 &1000000000000002800000028 &1000000000000341800000034,18
Асколи Ноември 1984 Јуни 1986 &1000000000000006300000063 &1000000000000002300000023 &1000000000000002700000027 &1000000000000001300000013 &1000000000000365100000036,51
Сампдорија Јули 1986 Јуни 1992 &10000000000000289000000289 &10000000000000139000000139 &1000000000000009000000090 &1000000000000006000000060 &1000000000000481000000048,10
Рома Јули 1992 Јуни 1993 &1000000000000005100000051 &1000000000000001900000019 &1000000000000001800000018 &1000000000000001400000014 &1000000000000372500000037,25
Наполи Октомври 1994 Јуни 1996 &1000000000000006600000066 &1000000000000002200000022 &1000000000000002100000021 &1000000000000002300000023 &1000000000000333300000033,33
Сервет Јули 1996 Декември 1996 &1000000000000002200000022 &100000000000000050000005 &100000000000000090000009 &100000000000000080000008 &1000000000000227300000022,73
Сампдорија Ноември 1997 Јуни 1998 &1000000000000002600000026 &1000000000000001000000010 &100000000000000070000007 &100000000000000090000009 &1000000000000384600000038,46
Перуџа Февруари 1999 Јуни 1999 &1000000000000001400000014 &100000000000000050000005 &100000000000000020000002 &100000000000000070000007 &1000000000000357100000035,71
Југославија Јули 1999 Јули 2000 &1000000000000001500000015 &100000000000000060000006 &100000000000000050000005 &100000000000000040000004 &1000000000000400000000040,00
Југославија Мај 2001 Октомври 2001 &100000000000000080000008 &100000000000000040000004 &100000000000000020000002 &100000000000000020000002 &1000000000000500000000050,00
Вкупно &100000000000010060000001.006 &10000000000000432000000432 &10000000000000308000000308 &10000000000000266000000266 &1000000000000429400000042,94

Признанија[уреди | уреди извор]

Тренерски[уреди | уреди извор]

АДО Ден Хаг

  • Освоен е Купот на КНВБ: 1974–75

Реал Мадрид

  • Освоена е Ла Лига првата шпанска лига: 1979–80
  • Освоен е Копа дел Реј Кралскиот куп на Шпанија: 1979–80

Асколи

Сампдорија

Крај на животот[уреди | уреди извор]

Вујадин Бошков починал по долго боледување во Нови Сад, на 27 април 2014 година, на 82-годишна возраст.[7][8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Europe mourns Serbia great Boškov“. UEFA. 27 April 2014. Архивирано од изворникот на 2016-10-31. Посетено на 25 August 2015.
  2. „Remembering the great Boskov“. Football Italia. 30 April 2014. Посетено на 25 August 2015.
  3. Ex-Yugoslavia, Real coach Boskov dies - FIFA
  4. „Vujadin Boškov“. Olympedia. Посетено на 5 November 2021.
  5. Massinissa, Gianni (30 August 1992). „BUSO E JUGOVIC LA SAMP SI SVEGLIA“. La Repubblica (италијански). Посетено на 26 October 2019.
  6. Preminuo Vujadin Boškov Архивирано на 17 септември 2014 г.; Mondo, 27 April 2014
  7. Europe mourns Serbia great Boškov

Надворешни врски[уреди | уреди извор]