ФК Војводина

Од Википедија — слободната енциклопедија
ФК Војводина
Амблемот на ФК Војводина
Целосно име ФК Војводина
Основан 1914
Распаднат
Стадион Стадион Караѓорѓе
Капацитет 15 204
Претседател Душан Мијиќ
Тренер Драгослав Степановиќ
Лига Јелен Супер Лига
2022/23 5ри
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ФК „Војводина“ е фудбалски клуб од Нови Сад, Србија. Клубот настапува во Јелен Супер Лига, т.е. најјаката фудбалска лига во Србија.

Историја[уреди | уреди извор]

ФК Војводина е оформен во 1914 година во Нови Сад, под името Спорт Клуб Војводина. Првата утакмица ја играле во Ковиљ против тамошната екипа Шајкаш, а тој натпревар бил единствен натпревар одигран пред Првата светска војна. Напредната новосадска младина, кој студирала во Прага, тогашна Чехословачка имала голем удел во историјата на клубот, ти ги воспоставиле историските врските меѓу ФК Војводина и СК Славија Прага. Па така прашкиот клуб станал покровител на новосадскиот тим, а во знак на благодарност ФК Војводина ги презела боите на СК Славија Прага. Во 1921 година Војводина ја одиграла првата меѓународна утакмица, и тоа против тимот на Англиската морнарица, кој во тоа време се затекнал во Нови Сад. Победила екипата на Војводина со 5:2. Истата таа 1921 година, со цел да се создаде појак клуб, настанува соединување меѓу новосадските клубови Војводина и Омладинац, а клубот го добива името Омладински Спортски Клуб Војводина. По Втората светска војна се продолжува со работата на клубот, а по неуспешните квалификации за влез во Првата Југословенска Фудбалска Лига, кога Војводина беше елиминирана од Металец (сегашен ОФК Београд), доаѓа до соединување меѓу Војводина, Раднички и Славија, а новиот клуб го добива името Слога. Сето тоа се случува на 27 јули 1946, а симпатизерите биле против ова соединување и менување на името, но сепак во тоа време главениот збор го имала партијата. Сепак името се враќа во 1951 година, и до ден денес клубот сѐ уште се вика ФК Војводина. Во 1966 година Војводина ја освојува својата прва шампионска титула, а истиот успех се повторува и во 1989 година.

Стадион[уреди | уреди извор]

ФК Војводина своите натпревари ги игра на стадионот Караѓорѓе кој е изграден во 1924 година. Поради тоа што двата клуба, Војводина и Јуда Макаби (клуб на Евреите од Нови Сад) немале свој терен , заеднички дејствувале, по што им е даден простор на кој е изграден стадион, а официјално во употреба бил пуштен во 1924 година.

Навивачи[уреди | уреди извор]

Како и секој клуб со традицја, така и Војводина има свои навивачи, а главните групи се Фирма и Ред Фирм кои се оформени во 1989 година, и Стара Гарда оформена во 1994 година.

Македонци го играат/играле во ФК Војводина[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]