Раул Гонзалез
| Раул | ||
| Лични податоци | ||
|---|---|---|
| Полно име | Раул Гонзалез Бланко | |
| Роден во | Мадрид | |
| Висина | 1,80 м[1] | |
| Положба | напад | |
| Клупски податоци | ||
| Сегашен клуб | Шалке 04 | |
| Број | 7 | |
|
|
||
Раул Гонзалез Бланко (роден на 27 јуни 1977 во Мадрид), попознат како Раул е шпански фудбалски напаѓач и моментално игра во за ФК Шалке 04. Тој ја има освоено Лигата на Шампиони дури 3 пати, а исто така е и најдобар стрелец во истата, со 64 гола. Раул е исто така најдобар стрелец во сите натпреварување во УЕФА со вкупно постигнати 66 гола.
Содржина |
Клубска кариера [уреди]
Раул ја има поминато својата кариера во Реал Мадрид и е еден од трите Шпанци кои се израснати во овој клуб (останатите се Икер Касиљас и Гути). Тој ја започна својата кариера во Ц тимот на Реал Мадрид во сезоната 1994/95. Но по по постигнувањето 16 гола на 7 натпревари брзо напредуваше па стигна и во првиот тим на Реал, под водство на тренерот Хозе Валдано. Тој стана најмлади играч кој заиграл за првиот тим на Реал Мадрид со само 17 години и 4 месеци. Својот втор гол го постигна на градскотот дерби против својот поранешен тим Атлетико Мадрид. Со 9 гола на 28 натпревари Раул му помогна на Реал да ја освои титулата во Ла Лига во сезоната 1994/95. Појавувањето на Реал се зголеми по заминувањето на напаѓачката легенда Емилио Бутрагуено, од клубот. Со тоа Раул доби повеќе шанса да се докаже. Тој постигна 19 гола и имаше повик од шпанскиот селектор Хавиер Клементе да му се приклучи на шпанскиот тим на ЕУРО 1996. Но на крај Клементе одлучи дека Раул е премногу млад (само 18 години) и не го повика за Европското првенство. Тој му дозволи да го изигра првиот меч за Шпанија дури следната есен. Раул понатаму освои уште 5 Ла лига титули и тоа во 1996/97 (постигнувајќи 21 гол),2000/01 (постигнувајќи 25 гола), 2002/03 ( постигнувајќи 16 гола), 2006/07 (постигнувајќи 7 гола) и 2007/08 (постигнувајќи 18 гола). Тој 2 пати беше најдобар стрелец во Ла лига (Пичичи) со постигнати 24 и 25 гола во сезинте 1998/99 и 2000/01. Тој со своите 211 гола е најдобар стрелец кој моментално игра во Ла лига, а севкупно 16ти. Тој се смета за најдобар напаѓач во модерниот фудбал во Европа.
Раул ја наследи капитенската лента од Фернандо Хиеро кога тој го напушти Реал во 2003 година. Тој покажа дека е лидер за респект. Тој од неговиот поранешен селектор, Луис Арагонез беше наречен “Крводарител“, поради тоа што дава повеќе од останатите во тимот.
Тој стана првиот фудбалер кој постиганал 50 гола во Лигата на Шампионите на натпреварот против Олимпијакос во групата.[2] Тој продолжи да биди најдобар стрелец со постигнати 64 гола и изиграно 123 натпревари.[3]
Раул издржа неколку тешки година за време на ерата на “Галактикосите“ со тоа што играше на различни позичи и ли често се движеше на теренот, а не на неговото добро познато место, во пеналтикот. Со ова се намалија головите на Раул и Раул не беше онаков како што беше порано. После доаѓањето на Фабио Капело, Раул се прероди и постигна неколку убави голови и му помогна на Реал да ја освои Ла лига во сезоната 2006/07, на големо изненадување. Неговата одлична форма продолжи со 18 гола во Ла лига и 5 гола во Лигата на Шампионите, но за негово големо разочарување на беше дел од победничката кампања на ЕУРО 2008.
После неколку години Раул наеднаш исчезна, но набрзо се појави по прогласувањето за еден од 50те најдобри фудбалери во светот. Тој во својата 14 годишна кариера нема добиено ниту еден црвен картон.[4] На 11 ноември 2008 раул го постиган 300тиот гол за Реал со хет-трикот постигнат против Реал Унион и ако победи со 4-3 Рела изгуби на вкупен резулатат 6-6, поради гостинските голови.[5]
Раул има постигнато 304 гола за Реал и е блиску до рекордот на Алфредо ди Стефано кој изнесува 307 гола.
Интернационална кариера [уреди]
Раул има постигнато 44 во 102 натпревари за шпанската репрезентација. Тој го изигра својот прв меѓународен натпревар против Чешка во октомври 1996. Тој ја наследи капитенската лента Од Фернандо Хиеро во 2002 година. Тој има играно на 3 Светски првенства (од 1998 до 2006), и на 2 Европски (2000 и 2004). Тој има постигнато најмалку по еден кој на секое Светско првенмство на кое настапил.
На 27 март 1999, Раул го постигна 800тиот гол во националната историја на натпреварот против Австрија, на кој Шпанија победи со 9-0.[6] после 3 и пол години Раул го постигна и 900тиот гол за Шпанија во квалификациите за ЕУРО 2004 против Грција на 7 септември 2002, на кој натпревар Шпанија победи со 2-0.[7]
За Раул немаше место за ЕУРО 2008 покрај Фернандо Торес и Давид Виља. Изненадувачки тој не беше ни избран ни за замена (на негово место беше Даниел Гуиза). Од медиумите имаше многу критики зошто Раул не беше избран за ЕУРО 2008, а многумина и се сомневаја во работата на Луис Арагонез. Раул се сретна со Арагонез 2 месеци пред Европското првенство. Тогаш склучија договор дека никој од нив нема лични проблеми со другиот. Па според тоа тоа што Раул не беше избран било фудбалски проблем. Пресот на оваа конференција ги разјасни сите дилеми и ги спречи понатамошните контроверзии и ја остави Шпанија мирно да оди по патот кон титулата на ЕУРО 2008.
Приватен живот [уреди]
Многу години, Раул го прославуваше дадениот гол со бакнување на бурмата од неговата сопруга, шпанскиот модел, Мамен Санз. Раул исто така г опрославуваше дадениот гол со покажувавање на двата палци кон името на грбот. Раул има 4 сина: Јорге, кому името му е даден според човекот кој му даде шанса за прв пат да заигар за Шпанија, шпанскиот селектор Јорге Валдано, Хуго, според името на Рауловиот херој од детството Хуго Санчез и близнаците Хектор и Матео, кој го добил името според познатиот Германски фудбалер Лотар Матеус. Тој ужива во читањето, осбобено кога ги чита книгите на Артуро Перез Реверте. тој исто така сака да слуша Шпанска музика, тој е добар во ловењето и во тепањето со бикови.
Статистика [уреди]
Голови во клубот [уреди]
Последно проверено: 11 декември 2008.
| Клубски перформански | Лига | Куп | Континтално | Вкупно | ||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Сезона | Клуб | Лига | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови |
| Шпанија | Лига | Копа дел Реј | Европа | Вкупно | ||||||
| 1990-91 | Атлетико Мадрид (Инфатил) | |||||||||
| 1991-92 | Атлетико Мадрид (Кадети Б) | |||||||||
| 1992-93 | Рал Мадрид (Кадети А) | |||||||||
| 1993-94 | Реал Мадрид (Јувенил) | |||||||||
| 1994-95 | Реал Мадрид Ц | Терцера Дивизион | 7 | 16 | - | - | - | - | 7 | 16 |
| 1994-95 | Реал Мадрид Б | Секунда Дивизион Б | 1 | 0 | - | - | - | - | 1 | 0 |
| 1994-95 | Реал Мадрид | Ла Лига | 28 | 9 | 2 | 1 | - | 30 | 10 | |
| 1995-96 | 40 | 19 | 2 | 1 | 8 | 6 | 50 | 26 | ||
| 1996-97 | 42 | 21 | 5 | 1 | - | 47 | 22 | |||
| 1997-98 | 35 | 10 | 1 | 0 | 12 | 2 | 48 | 13 | ||
| 1998-99 | 37 | 25 | 2 | 0 | 8 | 3 | 47 | 28 | ||
| 1999-00 | 34 | 17 | 4 | 0 | 16 | 11 | 54 | 28 | ||
| 2000-01 | 36 | 24 | 0 | 0 | 12 | 7 | 48 | 31 | ||
| 2001-02 | 35 | 14 | 6 | 6 | 12 | 6 | 53 | 26 | ||
| 2002-03 | 31 | 16 | 2 | 0 | 12 | 9 | 45 | 25 | ||
| 2003-04 | 35 | 11 | 6 | 6 | 9 | 2 | 50 | 19 | ||
| 2004-05 | 32 | 9 | 1 | 0 | 10 | 4 | 43 | 13 | ||
| 2005-06 | 26 | 5 | 1 | 0 | 6 | 2 | 33 | 7 | ||
| 2006-07 | 35 | 7 | 1 | 0 | 7 | 5 | 43 | 12 | ||
| 2007-08 | 37 | 18 | 1 | 0 | 8 | 5 | 46 | 23 | ||
| 2008-09 | 13 | 6 | 1 | 3 | 5 | 3 | 19 | 12 | ||
| Вкупно | Шпанија | 496 | 211 | 35 | 18 | 126 | 65 | 657 | 304 | |
| Вкупно во Кариерата | 496 | 211 | 35 | 18 | 126 | 65 | 657 | 304 | ||
Интернационални голови [уреди]
| # | Датум | Стадион | Противник | Постигнат гол | Резултат | Натпреварување
|
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 1996-12-14 | Местаља, Валенсија, Шпанија | 2-0 | 2-0 | Квалификации за Светско првенство 1998; група 5 | |
| 2 | 1998-03-25 | Балаидос, Виго, Шпанија | 3-0 | 4-0 | Пријателски | |
| 3 | 1998-06-13 | Стеј де ла Бејжур, Нант, Франција | 2-1 | 2-3 | Квалификации за Светско првенство 1998; група Д | |
| 4 | 1998-09-05 | Цирион Стадион, Лиамсол, Кипар | 2-1 | 3-2 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 | |
| 5 | 1998-11-18 | Арехи, Салерно, Италија | 2-2 | 2-2 | Пријателски | |
| 6 | 1999-03-27 | Местаља, Валенсија, Шпанија | 1-0 | 9-0 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 | |
| 7 | 1999-03-27 | Местаља, Валенсија, Шпанија | 2-0 | 9-0 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 | |
| 8 | 1999-03-27 | Местаља, Валенсија, Шпанија | 5-0 | 9-0 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 | |
| 9 | 1999-03-27 | Меестаља, Валенсија, Шпанија | 8-0 | 9-0 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 | |
| 10 | 1999-03-31 | Олимпико, Серавале, Сан Марино | 0-2 | 0-6 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 | |
| 11 | 1999-03-31 | Олимпико, Серавале, СанМарино | 0-4 | 0-6 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 | |
| 12 | 1999-03-31 | Олимпико, Серавиле, Сан Марино | 0-5 | 0-6 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 | |
| 13 | 1999-06-05 | Ел Мадригал, Виљареал, Шпанија | 5-0 | 9-0 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 | |
| 14 | 1999-09-04 | Енрц-Хапел, Виена, Австрија | 0-1 | 1-3 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 | |
| 15 | 1999-10-10 | Карлос Белмонте, албасете, Шпанија | 3-0 | 3-0 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 | |
| 16 | 2000-01-26 | Картагонова, Картагина, Шпанија | 1-0 | 3-0 | Пријателски | |
| 17 | 2000-06-18 | Амстердам Арена, Амстердам, Холандија | 1-0 | 2-1 | Квалификации за Европско првенство 2000; група Ц | |
| 18 | 2000-08-16 | АВД-Арена, Хановер, Германија | 4-1 | 4-1 | Пријателски | |
| 19 | 2001-03-24 | Хозе Рико Перез, Алисанте, Шпанија | 4-1 | 5-0 | Квалификации за Светско првенство 2002; група 7 | |
| 20 | 2001-06-02 | Карлос Тартиере, Овиедо, Шпанија | 3-1 | 4-1 | Квалификации за Светско првенство 2002; група 7 | |
| 21 | 2001-06-06 | Рамат Ган, Тел-Авив, Израел | 1-1 | 1-1 | Квалификации за Светско првенство 2002; група 7 | |
| 22 | 2001-09-05 | Риенпарк, Вадуз, Лихтенштајн | 0-1 | 0-2 | Квалификации за Светско првенство 2002; група 7 | |
| 23 | 2001-11-14 | Нуево Коломбино, Хуелва, Шпанија | 1-0 | 1-0 | Пријателски | |
| 24 | 2002-04-17 | Виндсор Парк, Белфаст, Северна Ирска | 0-1 | 0-5 | Пријателски | |
| 25 | 2002-04-17 | Виндсор Парк, Белфаст, Северна Ирска | 0-3 | 0-5 | Пријателски | |
| 26 | 2002-06-02 | Гвангју Стадион, Гвангју, Јужна Кореја | 1-0 | 3-1 | Светско првенство 2002; група Б | |
| 27 | 2002-06-12 | Даејон Стадион, Даејон, Јужна Кореја | 1-0 | 3-2 | Светско првенство 2002; група Б | |
| 28 | 2002-06-12 | Даејон Стадион, Даејон, Јужна Кореја | 3-2 | 3-2 | Светско првенство 2002; група Б | |
| 29 | 2002-09-07 | Апостолос Никополаидис, Атина, Грција | 0-1 | 0-2 | Квалификации за Европско првенство 2004; група 6 | |
| 30 | 2003-02-12 | Оно Естади, Палма де Мајорка, Шпанија | 1-0 | 3-1 | Пријателски | |
| 31 | 2003-02-12 | Оно Естади, Палма де Мајорка, Шпанија | 2-1 | 3-1 | Пријателски | |
| 32 | 2003-03-29 | Олимписки стадион, Киев, Украина | 1-1 | 2-2 | Квалификации за Европско првенство 2004; група 6 | |
| 33 | 2003-09-10 | Мартинез Валеро, Елче, Шпанија | 1-0 | 2-1 | Квалификации за Европско првенство 2004; група 6 | |
| 34 | 2003-09-10 | Мартинез Валеро, Елче, Шпанија | 2-0 | 2-1 | Квалификации за Европско првенство 2004; група 6] | |
| 35 | 2003-10-11 | Ханрапеткан, Ереван, Ерменија | 0-2 | 0-4 | Квалификации за Европско првенство 2004; група 6 | |
| 36 | 2003-11-15 | Местаља, Валенсија, Шпанија | 1-1 | 2-1 | Квалификации за Европско првенство 2004; Плеј-оф | |
| 37 | 2003-11-19 | Улевал, Осло, Норвешка | 0-1 | 0-3 | Квалификации за Европско првенство 2004; плеј-оф | |
| 38 | 2004-03-31 | Ел Монињон, Гијон, Спанија | 2-0 | 2-0 | Пријателски | |
| 39 | 2004-09-03 | Местаља, Валенсија, Шпанија | 1-1 | 1-1 | Пријателски | |
| 40 | 2004-10-09 | Ел Сардинеро, Сантандер, Шпанија | 2-0 | 2-0 | Квалификации за Светско првенство 2006; група 7 | |
| 41 | 2005-02-09 | Јуегос Медитеранос, Алемија, Шпанија | 3-0 | 5-0 | Квалификации за Светско првенство 2006; група 7 | |
| 42 | 2005-09-07 | Сантијаго Бернабеу Стадион, Мадрид, Шпанија | 1-0 | 1-1 | Квалификации за Светско првенство 2006; група 7 | |
| 43 | 2006-06-03 | Мартинез Валеро, Елче, Шпанија | 1-0 | 2-0 | Пријателски | |
| 44 | 2006-06-19 | Готлиб-Дајмлер, Штутгарт, Германија | 1-1 | 3-1 | Светско првенство 2006; група Х |
Признанија [уреди]
Реал Мадрид [уреди]
- Ла Лига: 1994-95, 1996-97, 2000-01, 2002-03, 2006-07, 2007–08
- Суперкопа де Еспања: 1997, 2001, 2003, 2008
- Лига на Шампиони: 1997–98, 1999–00, 2001–02
- УЕФА Супер Куп: 2002
- Интеконтинентален Куп: 1998, 2002
Индивидуално [уреди]
- Premio Don Balón (Најдобар млад играч во Ла Лига): 1994-95
- Најдобар голгетер во светот : 1999
- Тим на годината: 1996-97, 1998-99, 1999-00
- Пичичи трофеј: 1999, 2001
- Лига на шампиони најдобар стрелец : 1999-00, 2000-01
- Најдобар изграч според ФИФА, 3то место: 2001
- Европск инајдобар играч, 2ро место: 2001
- Најдобар напаѓач сопред УЕФА: 2000, 2001, 2002
- Најдобар Шпански играч во Ла лИга: 1996-97, 1998-99, 1999-00, 2000-01, 2001-02
- [Трофеј Алфредо ди Стефано: 2008[9][10]
Награди [уреди]
- Зладен медал за спортска Заслуга: 2006[11]
Забелешки [уреди]
- ↑ „Raúl“. FC Schalke 04. 1 September 2010. http://www.schalke04.com/teams/team/7-raul.html. проверено на 1 September 2010.
- ↑ http://www.hindu.com/2005/09/30/stories/2005093007521800.htm
- ↑ „Сруши го Рауловиот рекорд“. UEFA.com. http://www.uefa.com/competitions/UCL/news/Kind=1/newsId=396659.html.
- ↑ „Капитенот нема добиено картон 2 и пол години (Раул, џентлменот за фер игра)“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/articulo/rma39016.htm.
- ↑ Раул постиган 300 гола
- ↑ SOC: Шпанија 9 Австрија 0 - ААП спортски вести, на highbeam.com (Дел од артиклот)
- ↑ Клиничката Шпанија направи перфектен старт - UEFA.com, 9/7/02
- ↑ „Раул Гонзалез Бланко - Интернационални голови“. Rsssf.com. http://www.rsssf.com/miscellaneous/raul-intlg.html.
- ↑ „Раул го овои трофејот ди Стфеано“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202736803447/noticia/Noticia/Raul_wins_the_Di_Stefano_Trophy.htm.
- ↑ „достојниот наследник на ди Стефано“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202742030292/noticia/Noticia/Di_Stefano_s_worthy_heir.htm.
- ↑ „Големата Шпаниај го награди Раул“. Uefa.com. http://www.uefa.com/footballeurope/news/kind=2/newsid=424494.html.
Надворешни врски [уреди]
- Профил, награди и статистика - realmadrid.com
- Фудбалска архива на кариери, профили и статистики
- Прифили од ФИФА светски првенств
- Раул Гонзалез Бланко - Голови во меѓународни натпевари
- Раул Гонзалез Бланко - Голови на европско првенство
- Интервјуто на Отмар Хитцвелд
- Раул е вториот стрелец на Реал на сите времиња
| Претходник Фернандо Хиеро |
Капитен на ФК Реал Мадрид 2003- |
Наследник Непознат |
| Претходник Фернандо Хиеро |
Капитен на Шпанија 2002 – 2006 |
Наследник Икер Касиљас |
| Претходник Андреј Шевченко |
Најдобар напаѓач на УЕФА 1999–00, 2000–01, 2001–02 |
Наследник Руд ван Нистелрој |
- Родени на 27 јуни 1977
- Родени во јуни 1977
- Родени во 1977 година
- Родени во Мадрид
- Шпански фудбалери
- Фудбалери на ФК Шалке 04
- Фудбалери на ФК Реал Мадрид
- Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид
- Фудбалски напаѓачи
- Фудбалери во Ла лига
- Фудбалери на Светско првенство 1998
- Фудбалери на 2000 Европско Првенство
- Фудбалери на Светско првенство 2002
- Фудбалери на 2004 Европско Првенство
- Фудбалери на Светско првенство 2006
- Луѓе од Мадрид
- Живи луѓе
- Фудбалери од Бундеслига

