Продолжеток (спорт)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Продолжетоци (фудбал))
Прејди на: содржини, барај

Продолжеток — дополнително време за играње на еден спортски натпревар, ако резултатот бил нерешен после 90 минути игра.

Во повеќето спортови, пролжетоци се играат ако е потребно да се добие победник, на пример во куп натпреварувањата, каде само една екипа може да помине понатаму, за разлику од лигашките натпреварувања каде игра секој со секого. Во САД нерешените натпреври не се омилени, па таму се користат продолжетоци во секој натпревар.

Во професионалниот фудбал продетоци се играат два пати по 15 минути. Доколку натпреварот заврши нерешено и после продолженијата, се пристапува кон изведување на пенали. Како составен дел од натпреварот, продолжетоци се одиграле прв пат во 1898 во натпреварувањето за Куп на Англија во фудбал.

Продолжетоците не треба да се мешаат со судиското продолжение, бидејќи тоа е надокнадување на времето кое го одредува судијата, кој смета дека се загубило во натпреварот (заради повреди, замени, задржување на време итн.).