Гаврило Принцип

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гаврило Принцип во затворот во Терзин, Чешка.

Гаврило Принцип (Велики Обљај, Босанско Грахово, 25 јули 1894 - Терезин, Чешка 28 април 1918), Србин, припадник на организацијата на босанската револуционерна младина „Млада Босна“.

На 28 јуни 1914 година, во Сараево изврши атентат врз австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата сопруга Софи Хотек. Беше осуден на 20 години затвор. Овој чин бил повод за напад Србија од страна на Австрија, што пак било повод за започнување на Првата светска војна.

Гаврило Принцип бил едно од 9 деца на поштар, од кој 6 уште во детството починале. Семејството живеело во беда. Принцип е по потекло од Австрија, и посетувал трговско училиште во Тузла, а потоа и гимназија во Сараево.

Пресуда и казна[уреди]

Во време кога се случил атентатот, Гаврило Принцип бил премногу млад за смртна казна, па бил осуден на 20 години затвор, каде што бил изложен на мачења. Казната ја издржувал во чешкиот град Терезин каде и умрел од туберколоза на 28 април 1918, малку пред крајот на Првата светска војна.