Примож Трубар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гравура на бакарна чинија, Примож Трубар

Примож Трубар (1508[nb 1]28 јуни 1586)[1] бил словенечки протестантски реформатор, основач на првата протестантска црква на словенска земја и автор на првата печатена книга за словенскиот јазик.[2] Трубар е клучна фигура во словенската културна историја.[1][3]

Живот и дело[уреди]

Протеран од Словенија, Примож заминува за Германија, каде живеел до крајот на животот. Тој прв почнал да шири протестантизам во својот народ, и издал две книги „Абецедник“ и „Кршќански наук“.[4]

Во Германија доаѓа и протераниот протестант баронот Иван Унгнанд, на кого еден германски војвода ќе му го даде својот дворец на располагање, каде за кусо време е оспособена печатница во која се пишувале и се преведувале протестантски книги. Трубар настојувал околу печатницата да собере воодушевени и способни протестанти. Биле излиени глаголски букви, па протестантските книги се печатени на глаголица. Подоцна подготвиле и букви за печатење на кирилица и латиница. Протестантите се надевале дека ова нивно движење ќе се прошири до Рим и Цариград, па затоа книгите ги печателе на трите азбуки. Во печатницата се отпечатени 12 книги со глаголица, 7 со кирилица, и 6 со латиница. Книгите биле преводи од германски јазик. Сите дела биле пишувани во духот на сфаќањата на Мартин Лутер и Еразмо Ротердамски. Книгите се делеле низ Словенија и Хрватска со големи тешкотии.

За првпат се правел обид да се создаде единствен книжевен јазик за Словенците, Хрватите и Србите. За да биде текстот разбирлив, покрај некои зборови ставале синоними во заграда од други дијалекти. Основата на овој книжевен јазик е чакавскиот дијалект, но се чувствува настојувањето да се слејат сите три дијалекти.

Во 1986 година, словенечката телевизија изработила ТВ серија, во режија на Андреј Стројан и сценарио напишано од Драго Јанчар, во која Трубар го глуми словенечкиот актер Полде Бибич.

Забелешки[уреди]

  1. Точниот датум на неговото раѓање не е познат. Во различни енциклопедии дадено е 8 јуни 1508, или 9 јуни 1508, или само јуни 1508 година, но годината е сигурно точна.[1]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Voglar, Dušan. "Primož Trubar v enciklopedijah in leksikonih I", Maribor Literary Society, 30 May 2008. Retrieved on 7 February 2011. (Slovene) 
  2. "Trubar Primož", Slovenian Biographical Lexicon. Retrieved on 7 February 2011. 
  3. Trubar Year Dedicated to Father of Slovenian Written Word (feature)“, 2 јануари 2008 (конс. 7 февруари 2011).
  4. http://www.primus-truber.de/primus-truber/werke/

Надворешни врски[уреди]