Нов Завет

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нов Завет
Peresopnytske Gospel 04.jpg

Книги
Manuscripts

Новиот Завет е централното писмено свидетелство на христијанството, во кое основната представена личност е Исус Христос. Новиот завет претставува втор дел на Библијата (по Стариот завет) и содржа 27 книги, од кои се евангелија, историја и дејност на првите христијани, писма и книгата Откровение. Напишан е на старогрчки јазик ("Novum Testamentum Graece") и по точно на разпространеното наречје "коње".

Постанок на Новиот завет[уреди]

Првиот дел од Новиот Завет го сочинуваат Евангелијата. Од нив може да се види дека биле пишувани од луѓеочевидци на животот на Исус Христос, и биле сведоци за се она што виделе и чуле.

Првото евангелие е според Матеј. Тој лично со своите очи и уши гледал и слушал за она што го пишувал. Во неговите спомени останале незаборавните доживувања со Исус Христос, кои ги пренел на хартија. Господ Исус лично го повикал да го следи (Мат.9:9). Матеј по професија бил даночник и откако почнал да го следи Исуса, со Hero поминал многу време, па можел да пишува од искуство, секако воден и инспириран од Светиот Дух. Евангелието според Матеја е напишано помеѓу 80 и 85 година, a местото на пишување веројатно било Палестина.

Второто евангелие е според Марко. Тој своите информации ги добил од апостолот Петар. Тоа е воедно најкраткото и наједноставното Евангелие. Марко многу внимателно ги опишал случките, но не по хронолошки ред. Целта на ова Евангелие е да го претстави Исус Христос како Божји Син, да ги опише Неговите дела, Неговата неограничена моќ и Неговите чуда. Се смета дека ова Евангелие е напишано околу 65 година.

Третото евангелие е според Лука. На почетокот тој пишува дека сите информации од оние кои биле сведоци на Исус Христос, добро ги испитал и после внимателното и опсежно истражување почнал да го пишува Евангелието. Ова Евангелие подоцна му го упатил на некој си честит Теофил. Лука долго време му бил сопатник на апостолот Павле. Бил со него и кога бил одведен како затвореник во Рим. По професија, Лука бил лекар и во она време многу учен човек, што се гледа и по неговиот начин на изразување. Евангелието според Лука е пишувано помеѓу 80 и 85 година.

Четвртото и последно евангелие е според Јован, кое го напишал во својата длабока старост. Ова ги надополнува првите три, и го прикажува Исуса како Божји Помазаник. Пишувано е помеѓу 90 и 95 година.

Послание[уреди]

Посланијата кои се наоѓаат во Новиот Завет биле пишувани одвреме навреме, по потреба. Апостолите преку тие посланија поучувале, предупредувале, советувале или укорувале. Посланијата настанале во текот на првиот век, а на младата, штотуку основана христијанска црква и требале многу практични совети. Во Новиот Завет има само една книга која е исклучиво од пророчка природа и се вика Откровение. Апостолот Јован бил прогонет на островот Патмос, каде што ја напишал оваа последна книга во Библијата. Новиот Завет се состои од:

  • 4 евангелија,
  • една книга за Делата на апостолите,
  • 21 писмо или Послание;
  • една книга на Откровението.

Бискупот Атанасие од Александрија (295-373) прв ја нарекол оваа збирка од 27 книги канонска (меродавна збирка на книги). Така, околу 400 година, редоследот на книгите во Библијата бил одреден и конечен. Според учењето на христијаните, Библијата е единствената книга која е во состојба да даде одговори на прашањата кои луѓето ги поставуваат истражувајќи ја вистината: „Што треба да направам за да се спасам?“.

Содржина[уреди]

Новиот Завет е централното писмено свидетелство на христијанството, во кое основната претставена личност е Исус Христос. Содржи 27 книги, од кои се евангелија, историја и дејност на првите христијани, писма и книгата Откровение. Напишан е на старогрчки јазик, кој во тоа време бил широко застапен, иако Исус и неговите ученици зборувале арамејски јазик. Изобилува со морални приказни и поуки за тоа како да се стане подобар човек.

Новиот Завет започнува со четирите евангелија: според Матеј, според Марко, според Лука и според Јован, иако тие не се најстарите списи во него. [1] Иако евангелијата се занимаваат со истите случувања, тие го прикажуваат Исус на различни начини. Евангелието според Матеј е посебно познато поради тоа што ја содржи молитвата Оче наш, и поради тоа што ја нагласува разликата на Исусовото учење во однос на учењето од Стариот Завет.

Откровението на Јован Богослов се нарекува уште и апокалипса. Во него авторот ја опишува својата визија за победата на Бог над злото и смртта. Овој дел од Новиот Завет извршил најголема инспирација врз натамошната литература. Инаку, сите елементи од Новиот Завет нашле свој одраз во европската уметност: во сликарството, литературата, музиката, скулптурата. Микеланџело, Леонардо, Дирер, Бах и многу други се инспирирале од темите на Библијата воопшто.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Група автори: Македонски јазик и литература, Просветно дело, 2006 г., стр. 229.