Послание до Колосјаните

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нов Завет
Peresopnytske Gospel 04.jpg

Книги
Manuscripts

Посланието на апостол Павле до Колосјаните е книга од Новиот Завет која била напишана од страна на апостол Павле. Посланието е упатено до христијанската заедница во Колоси, мал град во близина на Лаодикеја, на околу 100 милји од Ефес во Мала Азија.[1]. Посланието било најверојатно пишено во времето кога Павле бил во затвор во Рим.

Христијаните од 1 век сметале дека посланието е напишано од страна на Павле. Последните 200 години се јавило сомнение, дека всушност апостол Павле не е автор на овој текст, главно поради тоа што постои голема разлика во стилот на пишување. Според овие истртажувања, ова послание би можело да биде напишано од страна на некој образовен христијанин кој се школувал во духот на апостол Павле.

Посланието се состои од четири глави и два дела, од кој првиот е доктрински а вториот политички. Во целина, и двата се однесуваат на лажното учење кое било на виделина. Во доктринскиот дел се објаснува потребата од обожавање на Исус Христос и никој друг:

зашто во Него е создадено сè што е во небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сè е создадено преку Него и за Него.

Според посланието, Исус е Глава на црквата и господар на ангелите. Павле се противи на паганските прописи поврзани со исхраната, жртвувањето во чест на Господ:

И така, никој да не ве осудува за јадење, или за пиење, или за некаков празник, или за млада месечина, или за саботи.

Во вториот дел од посланието, Павле се посветува на обичниот христијански живот, на љубовта, мирот и спокојството. Жителите на градот ги советува да се воздржат од идолопочитување, насилство и слично. Павле повикува дека не треба да постои разлика кај луѓето:

каде нема веќе Грк ни Јудеец, обрезание и необрезание, варварин, Скит, роб, слободен, туку Христос е сè и во сè.

Наводи[уреди]

  1. "Colossians, Epistle to the." Cross, F. L., ed. The Oxford dictionary of the Christian church. New York: Oxford University Press. 2005