Послание до Филипјаните

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нов Завет
Peresopnytske Gospel 04.jpg

Книги
Manuscripts

Посланието на апостол Павле до Филипјаните е книга од Новиот Завет, која била напишана од страна на апостол Павле во Рим во периодот од 61 или 63 година[1].

Градот Филипи се наоѓал на 15 километри од брегот на Егејско Море. Градот Филипи бил средиште на жива културна, религиозна и трговска дејност. Низ него поминувале сите поважни патишта што го пресекувале Балканскиот полуостров, вклучувајќи го и Вија Егнација, кој ја пресекувал Македонија од едниот до другиот крај. Според некои истражувачи, Филипи е првиот град во Европа, каде што било проповедано и прифатено христијанството.

Уште со самото пристигнување во Филипи, апостолот Павле и неговите соработници започнале да го проповедаат новото учење. Тоа тие го правеле надвор од градот кај една река, каде што месните жители имале обичај да излегуваат на молитва. Првите слушатели на апостолот Павле биле, пред сё, Македонци, кои, по стар обичај излегувале надвор од градот, да се молат кај реката. Тешко е да се прифати дека надвор од градот, имало еврејска синагога или пак некаков друг помал молитвен дом на евреите, каде што тие се молеле и дека имено во тој молитвен дом Павле го проповедал новото религиозно учење. Мислењето дека во Филипи апостолот Павле проповедал исклучиво помеѓу Македонци, се прифаќа од голем број видни проучувачи на Библијата, меѓу кои е и истакнатиот теолог Шинц.

Според христијанската традиција, прва која го прифатила христијанството во Македонија била Света Лидија Македонка.

Цитати[уреди]

Не грижете се за ништо, туку во сè преку молитва и молба со благодарност искажувајте ги своите просби пред Бога!
А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога заминав од Македонија, ниедна црква не беше со мене во давање и примање, освен единствено вие.
Но сепак правам едно: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене; трчам кон целта: за наградата на горното призвание од Бога во Христа Исуса.

Наводи[уреди]

  1. Harris, Stephen L., Understanding the Bible. Palo Alto: Mayfield. 1985.