Прво послание до Тимотеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Првото послание на апостол Павле до Тимотеј е книга од Новиот Завет. Тадиционално се смета дека била напишана од страна на апостол Павле, во времето кога престојувал во Македонија. Посланието е упатено до Тимотеј, соработник на Павле, кој тогаш се наоѓал во Ефес.

Автор[уреди]

Денешните истражувачи се поделени околу авторството на ова послание. Голем број сметаат дека автор на ова послание е апостол Павле, како што пишува на самиот почеток од текстот: „Павле, апостол на Христа Исуса по повелбата на Бога, нашиот Спасител, и на Христа Исуса, нашата надеж“. Според овој стих, најголем број од раните христијани сметале дека авторот е Павле. Посладните 200 години започнало да се смета дека посланието всушност не е напишано од апостол Павле, туку од некој анонимен христијански ученик кој бил доста блиску до Павле и неговото учење. Се смета дека авторот на ова послание со сигурност бил и автор на посланието до Тит.

Оние кои сметаат дека авторот на ова послание е апостол Павле, сметаат дека истото било напишано во периодот од околу 62 и 67 година. Останатите сметаат дека посланието било напишано кон крајот на 2 век.

Тимотеј[уреди]

Тимотеј за прв пат се спомнува во Апостолски дела (16:1). Неговата мајка баба Лоида и мајка Евника се споменуваат во Второто послание на апостол Павле до Тимотеј. Тимотеј го запознал Павле во времето на неговата втора посета на Листра. Павле го покрстил и го поставил за негов ментор. Така тие заедно патувале на различни места и градови.

Содржина[уреди]

Во ова послание, апостол Павле го охрабрува Тимотеј за неговата мисионерска дејност. Во тоа време, Тимотеј се наоѓал во Ефес, а Павле му напишал да остане таму и да продолжи со работата. На Ефес Павле поминал три години, проповедајќи го христијанството, по кое Тимотеј го продолжил неговото слово. Павле го предупредил Тимтеј од појавата на лажни учители:

кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината

советувајќи го:

Никој да не те презира заради твојата младост! Туку, биди им пример на верните во словото, во поведението, во љубовта, во верата, во чистотата

Во тоа време една од големите дебати во христијанската заедница била улогата на жената во црквата. Апостол Павле сепак авторитетот го препуштил на мажите:

А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна

Во контекст на ова, апостол Павле и мажите и жените ги повикал на молитва. Павле во продолжение пишува за поведението на различните групи во црквата,

Ако некој не се грижи за своите, особено за домашните, се одрекол од верата и е полош од оној кој не верува.