Послание на апостол Павле до Тит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нов Завет
Peresopnytske Gospel 04.jpg

Книги
Manuscripts

Посланието на апостол Павле до Тит е книга од Новиот Завет. Тадиционално се смета дека била напишана од страна на апостол Павле. Посланието било упатено до апостол Тит. Иако ова послание апостол Павле го адресирал до Тит, според некои истражувачи тоа не е приватна комуникација меѓу учител и ученик туку е официјално послание до црквата во Крит. По формата ова послание е пастирско. Преку него, апостол Павле го поучува Тит во извршување на пастирската грижа што ја има кон црквата во Крит.

Тит[уреди]

Според Второто послание до Коринтјаните (8:23), Тит бил голем пријател и приврзеник на апостол Павле кој го придружувал апостолот на Ерусалимската средба, кога се дискутирало за ослободување на неевреите христијани од исполнувањето на Мојсеевиот закон (Галатјани 2:1, Дела 15). Тит е опишан на неколку пати во Новиот Завет, како човек од доверба, со утеха и грижливо срце.

Крит[уреди]

Островот Крит, претставувал посебна провинција во Римската империја која броела стотина густо населени гратчиња. Критјаните биле познати по лошата репутација. Поетот Епиманед, кој е цитиран од апостол Павле, ги опишува луѓето од Крит како „лажливци, зли ѕверови, мрзливи мешишта“ (Тит 1:12). Биле задоени со пагански суеверија и лажни верувања според кои Зевс бил роден на некоја од нивните планини. Тоа се луѓето со кои Тит се нафатил да ја гради Христовата црква.

Автор[уреди]

Голем дел од денешните истражувачи сметаат дека апостол Палве не е автор на ова послание. Според нив, можно би било тоа да биде напишано во периодот од 90 до 140 година од страна на анонимен христијанин кој бил школуван во духот на Павле. Ова посление е многу блиску до Првото послание до Тимотеј, главно поради стилот на пишување.

Цитати[уреди]

опоменувај ги младите да бидат здраворазумни, давајќи се во сè себеси како пример за добри дела, во науката - нерасипаност, достоинство, здраво и беспрекорно слово, за да се засрами секој противник, немајќи што да каже лошо за нас
Напомнувај им да им се покоруваат на началствата и властите, да бидат послушни, да бидат готови за секое добро дело; никого да не хулат, да не се препираат, да бидат благородни, покажувајќи секаква кротост кон сите луѓе