Послание до Ефесјаните

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Посланието на апостол Павле до Ефесјаните е книга од Новиот Завет, која била напишана од страна на апостол Павле. Во текот на средниот век, посланието било структуирано во шест глави.

Апостол Павле во Ефес поминал три години од неговото мисионерско патување. Посланието било напишано во околу 60 година, и истото е упатено до христијаните од Ефес, кој се наоѓа во Мала Азија. Според некои иследувачи, се смета дека оваа послание се однесува на сите цркви во Мала Азија кои биле основени од Павле. Посланието било напишано во времето кога тој бил во затворот во Рим. Според ова во исто време биле напишани и посланијата до Колосјаните и до Филимон. Според голем дел од научниците пак, годината на пишување на посланието е од 80 до 100 година[1][2][3][4].

Историја[уреди]

Во времето кога апостол Павле проповедал во Ефес, тогаш Ефес бил важен политички, трговски и религиозен центар. Тој претставувал крстопат на голем број трговци. Во Ефес постоел храм на Артемида, кој бил четири пати поголем од Пантеопнот во Атина. Во Ефес живееле многу евреи со римско државјанство, кои имале една синагога. За прв пат Ефес од Павле бил посетен во своето второ мисионерско патување, кога проповедал во таа синагога.

Цитати[уреди]

И не се пијанете со вино, во кое е разузданоста, туку полнете се со Духот! .
ниеден блудник, ниеден нечист, ниеден лакомец - кој е идолопоклоник - нема наследство во Христовото и Божјото Царство!
Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи кон својата жена, и двајцата ќе станат едно тело!

Наводи[уреди]

  1. Ehrman, Bart D. (2004). „The New Testament: A Historical Introduction to the Early Christian Writings“. New York: Oxford. стр. 381–384. ISBN 0-19-515462-2. 
  2. „USCCB - NAB - Ephesians - Introduction“. http://www.nccbuscc.org/nab/bible/ephesians/intro.htm. конс. 17 јануари 2009. 
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име barth.
  4. Perrin, Norman (1982). „The New Testament: An Introduction. Second Edition.“. New York: Harcourt Brace Jovanovich. стр. 218–222. ISBN 0155657267.