Храм на Артемида во Ефес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Храмот на Артемида во Ефес бил еден од Седумте светски чуда. За зградата, Филон Византиски напишал - "Сум ги видел Семирамидините висечки градини, статуата на Зевс Олимписки, Колосот од Родос, Пирамидите и храмот на Мавзол, но кога го видов Храмот во Ефес колку се поврзува во облаците, сите други доживувања станаа незабележни ".

Историјата на едно од светските чуда во античка македонија[уреди]

Храмот на Артемида во Ефес

Храмот на Артемида во Ефес (грч. Artemision) бил грчки храм посветен на грчката божица Артемида. Самиот храм бил изграден околу 550 година п.н.е. Денеска од храмот може да се видат само остатоците од темелите. Храмот се наоѓал на околу 50 километри од денешниот турски град Измир. Иако темелот на храмот бил започнат уште во 7 век п.н.е. целосно бил завршен во 550 година. Парични и материјални средства за градењето на храмот издвоил кралот Кросос, а храмот бил проектиран од страна на грчкиот архитект Херосифрон. Храмот бил украсен од бронзена статуа која ја изградиле најголемите уметници во тоа време- Фидиј, Поликлеит, Кресилас и Фрадмон.

Храмот служел за религиозни цели. Храмот во текот на своето постоење бил посетуван од страна на голем број трговци, туристи, уметници и кралеви кои со доаѓањето отдавале почит на грчката божица. Според неодамнешните археолошки ископувања на храмот биле откриени многу дарови кои биле давани од страна на посетителите кои доаѓале дури и од Персија и Индија се со цел да ја согледаат нејзината убавина. Во ноќта на 21 јули 356 година п.н.е., човекот чие име му е Херостратус, во намера да се прослави и неговото име да влезе во историјата го запалил храмот, кој пак изгорел до темел. Таа ноќ се родил и Александар Македонски. За овој настан познатиот историчар од античко време Плутарх забележил дека божицата не била во храмот таа ноќ бидејќи присуствувала на раѓањето на идниот најголем војсководец, па и затоа не можела да го спаси храмот од пожарот од кој бил зафатен. Самиот храм бил обновен со помош на Александар Македонски кој веќе ја освоил за тоа време цела Мала Азија.

Кога Апастол Павле во 1 век го посетил Ефес се со намера да го шири христијанството, се соочил со самиот мит за божицата Артемида и нејзиниот храм. Кога Готите во 262 година го разрушиле повторно храмот, жителите на Ефес настојувале да храмот повторно го обноват. Но до 4 век повеќе од жителите го прифатиле христијанствотои храмот го изгубил своето значење. Последно нешто кое е врзано со историјата на овој храм е од 401 година кога го срушил Свети Јован Хризост. Подоцна кога Ефес бил напуштен, археолошките ископувања започнале во 19 век. Со ископувањата се откриени темелите на храмот.

Надворешни врски[уреди]