Американизација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Американизација е поим со кој се означува влијанието на американската култура врз останатите светски култури. Тоа влијание најчесто се манифестира преку популарната култура, храната, технологијата, бизнис и политичките навики. Овој поим почнал да се употребува уште од 1907 година.[1] Терминот може да се протолкува и со поинакво значење, имено како процес преку кој се наметнуваат американските вредности и обичаи на новите доселеници (нивна културна асимилација).

Можеби најдиректно американската култура се пласира преку холивудските филмови. Тие се средство преку кое целиот свет непосредно се запознава со нивниот начин на живот, културни навики и др. Не помалку влијателни се и американските телевизиски програми кои се емитуваат на глобално ниво.

Поп музиката е уште еден начин за промоција на оваа западна култура. Поп-иконите како Елвис Присли и Мајкл Џексон имаат продадено повеќе милионски тиражи ширум светот. Брзата храна е едно од поважните обележја на овој феномен, особено големите синџири како Мекдоналдс, Бургер Кинг и Старбакс кои имаат свои ресторани во сите поголеми земји ширум светот.[2] Значаен фактор се и големите компјутерски претпријатија со седиште во САД, како Мајкрософт, Епл и ИБМ, кои се водечки приватни компании во полето на софтверската технологија.[3]

Наводи[уреди]

  1. Samuel E. Moffett, The Americanization of Canada (1907) целосен текст на англиски; see also Ralph Willett, The Americanization of Germany, 1945-1949 (1989)
  2. Karen DeBres, "A Cultural Geography of McDonald's UK," Journal of Cultural Geography, 2005
  3. Elias G. Carayannis and David F. J. Campbell, Mode 3 Knowledge Production in Quadruple Helix Innovation Systems (2011) p. 42

Поврзано[уреди]