Министерство за народна просвета и пропаганда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нацизам
Flag of German Reich (1935–1945).svg

Министерството за народна просвета и пропаганда (герм. Reichsministerium für Volksaufklärung und Propaganda или Propagandaministerium) било министерство во Нацистичка Германија кое ја ширело и спроведувало идеологијата на НСДАП во Германија и раководело со културата и општеството. Основано е на 13 март 1933 г. во рамките на новата националсоцијалистичка влада на Адолф Хитлер. На чело на министерството стоел Јозеф Гебелс со надлежност да врши надзор и контрола врз печатот и културата во земјата.

Министерството било сместено во Палатата на Болничкиот ред (Ordenspalais) на тогашниот плоштад Вилхелмплац спроти Рајхсканцеларијата во центарот на Берлин.

Улога во државата[уреди]

Зградата на министерството (1936)
Пропаганден плакат на холандски: „Холанѓани, на ваша чест и совест! - против болшевизмот. Војската на СС ве повикува!“

Со доаѓањето на власт, НСДАП го основале министерството речиси веднаш. Министерството било задолжено за спроведување на нацистичката доктрина кај народот и контрола врз јавното мислење. Со избивањето на Втората светска војна, важноста на министерството уште повеќе се зголемила.

Втора светска војна се водела со пропаганда на многу повисоко ниво отколку во Првата, особено служејќи се со новите медиуми: филмот и радиото. Пропагандата била добро испланирана и изорганизирана благодарение на практичното искуство и научната посветеност на пропагандата во Европа и САД. Со ова започнал и нов вид на психолошко војување.

In a related move, Еберхард Тауберт ја основал Антикоминтерната, матична организација на сите германски антикомунистички групи. Од 1939 ја предводел организацијата „Антисемитистичка акција“ (Antisemitische Aktion) и работел на сценариото за филмот „Вечниот Евреин“.

Организација[уреди]

Модел на „Народен приемник

Низ времето министерството постепено растело. Во 1933 почнало со пет одделенија и 350 вработени, но во 1939 имало 2000 вработени, и тоа во 17 одделенија. Помеѓу 1933 и 1941 г. буџетот на министерството се зголемил од 14 на 187 милиони рајхсмарки. Под водство на Јозеф Гебелс служеле тројца државни секретари:

  • Државен секретар II – Карл Ханке (1937 – 1940), Леополд Гутерер (1940 – 1944), Вернер Науман (1944 – 1945)
    • Буџет
    • Право
    • Пропаганда
    • Радио
    • Филм
    • Лични работи
    • Одбрана
    • Меѓународни работи
    • Театар
    • Музика
    • Литература
    • Ликовна уметност

Пропаганда[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Нацистичка пропаганда.

Министерстово за пропаганда употребувало најразновидни медиуми за да ја шири националсоцијалистичката идеологија и да го држи народот под контрола. Во непосредна надлежност на министерството биле и плакатите, весниците, разните книжни изданија и уметничките дела.

Владата често одржувала и емитувала говори како средство за влијание врз масите. По првиот говор на Хитлер во својство на канцелар, Гебелс забележал: „Говорот ќе биде од голема пропагандна вредност...ќе се користи, ќе се прикажува во киносалите уште многу години...каков дострел.“ Пред да го одржи говорот, Гебелс го најавил Хитлер и ја искористил приликата за да ја истакне важноста на пропагандата: „Се чини дека нема добра власт без добра пропаганда, ниту пак добра пропаганда без добра власт. Но не треба да се лаже! Никогаш не смееме да лажеме! Евреите се тие што треба да платат за тоа што го лажеа нашиот народ!” Веројатно најзапаметениот во Втората светска војна е производ на Министерството за пропаганда - Гебелсовиот говор во Спортпаласт одржан по претрпениот пораз во Сталинградската битка, со намера да добие масовна поддршка кај народот за „тотална војна“[1]. Хитлер држел говори и на радио, но овие биле така ефективни како кога говорел пред жива публика (на пр. на Нирнбершките собири).

Во добро познатиот исказ, Гебелс се изјасил: „Радиото го сметам за најсовремената и најклучната алатка за влијаење врз масите..“. Нацистите го максимално користеле потенцијалот на радиото. Производителите на радиоапарати добивале дотации од владата за да произведуваат ефтини апарати наречени „народни приемници“ (Volksempfänger). Овие приемници биле изработени така што не фаќале странски (ненацистички) емисии. Покрај ова, слушањето на негермански радиостаници било кривичен престап. Во екот на Втората светска војна ова било казниво дури и со смрт.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Гебелс, Јозеф (2007). „Кризата на Исток и тоталната војна“. Олга Русимова (преведувач). „Политички говори“ (I издание). Скопје: Ѓурѓа. ISBN 9789989920974.