14 октомври
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | октомври | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
14 октомври е 287-иот ден во годината според григоријанскиот календар (288-и во престапна година). Остануваат 78 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1941 | Во селото Крупиште, Штипско, како одмазда за загубената борба, германските фашисти со вперени пушки влегувале во куќите и ги собирале мажите од 15 до 60-годишна возраст, притоа пукале во секој што ќе почнел да бега. Злосторниците влегувале во куќите и ги гореле заедно со добитокот. Притоа стрелале 49 луѓе. Истиот ден германските фашисти извршиле масакр над населението во кочанското село Уларци. Селото било опожарено и биле стрелани 40 луѓе. |
| 1993 | Во Њујорк, е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под Уставното име. |
| 1994 | По Ирската републиканска армија и лојалистичките парамилитарни единици, објавија општ прекин на воените акции, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата северно-ирска драма. |
Родени:
| 1829 | Аугуст Малмстрем, шведски историски сликар. |
| 1890 | Двајт Ајзенхауер, американски генерал и политичар. |
| 1919 | Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. |
| 1985 | Виталиј Фридзон, руски кошаркар. |
Починале:
| 1944 | Ервин Ромел, германски фелдмаршал, познат како „Пустинска лисица“ (р.1891) |
| 1977 | Бинг Крозби, американски актер и пејач, добитник на филмската награда Оскар |
| 1990 | Леонард Бернштајн, американски композитор, пијанист и диригент, познат по музичките нумери во филмот „Приказна од Западната страна“ (англ.West Side Story) |
| 2010 | Беноа Манделброт, франко-американски математичар, познат изучувач на фракталите (р. 1924) |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |