Немања Видиќ
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Роден на | 21 октомври 1981 | ||
| Роден во | Титово Ужице, Србија | ||
| Висина | 1,89 m (6 ft 21⁄2 in) | ||
| Положба | центар бек | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб | Манчестер Јунајтед | ||
| Број | 15 | ||
| Младинска кариера | |||
| Црвена Ѕвезда | |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 2000–2004 | Црвена Ѕвезда | 67 | (12) |
| 2000-2001 | →Спартак Суботица | 27 | (6) |
| 2004-2006 | Спартак Москва | 39 | (4) |
| 2006- | Манчестер Јунајтед | 167 | (14) |
| Национален тим ‡ | |||
| 2002- | Србија | 55 | (2) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 6 јануари 2011. † Appearances (Goals). |
|||
Немања Видиќ (роден на 21 октомври 1981 година) е српски фудбалер,капитен на англискиот Премиерлигашки клуб Манчестер Јунајтед. Откако се смести во белградска Црвена Ѕвезда на почетокот на 2000та, тој се пресели во Спартак Москва во летото 2004-та година.Тој се здоби со позначајна репутација кога стана дел од "Славната четворка" на одбранбената линија на српскиот национален тим кој прими само еден гол во квалификациите за светското првенство 2006 година што го организира ФИФА. Тој подоцна ќе потпише за Манчестер Јунајтед за сума од околу 7 милиони фунти во 2006-тата година каде во следната сезона ќе формира забележително одбранбено партнерство со Рио Фердинанд и репутација на ефикасен дефанзивец. Тој во кариерата Манчестер Јунајтед се здоби со голем број на почести вклучувајќи 4 титули во Премиер лигата, од кој три едно по друго, Лигата на шампионите на УЕФА, светскиот клупски куп на ФИФА ,3 медали во Лига купот, а исто така и го вклучија и во 3 последователни награди од страна на Професионалната асоцијација на фудбалери од 2007-2009 година.Во сезоната 2008-09 тој му помогна на Манчестер Јунајтед во рушењето на рекордот од 14 натпревари без примен гол и со тоа го избраа за фудбалер на годината во Премиер лигата. Тој ги собра наградите за најдобар играч од навивачите и од колегите исто така. На почетокот на сезоната 2010-11 Видиќ го селектираа за новиот капитен на тимот на Манчестер Јунајтед. Во фебруари 2011 година Видиќ стана редовен капитен на Манчестер Јунајтед по пензионирањето на Гери Невил.
Содржина |
[уреди] Клубска кариера
[уреди] Раните години
Немања Видич е син на Драгољуб,сега пензиониран работник во фабрика за бакар,и Зора,банкарски деловодител.Видич почна да игра фудбал на шест годишна возраст заедно со неговиот брат Душан во локалниот тим Јединство Путеви.Тој брзо напредуваше и на 12 годишна возраст замина за Слобода Ужице.
[уреди] Црвена Звезда и Спартак Москва
По две и пол години,пред неговиот 15ти роденден,младинскиот систем на Црвена Звезда потпиша со Видич.Тој ја започна својата сениорска кариера со позајмица која трае цела сезона во Спартак Суботица во 2000та година.Видич се врати назад во Црвена Звезда по завршувањето на зделката,играјќи редовоно првокласната југословенска лига со Зоран Филипович.Тој со Црвена Звезда го освои југословенскиот куп во 2001-02.Видич брзо се здоби со капитенската лента,и за време на неговото три годишно капитенство тој постигна 12 гола на 67 натпревари каде што ја заврши својата кариера во Звезда во висок стил донесувајќи му на тимот две титули во домашното првенство.Во 2004та година ја освои српско црногорската лига и купот со Црвена Звезда од Белград кога во Јули 2004та година му се придружи на рускиот премиерлигаш Спартак Москва.Деталите за трансферот не се откриваа иако имаше изјави дека Видич станал најскапиот дефанзивец во историјата на руската Премиер Лига.
[уреди] Манчестер Јунајтед
По одигрување две сезони во Спартак Москва,на 5ти јануари 2006та година Видич потпиша за Манчестер Јунајтед наводно за сума од околу 7 милиони фунти,две и пол години откако Манчестер објави интерес за него.Со тоа Манчестеј ја победи густата конкуренција за потписот на Видич откако неговиот трансфер со АЦФ Фиорентина го договорил спортскиот дирецтор Панталео Корвино.Бидејќи Фиорентина мораше да чека за комплетирање на трансферот поради немање слободни места за играчи надвор од Европската Унија,Манчестер пристапи и го во меѓувреме го зема Видич.Тој го доби дресот со број 15 и на 25 јануари 2006та дебитираше за Манчестер како замена за Руд Ван Нистелрој во исцрпувачките минути во победата од 2-1 во полуфиналето во втората рунда од Карлинг купот против Блекбурн Роверс.На 16ти фебруари 2006та,Видич го освои првиот трофеј со Јунајтед влегувајќи во игра во 83тата минута на местото на Вес Браун во финалето од Карлинг купот против Виган Атлетик во 2006тата година. Во премиерлигашката сезона 2006-07 Видич заедно со Фердинанд ја формираа една од најистакнатите дефанзивни линии во Европа и со тоа стана изграден првотимец.Во неговата прва целосна сезона во Манчестер Јунајтед тој одигра 25 натпревари во Премиер лигата и ја заврши сезоната со прв лигашки медал.Својот прв гол за Манчестер Јунајтед Видич го постигна на 14ти октомври 2006та година против Виган Атлетик каде Јунајтед победи со 3-1.Вториот гол го постигна против Портсмут во победа од 3-0 на 4ти ноември,што му беше прв гол на стадионот Олд Трафорд. Првиот гол во лигата на шампиони го постигна против Бенфика на 6ти декември во групната фаза каде Манчестер победи со 3-1.На 8ми ноември 2007 година,Видич потпиша двегодишно продолжување на договорот што го задржа во Манчестер до 2012 година.Кон крајот на сезоната 2007-08 тој го освои вториот последователен Премиер лигашки медал.Тој исто така учествуваше во составот кој ја осови лигата на шампиони против Челзи во 2008та година,што беше негов прв европски медал.Во сезоната 2007-08,тој настапи на 32 натпревари и постигна еден гол.Во сезоната 2008-09,во отсуство на повеќе дефанзивци во различни делови од сезоната,Видич беше централен дел од одбраната на Јунајтед.Тој стартуваше на сите натпревари од Премиер лигата кои беа дел од рушењето на рекордот на британскиот фудбал со одржување на 14 последователни натпревари без примен гол.Кон крајот на сезоната 2008-09,Видич беше ставен на потесниот список за наградата Играч на годината заедно четворица фудбалери на Манчестер Јунајтед;тој беше фаворит за добивање на признанието кое подоцна му го доделија на неговиот соиграч Рајан Гигс.Видич подоцна беше избран за играч на годината на навивачите и на играчите преземајќи ја таа чест од Кристијано Роналдо,кој ги освои токму тие две награди во 2007-08.Пофален за неговиот агресивно ефикасен дефанзивен стил од неговите соиграчи од Манчестер Јунајтед,тој се смета за многу храбар играч.Поради тоа тој ужива статус на култ помеѓу најверните фанови на Јунајтед и често го споредуваат со поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед,Стив Брус за поседување на слични особини.На 25ти октомври 2009 година,Видич повторно беше исклучен од игра во поразот од Ливерпул од 2-0,со тоа обележувајќи го третиот натпревар едно по друго против нивниот најжесток ривал каде што добил црвен картон.Сепак,на 21 март 2010 година тој играше цели 90 минути во победата од 2-1 против Ливерпул на Олд Трафорд и повторно на 19ти септември 2010 година со победа од 3-2 за Манчестер. На 23ти јули 2010та година се зборуваше дека Видич го продолжил својот договор со Манчестер Јунајтед прифаќајќи нов долготраен договор, со што ги затвори долгите шпекулации дека ке замине во Реал Мадрид.Новиот 4 годишен договор беше потпишан на 20ти август.Видич го постигна својот прв сезонски гол на 11ти септември на гости против Евертон за водство на неговиот тим од 2-1,а на крајот мечот заврши со драматични 3-3.По предводењето на тимот како капитен на првите пет меча од сезоната 2010-11,Сер Алекс Фергусон подоцна потврди дека Видич трајно ја презема капитенската лента од Гери Невил. На 30ти октомври Видич го постигна го постигна својот прв гол на домашен терен во победата од 2-0 во Премиер лигата против Тотенхем Хотспар,што беше 1000тиот гол постигнат на Олд Трафорд во Премиер лигата.На 13ти ноември 2010 Видич го постигна третиот сезонски гол во ремито против Астон Вила во 85тата минута во случај каде Манчестер губеше со 2-0 и на тој начин зграпчи еден бод.На први фебруари Видич поентираше против Астон Вила на Олд Трафорд со моќен влез во казнениот простор и со тоа Јунајтед победи со 3-1.На први март 2011 година,Видич заработи исклучување од игра поради фаул над Рамирес во напнат натпревар против Челзи,кој победи со 2-1. Видич се одмазди на 8ми мај 2011 кога погоди против Челзи во победа од 2-1 со што ги уништи аспирациите на Челзи за титулата и го однесе Манчестер кон 19тата рекордна титула во Премиер лигата, во следениот натпревар против Блекбурн Роверс.
[уреди] Меѓународна кариера
Југословенски младински интернационалец,тој дебитираше на сениорско ниво на 12ти октомври 2002 година против Италија во квалификациите за ЕУРО 2004 година што го организира УЕФА. Видич беше дел од славната одбранбена четворка на Србија и Црна Гора заедно со Младен Крстаич,Ивица Драгутинович и Горан Гавранчич што прими само еден гол за десетте натревари во квалификациите за светското првенство 2006та година,поставувајќи нов рекорд за најмалку примени голови.Видич имаше голем удел во последниот квалификациски натпревар против Босна и Херцеговина каде Србија и Црна Гора победи победи со 1-0 и осигура пласман,а Видич доби црвен картон на пет минути пред крајот.Видич го пропушти почетниот меч од групната фаза против Холандија поради суспензија од претходно добиениот црвен картон, а на 12 јуни 2006та година ги повреди лигаментите на левото колено за време на тренинг и поради тоа не одигра ниту еден натпревар во светскиот куп 2006та година.По светското првенство 2006та година,Видич го преставуваше својот веќе независен национален тим,Србија.Тој беше стандарден во за време на квалификациите за светското првенство 2010 година каде Србија заврши на врвот пред Франција и Романија со најдобар рекорд во дефанзивата.Србија немаше многу среќа во ФИФА светскиот куп 2010 година и заврши последна во групата Д.Составот моментно се натреварува во УЕФА квалификациите за европското првенство 2012та година.
[уреди] Индивидуални почести
Видич ја освои наградата на Србија "Прекуморски играч на годината" за 2005та година играјќи за Спартак Москва,избор на капитените на 16те клуба во српската Суперлига што го годишно го одржува весникот Вечерне Новости.Тој повторно ја доби истата награда во 2007,2008 и 2010 година играјќи за Манчестер Јунајтед.Извршниот комитет на Српската Фудбалска Асоцијација го назначи за играч на годината за 2005та и 2008ма година.Во сезоните 2006-07,2007-08,2008-09 и 2010-11 фудбалската асоцијација на премиер лигата го наименува во тимот на сезоната.Покрај тоа,тој беше внесен во потесната листа од УЕФА за европски дефанзивец на годината за сезоните 2006-07,2007-08 и 2008-09.и исто така внесен во листата за 2006-07 и 2007-08 за светскиот најдобри единаесетмина од страна на ФИФпро,а исто така и номиниран за 2008 и 2009 за европски фудбалер на годината.Тој беше одбран за играч на месецот во Премиер лигата во јануари 2009та година.Во 2008-09 и 2010-11 Барклеј го избра за играч на сезоната,и според веб страната еспнстар.ком како Барклеј премиер лигашки фудбалер на сезоната и дефанзивец број еден за сезоната 2010-11.
[уреди] Личен живот
На 17ти јули 2006та година Видич се ожени со Ана Иванович,студентка по економија на Белградскиот Универзитет(не е поврзана со српската славна тенисерка со истото име).Тие имаат два сина,Лука и Стефан.
[уреди] Титули
[уреди] Црвена Ѕвезда
Прва лига на Србија и Црна Гора : 2003-04
Куп на Србија и Црна Гора : 2009
[уреди] Манчестер Јунајтед
Премиер лига : 2006-07, 2007-08, 2008-09, 2010-11
Лига куп : 2005-06, 2008-09, 2009-10
ФА Комјунити Шилд : 2007 ,2008, 2010, 2011
Лига на Шампиони : 2007-08
ФИФА Светско Клупско првенство : 2008
[уреди] Надворешни врски
|
|||||