Кубизам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жорж Брак, жена со гитара, 1913

Кубизмот е сликарски правец настанат во Франција во 1907 година. Произлезен од тезата на Пол Сезан дека сè што постои во природата може ликовно да биде претставено со основните форми (коцка, топка, цилиндар, пирамида итн.). Основоположници на кубизмот се Жорж Брак и Пабло Пикасо.

Кубизмот е фокусиран на проблемот на „објектот“ коj треба да се реконструира, спротивно на расплинатоста и непостојаноста на импресионистичките површини. Потребно е да се елиминира сè што се потпира на субјективност или на одредено и цврсто гледиште, со цел да се дојде до целокупни, поимни, потполни варијанти на формата („Ако чуствата деформираат, само духот формира“). Или Пикасовата изјава „Ги сликам предметите како ги замислувам, а не како ги гледам“, ја дополнува предходната теза.

Во кубизмот е присутно влијанието на црнечката уметност, а основа е коцката. Кубистите на сликите истовремено го прикажуваат она што во реалноста можеме да видиме само непрекинато. Името „кубизам“ го вовел Хенри Матис кој за пејзажите на Жорж Брак рекол: „гледај натрупани коцки (англиски: cubes)“. Значаен претставник на кубизмот е и шпанскиот сликар Хуан Грис (Хозе Викториано Гонзалез-Перез), како и плеада на кубисти од Чешка.