Данило Киш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Данило Киш
Danilo Kis Serbian Literature Great Men Stamps.jpg
Поштeнска марка со ликот на Киш, дел од серијата „Великани на српската книжевност“, 2010 г.
Роден 22 февруари 1935(1935-02-22)
Суботица, Дунавска бановина, Кралство на Југославија
Починал 15 октомври 1989(1989-10-15) (на 54 год.)
Париз, Франција
Занимање романописец, писател на кратки раскази
Народност Србин

Данило Киш (Суботица, 22 февруари 1935 - Париз, 16 октомври 1989), еден од најголемите југословенски писатели со светско реноме.[1]

Данило Киш е, несомнено, еден од најинтересните писатели на балканските простори од втората половина на XX век, кој со своите несекојдневни прозни остварувања доживеа успех и на светската книжевна сцена. Неговите смели раскажувачки постапки колку што биле прифаќани и одобрувани, толку биле и причина за полемички однос кај дел од тогашните критичари.

Биографија[уреди]

Данило Киш бил роден во Суботица во 1935 година, од татко Едвард Киш, унгарски Евреин и мајка Милица Драгичевиќ, која била Црногорка [2]. Татковото презиме отпрвин било Кон, но таткото го променил во унгарското Киш. До 1942 година Киш живеел со родителите во Нови Сад, каде тргнал во основно училиште, но потоа, семејството се преселило во Унгарија, во родниот крај на татко му, каде Киш го завршил основното училиште и два класа гимназија. По одведувањето на татко му во логорот Аушвиц во 1944 година, тој заедно со остатокот на семејството бил однесен во Цетиње со посредство на Црвен крст. Киш тука живеел до крајот на своето образование.

Во 1954 се запишал на Филозофскиот факултет во На Белград а во септември 1958 година како прв студент дипломирал на Катедрата за општа книжевност.

Од 1962 до 1981 бил женет со Мирјана Миочиновиќ а после разводот живеел со Паскал Делпеш, сè до својата смрт. Починал на 15 октомври 1989 во Париз каде одредено време и се лекувал од рак на белите дробови.

Дело[уреди]

Уште како студент Киш објавувал поеми, есеи, раскази и преводи од унгарски, руски и француски најчесто во списанието Видици чиј уредник бил од 1957 до 1960 година.

Неговиот прв роман, „Псалм 44“, бил напишан во 1955 а потоа следело делото Мансарда, 1960. Првата објавена книга во еден том ги содржи и двата романа. „Романот Градина, пепел“ е првото позначајно прозно дело на Данило Киш, објавено во 1965 во Белград. Романот бил напишан во тек на неговиот престој во Стразбур каде работел како лектор за српскохрватски јазик од 1962 до 1964 година. Во тоа време работел и на преводите на Лотреамон, Пол Верлен, Стилските вежби од Ремон Кено и поезијата на Ендре Ади. Книгата раскази Рани јадови, била објавена во 1970 во Белград.

Романот Песочен часовник бил објавен во 1972 и ја добил НИН-овата награда која неколку години подоцна Киш ја вратил. Истата година објавил збирка есеи По-етика. Како лектор за српскохрватски јазик, Киш работел на Универзитетот во Бордо во 1974 кога била објавена и втората збирка По-етика (интервјуа). Гробницата за Борис Давидовиќ е составена од седум поглавја на зедничка историја, а била објавена 1976 воБелград и во Загреб. На крајот на истата таа година започнале нападите врз книгата, поради наводен плагијат. Нападите траеле со месеци. После кратки полемички одговори во 1977 Киш го напишал Час по анатомија. Истата година, за Гробницата на Борис Давидовиќ ја добил наградата Иван Горан Ковачић. Од 1979 живеел во Париз и четири години работел како лектор на Универзитетот во Лил. За својот севкупен книжевен труд Киш во 1980 ја добил француската книжевна награда -{Grand aigle d`or de la ville de Nice}-. Собраните дела на Данило Киш биле објавени во 1983, во десет тома, во Белград и Загреб. За збирката раскази Енциклопедија на мртвите Киш ја добил наградата Иво Андриќ во 1984 а во 1986 и наградата Скендер Куленовиќ.[3] Изабраните дела, проза во седум книги биле објавени во 1987 во Белград и во Сараево. Таа година ја добил наградата 7 јули а во 1988 бил избран за дописен член на САНУ и добил две важни меѓународни награди : во Италија -{Premio letterario Tevere}- и во Германија -{Preis des Literaturmagazins}-. Истата година ја добил наградата АВНОЈ. Американскиот ПЕН во 1989 му ја доделил наградата -{Bruno Schulz Prize}-.


Неговите постхумни изданија од 1990 се:

  1. Живот, литература (есеи, разговори, дел ракописи), објавено во Сараево.
  2. Горки талог на искуството (интервјуа), Сараево.

После една година, во Белград, била објавена неговата книга Песни и препеви.

Во книгата Семеен циклус 1993 биле објавени по хронолошки редослед делата :Рани јадови, Градина, пепел и Песочен часовник Неговата недовршена книга Лаута и лузни била издадена во 1994во Белград. Собраните дела на Данило Киш биле објавени во 1995, во четиринаесет тома, и истите се преведени на сите значајни странски јазици.


Осврт кон делото Гробницата за Борис Давидовиќ[уреди]

Токму „Гробницата за Борис Давидович“, објавена во 1976 година, е книгата што најмногу ги иницирала книжевните расправи и дискусии за оправданоста, односно неоправданоста на прозните зафати на Киш.

Во оваа книга, која неодамна првпат беше претставена пред македонската читателска публика, има седум раскази што авторот во поднасловот од книгата ги именува како „Седум поглавја на една заедничка повест“. Нивното обединување во поголема тематска целина го чинат речиси идентичните судбини на неколку луѓе-жртви на тоталитаристичко општество, чија трагична смрт не е поради нивното неприклонување кон стожерот на владејачката идеологија, туку поради некоја ирационална логика на режимот. Неоснованите и апсурдни судења, затворања и прогонства на ликовите во овие раскази може да се споредат со кафкијанскиот модел на беспричинско казнување кога меѓусебното разбирање меѓу надредените инстанци и поединецот е невозможно.

Втората заедничка црта на седумте раскази е идентичната наративна постапка во обликувањето на приказните, која се стреми да им даде печат на автентичност. Повикувајќи се на документирани факти и сведоштва, нараторот, поради некаква објективност, привидно се дистанцира од своеволни интервенции во раскажувањето. Но, на маргините на таа успешно изведена мистификација се насетува неговиот ироничен однос, што на тој начин ја разблажува бесмисленоста на човечките судбини жртвувани во името на т.н. хумани идеали. Иако книгата „Гробницата за Борис Давидович“ во себе вградува конкретен историски период и конкретни човечки биографии, сепак, таа го носи универзалниот и безвременски печат на сите човечки трагедии во, како што вели авторот во едно интервју, сеопштата историја на бесчестието (преземајќи ја оваа синтагма од наслов на книга од Борхес). Токму затоа и по триесет години од нејзиното појавување таа се уште е возбудлива за читателите.

Литература[уреди]

  • (српски)Књижевни погледи Данила Киша: ка поетици Кишове прозе / Јован Делић. – Београд: Просвета, 1995. – 337 стр. (Библиотека Књижевни свет). – ISBN 86-07-000885-4
  • (српски)Кроз прозу Данила Киша: ка поетици Кишове прозе II / Јован Делић. – Београд: Београдски издавачко-графички завод, 1997. – 541 стр. (Библиотека Посебна издања). – ISBN 86-13-00854-2
  • (српски)Киш / Михајло Пантић. – Нови Сад: Светови; Београд: Књига-комерц, 1998. – 139 стр. (Библиотека Светови). – ISBN 86-7047-300-3
  • (српски)Danilo Kiš: život & delo i brevijar / Viktorija Radič. S mađarskog jezika preveo Marko Čudić. – Beograd: LIR BG; Forum pisaca, 2005. – 453 str.: ill. (Velika biblioteka Foruma pisaca). – ISBN 86-83463-18-4
  • (српски)Споменица Данила Киша: поводом седамдесетогодишњице рођења / уредник Предраг Палавестра. – Београд: Српска академија наука и уметности, 2005. – VII, 789 стр. (Посебна издања; књ. 660. Одељење језика и књижевности, књ. 57). – ISBN 86-7025-392-5
  • (српски)„Потрага за улицом дивљих кестенова“ - Суботичке успомене (на) Данила Киша/ Бошко Крстић, Нови Сад: Библиотека Матице српске 2007- ISBN 978-86-84247-09-6 cobiss.sr-id 220849927

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Књижевни погледи Данила Киша: ка поетици Кишове прозе / Јован Делић. – Београд: Просвета, 1995. – 337 стр. (Библиотека Књижевни свет). – ISBN 86-07-000885-4
  2. "http://kis.org.rs/web/Acitav/B/index.htm"
  3. „Енциклопедија мртвих“ - 30 година од првог објављивања („Вечерње новости“, 16. септембар 2013)