Стилски вежби

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Стилски вежби  
Автор Ремон Кено
Наслов на
оригиналот
Exercices de style
Преведувач Елизабета Трпковска
Јазик француски
Издавач Табернакул
Страници 124 страници
ISBN 9989-937-67-2


Стилски вежби е најпопуларната книга на Ремон Кено – Тоа е збир од 99 кратки приказни, во различен стил, а за една иста банална случка: во автобус раскажувачот среќава човек со долг врат а подоцна пак го здогледува на железничка станица во друштво на пријател кој му зборува за едно копче на неговото палто. Кено употребува 99 начина да го прераскаже овој мал настан и го доловува литературниот реализам.

Книгата е преведена ширум светот и адаптирана за театар каде постигнува огромен успех благодарение на оригиналната идеја, несекојдневниот приод и вариететот, инвентивноста и храброста во употребата на зборот и говорот[1].

[уреди] Извори

  1. преземено од Табернакул[1]