Кралство на Србите, Хрватите и Словенците

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Кралство на Србите, Хрватите и Словенците или Кралство СХС е држава на Балканот оформена во 1918 година по Првата светска војна. Овој назив е всушност името на Кралството Југославија во првите единаесет години од неговото постоење.

Во нејзин состав влегувале претходно независните кралства Србија и Црна Гора и словенските територии што дотогаш биле под Австро-Унгарското Царство, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина и најголемиот дел од денешни Хрватска и Словенија. Кралството било владеено од српската династија Караѓорѓевиќ. Во 1929 година, кралот Александар I се обидел да се бори против локалпатриотизмот со тоа што прогласил кралска диктатура и ја преименувал државата во Југославија.

Во оваа држава биле признати само трите народи додека останатите биле национално обесправени поради што ке се појави незадоволство.Државата била претежно аграрна земја и ви такви нестабилни политички проблеми а под влијание на октомвриската револуција ке се појави револуционерно комунистичко движење на чело со КПЈ-комунстичка пајтија на југославија.На првите парламентарни избори за уставотворно собрание најмногу гласови добиле југословенската демократска партија,народната радикална партија и комунистичката партија.Поради огромниот успех на комунистите во 1920 година во државата бил донесен реакционерниот акт-обзнана со кој се забранилча работата на КПЈ.


За кралството по 1929 види Кралство Југославија.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици