Муамер Гадафи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Муамер Гадафи
مُعَمَّر القَذَّافِي
Муамер Гадафи на самит во 2009 година
Братски водач и водач на револуцијата на Либија
На должноста
1 септември 1969 – 23 август 2011
Претходник Нема
Наследник Нема
Претседател на Револуционерната команда на Советот на Либија
На должноста
1 септември 1969 – 2 март 1977
Премиер Махмуд Сулејман ал-Махриби
Абдесалам Џалуд
Абдул Ати ал-Обеиди
Претходник Идрис на Либија (крал)
Наследник нема(Генерален секретар на Генералниот народен конгрес)
Генерален секретар на Генералниот народен конгрес на Либија
На должноста
2 март 1977 – 2 март 1979
Премиер Абдул Ати ал-Обеиди
Претходник немља(Претседател на револуционерниот совет)
Наследник Абдул Ати ал-Обеиди
Премиер на Либија
На должноста
16 јануари 1970 – 16 јули 1972
Претходник Махмуд Сулејман ал-Махриби
Наследник Абдесалам Џалуд
Претседател на Африканската унија
На должноста
2 февруари 2009 – 31 јануари 2010
Претходник Џакаија Киквете
Наследник Бингу ва Мутарика
Лични податоци
Роден(а) 7 јуни 1942
Сирт, Италијанска Либија
(денес Либија)
Починал(а) 20 октомври 2011(2011-10-20) (возр. 69)
Сирт, Либија
Партија Арапска социјалистичка унија (1971–1977)
Сопружник Фатиха ал-Нури(1969–1970)
Сафија Фаркаш (1971–2011)
Деца
Установа Воена академија во Бенгази
Вероисповед ислам
Награди Order of the Yugoslav Star
Order of Good Hope
Потпис
Воена служба
Припадност Либија Кралство Либија (1961–1969)
Либија Либиска Арапска република (1969–1977)
Либија Либиска Арапска Џамахирија (1977–2011)
Род Армија на Либија
Траење 1961–2011
Чин Полковник
Заповеда со Либиски воени сили
Битки/војни Либиско-египетска војна
Либидко-чадска војна
Угандо-танзаниска војна
Либиска војна (2011)

Муамер Гадафи или Муамер ал Гадафи (арапски: معمر القذافي, роден на 7 јуни 1942 - 20 октомври 2011) беше либиски водач од 1969, па сè до неговата смрт во 2011 година.[1]

Рани години[уреди | уреди извор]

Гадафи е роден на 7 јуни 1942 година, како најмладо дете во бедуинско семејство во пустинската област Сирт. Завршил студии по право на Либискиот универзитет со високи оценки, по што се запишал на воена академија во Бенгази во 1963. Еден период се школувал и во Мостар, Југославија, во рамки на програмата за размена на студенти. По дипломирањето бил испратен во Британија на понатамошно усовршување во Кралската воена академија Сендхарст, а по враќањето во Либија го основал Сојузот на слободни офицери со кои во 1969 г. преку воен удар го сменилке кралот Идриз и воспоставиле воена диктатура.

Први години од владеењето[уреди | уреди извор]

По зазимањето на власта, Гадафи ја создал Социјалистичката Народна Либиска Арапска Џамахирија и пропагирал политички систем на народни конгреси и комитети, како директна демократија без парламентаризам. Во 1976 година ја објавил Зелената книга во која ги навел своите политички цели. Оваа книга, која претставува збир од неговите филозофски мисли кои, пак, биле предмет на истражување на цел еден отсек на водечкиот либиски универзитет, била вгравирана и на многу згради во градовите низ Либија.

Гадафи ги национализираше нафтените компании и банки, протерал 25 000 Италијанци од земјата и во 1970-те и најмногу профитирал од зголемувањето на цената на нафтата. На тој начин Либија станала богата земја. Во следните години била развиена сопствена општествена теорија[2].

Иако остро ја осудуваше корупцијата која би довела до тоа ограничен број Либијци да стекнат огромно богатство, Гадафи и семејството стекнале огромно богатство, благодарение на тоа што Либија има најголеми резерви на нафта во цела Африка. Се залагал за единство на арапските земји, а на негово инсистирање била основана Африканската унија, која била прогласена за наследничка на Организацијата на африканското единство.

Огромното нафтено богатство на Либија со години било користено за финансирање на екстремистичките движења и нивните водачи. Гадафи ја поддржувал Палестинската ослободителна организација, а во 1970-те и 1980-те и многу други муслимански ослободителни движења, со што неговиот режим се заплеткал во терористички активности и во арапските и во неарапските земји. Во половината на 1980-те години меѓународната заедница го сметала за главен финансиер на меѓународниот тероризам.

Се сметало дека е главен финансиер на движењето Црн септември кое извршило масакр над израелските спортисти на Олимписките игри 1972 г. во Минхен, а САД директно го обвиниле за подметнување бомба во една берлинска дискотека во 1986 г. во која загинале тројца, а биле повредени над 200 лица, повеќето американски војници. Напнатоста меѓу Либија и Западот достигнала кулминација за време на администрацијата на американскиот претседател Роналд Реган, кој се обидувал да го тргне Гадафи од власт. Во март 1982 година, САД вовеле забрана за увоз на либиска нафта и извоз на американска технологија за нафтената индустрија во Либија.

Во текот на 1990-те Либија трпела економски санкции и дипломатска изолација како резултат на одбивањето на Гадафи да потпише испорачување на двајца Либијци во САД и Британија, обвинети за подметнување бомба на летот на авиокомпанијата Пан Американ над Локерби во Шкотска, кога загинале 270 лица. Во 2003 година, Либија официјално ја прифатила одговорноста за подметнувањето бомба, а Гадафи се согласил да исплати отштета од 2,7 милијарди долари на семејствата на загинатите, т.е. по 10 милиони за секоја жртва.

Период до востанието[уреди | уреди извор]

Од крајот на 1990-те Гадафи започнал да работи на подобрување на односите со западните земји, а уште пред нападот врз кулите близначки на 11 септември 2001 во Њујорк се заложил за борба против Ал Каеда. Американскиот Стејт департмент во 2006 г. објавил дека повторно ќе воспостави дипломатски односи со Либија. Потоа следеле посети од европските претседатели и премиери, американските конгресмени, инвеститорите и претставниците на нафтените компании, кои му се додворувале за наклонетост, договори, нафта и пристап до пазарот.

Востание и пад[уреди | уреди извор]

Кон средината на февруари 2011 година, Либија била зафатена од народен бунт, сличен на оние во Египет и Тунис, во кој демонстрантите барале сметнување на Гадафи. Кон крајот на март НАТО започнал воена интервенција во земјата под мандат на ООН, чија цел била наводната заштита на цивилите.

Во август 2011 година, бунтовничките сили го зазеле Триполи.

Смрт[уреди | уреди извор]

Гадафи како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „берлускони и гадафи договараат нафта за амазонка со ун идиото“ - кус расказ на македонскиот писател Хигсов Бозон од 2011 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.dailymail.co.uk/news/article-2051468/Gaddafi-dead-In-end-met-merciless-brutal-death.html?ito=feeds-newsxml
  2. „Ја воведовме Третата универзална теорија и ја претставувме во Зелената книга. Поимот ’џамахирија’, кој не значи само држава на народот, туку држава на масите, е наша творба. Наш е и концептот држава без влада, без претседател и без избори и партии. Овде граѓаните, мажите и жените, ја спроведуваат власта“
  3. Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.