Ферид Мурад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ферид Мурад
Мурад во 2008
Роден(а)14 септември 1936(1936-09-14)
Вајтинг, Индијана, САД
Починал(а)4 септември 2023(2023-09-04) (возр. 86)
Менло Парк, Калифорнија, САД
ЖивеалиштеВашингтон
ДржавјанствоАмериканско
Полињабиохемија, фармакологија
УстановиУниверзитет на Вирџинија (1970-81), Стенфорд (1981-88), Лаборатории Абот (1988-93), Универзитет за здравствени науки на Тексас 1997-2011), Универзитет Џорџ Вашингтон (2011-сè уште)
ОбразованиеDePauw University (BS, 1958) и Case Western Reserve University (MD-Ph.D., 1965)
Докторски менторЕрл Сатерленд, Jr. и Теодор Рол
Познат поОткритија во врска со цикличниот гванозин монофосфат како сигнална молекула во кардиоваскуларниот систем
Поважни наградиНобелова награда за физиологија или медицина (1998) и Награда Алберт Ласкер за основни медицински истражувања (1996)

Ферид Мурад (англиски: Ferid Murad, албански: Ferid Murati; Витинг (Индијана), 14 септември 1936 - 4 септември 2023) — светски признат лекар и фармацевт, добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1998 година. По татко води потекло од гостиварското село Лакавица и гостиварската општа болница го носи неговото име.[1] Прогласен е за почесен граѓанин на скопската Општина Чаир[2] и Косово, но и за почесен доктор на науки на Државниот Универзитет во Тетово.[3] Исто така е и почесен академик на Косовската академија на науките и уметностите.[4] Тој е автор на голем број научни трудови од областа на клиничката фармакологија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Мурад е роден на 14 септември 1936 година во мал стан над една пекарница во Вајтинг, Индијана. Неговите браќа Џон Абдерхаман и Турхон Ален се родени во 1938 и 1944 година. Неговиот татко, Џабир Мурат Ејупи е роден во гостиварското село Лакавица во 1892 година и е најстар од четири деца. Мајка му била Хенриета Џозефин Бауман, која починала кога тој имал 13 години. Тој и неговото семејство биле овчари и тој како тинејџер избегал од дома за да продава бонбони низ балканските земји за неколку години. Иако имал помалку од една година образование, научил да зборува седум јазици, пред да умре на возраст од 84 во 1976 година кога со својот син отишол во посета на родната Лакавица. Тој се сретнал со група на младнци во Австрија, кои емигрирале во САД. Во бирото за имиграција на островот Елис, во август 1913 година побарал неговото име да се промени од Џабир во Џон, по што службеникот го прогласил за Џон Мурат. По краткото работење во челичарници и фабрики во Кливленд и Детроит, се населил во Чикаго, каде што имал неколку пријатели. Неговата мајка, американката Хенриета Џозефин Бауман, е родена во 1918 година во Алтон, Илиноис и била трета од шесте преживеани деца на Елизабет Лилијан и Андреј Орви Бауман Таа завршила само основно, по што морала да престане со настава и требало да помага во домот и да се грижи за помладите браќа и сестри, додека нејзината мајка и двете постари сестри оделе на работа. Дедо му бил дрводелец, кој обично работел со скратено работно време и често ја трошел својата скромна плата во локалните барови пред да замине дома. Сиромаштијата на детството и на неговите предци и нивното минимално образование големо влијание на Мурад во образованието и кариерата. Едниот брат станал стоматолог, а другиот професор по антропологија со докторски степен. Додека Мурад бил мал, тие имале сеемен бизнис, односно имале ресторант. Тука тој научил доста за водењето на бизнис, но и за тешката работа и што значи живот без образование. Мурад потекнува од едно мултикофенсионално семејство. Неговиот татко како Македонски Албанец бил муслиман, додека неговата мајка била католик. Неговите браќа станале католици кога се оженил со католички жени, а и самиот Мурад бил крстен од страна на Епископалијанка додека бил на колез колеџ со што станал Епискоскопијанец. Неговата сопруга во доцните триесетти години станала презвитеријанка, а две од нивните ќерки се во брак еврејски мажи, додека едната е мажена за католик.

Образование[уреди | уреди извор]

Неговите родители не можеле да си дозволат да му помогнат со трошоците за неговото образование па барал колеџ во кој се нудело најдобра стипендија. Успеал да се запише на универзитетот DePauw во Гринкасл, каде студирал во периодот од 1954 до 1958 година. За време на студирањрто често се обидувал да работи и дополнително, сè со цел за да ги покрие големите трошоци. Во 1957 година за време на пролетниот распуст „Спринг Брејк“ во Форт Лодердејл, Флорида, се сретнал со Керол Ен Леополд, со која почнал да се забавува. Неколку недели од завршувањето на студиите во DePauw, односно на 21 јуни 1958 година се венчале. За време на неговите последни години од студирањето почнал да аплицира на медицинските училишта и планирал да оди на Washington University Medical School во Сент Луис. Еден негов пријател од братството, Бил Сатерленд, му дал идеја да аплицира кај неговиот татко Ерл Сатерленд. Таму бил интервјуиран, и бил веднаш примен на департманот за фармакологија. Планот бил да се учи уште 7 години, но неговата жена забременила, па тој по само еден семестар ги напуштил студиите.

Кариера[уреди | уреди извор]

Селото Лакавица во близина на Гостивар од каде што д-р Мурад има потекло

Мурад работел на повеќе работни места. Честопати и напорни ноќни смени. Потоа решил да одам во Општата болница во Масачусетс (1965-1967). Имал прекрасно искуство, бидејќи работел со некои од светските водечки научници, професори и лекари. Неговата група од 14 експерти била составена од светски умови како што се Том Смит, Тони Џото, Џим Вилерсон, Ед Сколник и други кои имале значително влијание врз него. Бил во NIH (американски Институт за национално здравство) повеќе од три години (1967-1970), кога од Универзитетот во Вирџинија бил повикан да развие нов клинички фармаколошки оддел во Департманот за медицина со назнака како вонреден професор по медицина и фармација. На факултет на Универзитетот во Вирџинија се приклучил на 1 септември 1970 година. Таму останал до 1981 година, каде што бил промовиран и како еден од најмладите професори во 1975 година. Како претседавач на медицина или фармација, тој бил во можност да види многу универзитети низ целата земја. Потоа решил да оди на Стенфорд во јули 1981 година како шеф на медицина на воените ветерани во болницата во Пало Алто. Таму бил и професор по медицина и фармакологија и соработник на претседателот. Во 1993 година заминал од Abbott Laboratories, една од најголемите американски фармацевтски компании, за да биде основач, претседател и извршен директор на нова биотехнолошка компанија, Molecular Geriatrics Corporation. Планот бил да се создадат уште поинтензивни истражувања засновани на биотехнолошката компанија, но за жал овој проект пропаднал, па Мурад заминал за Тексас. Таму во април 1997 година, на Универзитетот на Тексас во Хјустон станал претседател на новоформираниот оддел Интегративна биологија. Нобеловата награда ја добил додека бил на оваа позиција..[5]

Нобелова награда[уреди | уреди извор]

Нобеловата награда

Во 1998 година заедно со уште двајца научници Роберт Фечгот и Луис Игнаро ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина „за откривањето на улогата на азотен оксид како сигнална молекула во регулирањето на кардиоваскуларниот систем.“ Покажал дека нитроглицеринот и сличните лекови дејствуваат како вазодилататори во формирањето на телото на азотен оксид НО, кои делуваат како сигнални молекули и имаат релаксирачки ефект врз крвните садови.[6] Нитричкиот оксид ги проширува крвните садови и дејствува врз мозокот, срцето и другите органи. Тој се користи и кај предвреме родените бебиња, кај кои е помало нивото на кислородот во крвта, зашто го зголемува и тие можат подобро да дишат. Помага и кај зараснување на раните, а дејствува и врз коагулација на крвта. Околу 70 компании во светот имаат производи што ја содржат оваа молекула - нитричкиот оксид.

Ферид Мурад со американскиот претседател Бил Клинтон и останатите лауреати од 1908 година

По добиената награда, Мурад продолжи како претседател на Одделот за интегративниа биологија и фармакологија на Универзитетот во Тексас - Хјустон. Кратко време по Нобеловата награда било побарано да стане директор на Институтот за молекуларна медицина што тој ја прифатил. По наградата се зголемиле неговите активности, па посетил преку 40 земји во светот со 100.000 до 150.000 милји на годишно ниво. Бил канет на многу видови на состаноци и од функционери од целиот свет, па посетувал болници, учествувал на конференции, научни собири, семинари, итн. Со него се консултирале и компании и влади. Имал средби со претседателот на Палестина Јасер Арафат, израелскиот премиер Нетанјаху, претседателите Ли и Чен од Тајван, претседателот на Хонгконг - Тунг , претседателот Медани на Албанија, Претседателот Трајковски на Македонија, премиерот Вен Џиабао на Кина, претседателот Клинтон, претседателот Буш, многу конгресмен и сенатори, гувернери и градоначалници.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Gene Therapy, Volume 40 (Advances in Pharmacology) by J. Thomas August, Ferid Murad, M. W. Anders, Joseph T. Coyle;
  • Cyclic GMP: Synthesis, Metabolism, and Function, Volume 26... by Ferid Murad, J. Thomas August, M. W. Anders;
  • HIV I: Molecular Biology and Pathogenesis: Clinical Applications, Volume 49 (Advances in Pharmacology) by Kuan-Teh Jeang, J. Thomas August, Ferid Murad;
  • Drug-Drug Interactions: Scientific and Regulatory Perspectives, by Albert P. Li, J. Thomas August, Ferid Murad, M. W. Anders, Joseph T. Coyle
  • Biochemistry, Molecular Biology, and Therapeutic Implications, Volume 34: Nitric Oxide: Biochemistry, Molecular Biology, And Therapeutic Implications by Louis J. Ignarro, Ferid Murad, J. Thomas August, M. W. Anders, Joseph T. Coyle
  • Dr. Murad and Nitric Oxide; Nov 10, 2013 by Dr. Ferid Murad and Dr. Daniel Cheng-Shing Chen
  • Las bases farmacológicas de la terapéutica; Cover Theodore W. Rall, Ferid Murad. Editorial Médica Panamericana, 1989

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Мурад и Македонија[уреди | уреди извор]

Мурад поради своето потекло од гостиварско, тој е длабоко врзан за Македонија. Бил во неколку наврати во Македонија. Во 2000 година тој дошол со својата ќерка во Гостивар, која посвоила 3 месечно дете.[7] Гостиварската општа болница го нои неговото име, а е прогласен и за почесен граѓанин на скопската Општина Чаир. За време на неговата посета во 2012 година, тој бил прогласен и за почесен доктор на науки на Државниот Универзитет во Тетово. Една улица во Скопје го носи неговото име..[8] Тој е голем лобист за Македонија, а неговите успеси ги препишувал и како успеси на Македонија.[9] Во јуни 2011 година од Министерството за здравство на Македонија му била врачена благодарница за придонесот и развојот на медицината во Македонија.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Гостиварската болница ќе се вика „Ферид Мурад". Нова Македонија. Посетено на 14 март 2011.[мртва врска]
  2. „Нобеловецот Ферид Мурати почесен граѓанин на Чаир“. Нова Македонија. Посетено на 2 јуни 2012.[мртва врска]
  3. „Ферид Мурад почесен доктор на науки на ДУТ“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 1 јуни 2012.
  4. „Academy of Sciences and Arts of Kosovo“. Academy of Sciences and Arts of Kosovo. Посетено на 4 May 2010.
  5. „Ferid Murad Biography (1936-)“. faqs.org. Посетено на none. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „Nobel Prize Awarded to Scientists for Nitric Oxide Discoveries“. Cardiovascular News. Посетено на 1998. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. „Не би се лекувал во Македонија!“. Дневник. Посетено на 19 јуни 2011.[мртва врска]
  8. „Плоштадот кај црквата Св. Димитрија преименуван во „Филип Втори". 24 вести. Посетено на 24 јули 2014.
  9. „Средба со д-р Ферид Мурад, добитник на Нобелова награда од областа на медицината и клиничката фармакологија“. Претседател на Македонија. Посетено на 13 јуни 2011.[мртва врска]
  10. „БЛАГОДАРНИЦА ЗА НОБЕЛОВЕЦОТ ФЕРИД МУРАД“. Утрински Весник. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 12 јуни 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]