Прополис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ако за време на ведар летен ден се открие пчелина кошница, може да се види темнозелена смолеста материја со која се залепени платно-покривачите на горните греди на саќните рамки. Тоа е пчелниот лепак-прополис.

Инаку зборот прополис доаѓа од грчките зборови про, што значи пред и полис, што значи град. Тој назив доаѓа од тоа што пчелите со прополисот го стеснуваат влезот во пчелиниот град за сите несакани гости.

Со прополисот пчелите ги заѕидуваат пукнатините во кошницата, ги прицврстуваат гредите на рамките на жлебовите на својот восочен дворец, ги полираат ќелиите на саќето кои служат како складишта за мед и поленов прав, како и колевка за ларви. Со прополисот пчелите го обложуваат усмртените животинки кои продреле во кошницата (гуштери, змии и глувци) и на тој начин го спречуваат распаѓањето и трулењето на лешевите, па со тоа го спасуваат многубројното пчелино население во кошницата од непријатната реа и бактериската флора.

Состав на прополисот и негова примена[уреди]

Почнувајќи од Аристотел, истражувачите на животот на пчелините семејства во тек на многу столетија ги занимавало прашањето од што пчелите го изработуваат прополисот. Одамна се мислело дека пчелите го собираат прополисот од пупките на врбите, тополите, брезите, смреките, елите, боровите, дивиот костен итн. Американскиот научник Микола Г. Хајдак тврдел дека пчелите го собираат прополисот од пупките на разните билки и дека ја искористуваат и смолата на четинарите. За да го соберат овој градежно-ремонтен материјал пчелите летаат од 10 до 16 часови. Долетувајќи со овој терет во кошницата, собирачките на прополис го предаваат своето бреме на другите пчели, а тие (собирачките) одново се враќаат во работа на собирање на пчелиниот лепак. Во секое пчелино семејство само е непознат бројот на пчелите кои се зафатени со собирањето на пчелиниот лепак. Се разликува лажен прополис, т.е. оној кој пчелите го донесуваат, и вистинскиот кој пчелите го излачуваат секогаш кога јадат поленов прав. Тенката мембрана на поленовите зрнца содржи извесна количина на смоласта материја-балзам издвоена од поленовите зрнца во процесот на варење на храната (него пчелите го исфрлаат).

Според податоците на низа автори, прополисот просечно содржи 55% смола и балзам, до 30% восок, околу 10% ароматично етерично масло и 5% поленов прав, т.е. содржи комплекс од различни драгоцени материи. Во кошницата восокот и смолата се соединуваат по пат на ситнење во устите на пчелите и на тој начин се добива прополис.

Прополисот може да се применува:

  • При лечење на рани, при што манифестира добри терапевтски дејства.
  • Како средство за отстранување на набиени места на кожата (жуљеви).
  • Во народната медицина се претпоставува дека има противтуберкулозни својства.
  • Прополисовата маст во комбинација со вазелин, сончогледова маст и буникова маст успешно се применува при лечење на животни заболени од некробиоза (изумирање на клетките). Прополисовата маст спаѓа во слаби надразнувачи и допринесува за создавање на нормална исхрана.
  • Етеричното масло на прополисот (0,25% раствор) предизвикува потполна анестезија во тек на 12,5 минути.
  • Прополисот има својства против чешање на кожата.
  • Прополисот дава терапевтски резултати при кожни болести како што се псоријаза и радиодерматит (кај лекарите-радиолози).
  • Добри резултати се добиваат при примена на висококвалитетен прополис во вид на инхалација кај заболувања на горните дишни патишта и белите дробови - хронична кивавица, воспаление на душникот, бронхитис, неспецифични пневмонии, бронхијални астми.
  • Прополисот има извесно забавувачко дејство на развојот на цревната кока и други микроби, но не делува на стафилокока.
  • Во концентрација 1:10 прополисот го задржувал 'ртењето на канабисот.
  • Маст од прополис нанесена на кожа кај болни пред озрачување во најголем број на случаеви го спречува појавувањето на специфични реакции на покожицата.
  • Кај парадентоза и кариес добар ефект дава примената на прополисот во вид на испирање.
  • Прополисот се применува при хронични гнојни воспалувања на увото.
  • При рани кои тешко зараснуваат.
  • При опаѓање на косата.

Прополисот е алерген кај многу луѓе.

Професор Б. П. Токин рекол: "Прополисот е всушност чуден комплекс на биолошки активни супстанции".

Наводи[уреди]

  • Пчелите и медицината (од српски) - Наум Петровиќ Јојриш