Данте Алигиери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Данте Алигиери
Dante alighieri.jpg
Портрет
Роден(а) 1265
Фиренца, Италија
Починал(а) 13/14 септември 1321
Равена
Занимање италијански државник и поет

Данте Алигиери (италијански: Dante Alighieri) (1265 — 13/14 септември 1321) е италијански поет, и еден од најголемите фигури во светската литература, кој беше обожаван за неговите длабоки верски видувања и достиг на неговата интелектуалност. Неговото најголемо дело „Божествена комедија“ е најзначајната литературна изјава на средновековниот период и основа на современиот италијански јазик.

Неговата младост[уреди]

Данте Алигиери е роден во Фиренца во јуни 1265 година,од старо аристократско семејство.Неговата мајка умре во неговото детство,а татко му умре кога Данте имаше 18 години. Најбитниот настан од неговата младост беше среќавањето на неговата сакана Беатриче во 1274 година,кој восхитен од неа ја опејува во својата книга La vita nuova (Новиот живот) а подоцна и во неговото најголемо дело La divina commedia (Божествена комедија).

Малку се знае за образованието на Данте,неговите дела објавуваа нечитаност.Тој бил многу потпивнат од делата на Фиренцискиот философ и реторичар Брунето Латини (Brunetto Latini),кој претставува важна фигура во делото Божествена комедија.

Познато е дека Данте во Болоња отприлика во 1285 година,и тој таму можеби студирал на унверзитет. За време на политичките битки во Италија во тоа време тој отпрвин ги подржувал Гвелфовите и се борел против Гибелините.

Го интересирало сликарството, музиката, но најголемо значење ѝ придавал на поезијата. Ја читал латинската поезија со посебен интерес, најмногу Вергилиј кого го сметал за свој учител.

Се знае дека учествувал на забави, ловови, свечености, и во таквиот монденски живот на тогашната Фиренца се родила и се развила неговата љубов кон една фирентинска девојка која ќе биде одредница на неговите дела и животниот пат. Беатриче, како што ја нарекувал Данте, се омажила млада, но според сфаќањата од средниот век, бракот не бил препрека за чистата љубов кон друг човек.

La vita nuova (Нов живот)[уреди]

Важно дело на Данте Алигиери е La vita nuova (Нов живот), која ја напишал непосредно по смртта на Беатриче. Компонирана е од сонети и канцони (љубовни поеми) проткаен заедно со прозни објаснувања. Делото ја раскажува љубовта на Данте кон Беатриче, неговото претчувство за смртта на Беатриче, нејзината вистинска смрт. La vita nuova јасно ја искажува моќта на љубовната поезија.

Делото La vita nuova (Нов живот) е едно од најголемите и најубавите поезии во европската литература

Политичкиот живот на Данте[уреди]

Данте Алигери

Со политички живот Данте почнал да се занимава многу рано. Тој бил „Гвелф“ (тоа се приврзници на римскиот папа) и се борел против Гибелините. Извесно време бил во градскиот совет, а на дваесет и пет годишна возраст бил избран за член на колекиумот од шест члена, кој управувал со Фиренца. Кога партијата на Гвелфовите се поделила на „бели“ и „црни“ тој им пристапил на белите кои се бореле против папската курија. Во судирот меѓу овие две фракции победиле белите и ја презеле власта во Фиренца. Римскиот папа Бонифациј VIII се замешал во тој судир и со помош на францускиот принц Шарл Валоа влегол во Фиренца и тогаш власта над Фиренца ја презеле ``црните`` а ``белите`` биле протерувани од Фиренца.Тоа го доживеал и Данте.Тој бил принуден да ја напушти Фиренца и да живее во прогонство се до крајот на животот.Потоа тој бил молен да се врати во Фиренца,но не се вратил.

Во раните години од прогонството тој напишал две важни дела на латински јазик. De Vulgari Eloquentia (За народниот говор 1304- 1305).Во ова дело тој го дефинира домашниот јазик како литературен медиум и се обидува да воведе критериум за користење на пишуван италијански јазик и италијанска поезија. Незаврашеното дело Convivio (Гозба 1304-1307) било наменето да биде приказ, во 15 книги, на целото знаење во тоа време. Од ова дело биле завршени само првите 4 книги. Политичките надежи на Данте биле силно разбудени од доаѓањето во Италија на Хенри VII,кралот наГерманија и римски император. Намерата на Хенри VII била да ја одведе Италија во независна држава и да ги обедини италијанските градови. По пет годишно залагање Хенри VII не успеал да ги отргне од власт ``црните``Гвелфи и данте никогаш не се вратил во родниот град-Фиренца.Смртта на Хенри VII во Сиена во 1313 година надежите на Данте завршија многу брзо.Латинскиот трактат De Monarchia (За монархијата) е напишана за време на присуството на Хенри VII во Италија. Таму Данте ги изложил своите политички погледи дури и потребата на религиозена римска империја и одвојување од црквата и државата.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]