Марко Фабиј Квинтилијан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Марко Фабиј Квинтилијан (40-96 год. после Христа) бил по потекло од Иберискиот полуостров, од каде уште како момче дошол во Рим, каде што се образувал кај говорници. Иако бил критичен спрема многу појави во своето време, а особено спрема образованието, тој не бил бунтовник против режимот, така што успеал да стане државен професор по реторика. Неговиот учебник по реторика, најпознат во целата историја на беседништвото, не е книга што самиот ја напишал, туку настанала според белешките што ги „фаќале“ неговите ученици во текот на предавањата, а тој само ги редактирал. Преведен е на сите светски јазици. Учебникот на Квинтилијан содржи 12 книги (што одговараат на денешни поглавја), а во многу нешта се потпира на искуствата на Аристотел и Цицерон). Впрочем, и самиот Квинтилијан велел дека во многу нешта не е оригинален, дека честопати изнесува туѓи мислења, но за нив дава сопствен суд. Според Квинтилијан, способноста за елоквентно изразување е својствена на идеалниот човек, затоа што она што најмногу го разликува човекот од животните е токму можноста да говори. Тос сметал дека реториката е уметност (ако може работата на дрводелецот и грнчарот да се третира за уметност...). Тој сметал дека талентот е поважен од вежбањето, во што секако грешел... Квинтилијан сметал, а тука и грешел, дека не постои никаква разлика меѓу писменото и усното изразување, дека добро составениот напишан текст претставува предуслов за добар говор. Веројатно таквиот негов став бил резултат на практиката, говорот да се подготвува во вид на писмен состав или пак изговорениот да се бележи. Оваа книга ги опфаќа речиси сите прашања кои и современиот учебник би морал да ги содржи, иако одговорите се денес нешто поинакви. Тој малку помалку внимание отколку што денес се посветува му посветил на аудиториумот. Подробно расправал за тоа каков треба да биде учителот, каков треба да биде ученикот, кои знаења образованиот ретор треба да ги поседува, кога треба да почне со говори пред судот. Квинтилијан ја продолжил грчката и римската традиција по таков начин што големо внимание посветил на моралниот профил на говорникот, кој морал да биде честит и угледен човек. Тој требал да го познава правото, потоа историјата, а за граматиката, ортографијата и стилот зборувал веќе во првите глави. Како професор по реторика, Квинтилијан бил противник на тепањето како воспитна метода. Бил приврзаник и едно Најважен дел од неговиот учебник се десеттата и дванаесетта книга. Откако утврдил дека постојат различни стилови, тој не му дал предност на ниту еден од нив. Според една класификација, постои атички стил, збиен и едноставен и азијански стил, китнест и разуздан. Родскиот стил пак, стои на средината меѓу овие два. Квинтилијан се определил за атичката едноставност, затоа што азијанскиот стил му се чинел бомбастичен и надуен. времено предвесник на т.н. „перманентно образование“, што во негово време подразбирало дека говорникот треба да се образува целиот свој живот. Во образованието, говорникот треба да посвети внимание на поезијата, историјата, граматиката, посебно на ортографијата (=правописот), глумата и дури и на музиката, геометријата и астрономијата. Во поглавјето „За смеата“ тој зборува за досетките и нивното значење во говорот.

ЕДНОСТАВЕН СТИЛ[уреди]

Друг критериум според кој ги дели стиловите е силата на емоциите. Имено, начините на обраќање спрема слушателите можат да се поделат на благ или едноставен стил (genus subitile), кој се користи за изложување на факти, доказниот материјал за експозицијата. Овој стил бара остроумност. Од Хомеровите ликови, Менелај е близок на овој стил, затоа што зборовите му се пријатни, „а говорот тече посладок од мед“.

СРЕДЕН СТИЛ[уреди]

Средниот стил (genus medium), се нарекува уште и „цветен“ (genus floridum), Квинтилијан го споредувал со бистра река чии брегови се обраснати со зелена шума. Тој служел за забава и придобивање на слушателите, па од говорникот се барало да биде благ. Според овој стил, треба да се користат дигресии, метафори, изреки и не треба да се брза во излагањето.

ВИСОК СТИЛ[уреди]

Високиот или силниот стил (genus grande atque robustum) бара сила и тој е упатен на емоциите. Овој стил дозволува употреба на хиперболи, силен глас и гест. Со него често се служеле Цицерон и Перикле, чија што жестина Квинтилијан ја споредил со молња, а од Хомеровите ликови овој стил е својствен за Одисеј, чијшто говор потсетува на силна лавина. Секој од овие стилови има свои предности и се користи во различни прилики, според потребите на говорот. Оваа поделба на стиловите што ја дал Квинтилијан не е негов изум, туку се потпира на реторската традиција на Грција и Рим и, како таква има трајна вредност. Дури ни најновите теоретичари по беседништво не внеле суштински новини. Единствено денешниот вкус е поблизок до едноставниот стил, кој пак се приближува до обичниот, разговорен тон. Тешко се наидува на прашање кое се поставува во теоријата и практиката на реториката, а Квинтилијан да не дал одговор. Тој бил свесен дека, заради исчезнувањето на републиканскиот облик на власт се намалува значењето на политичкото беседништво, така што најмногу внимние посветил на судското. Едно од важните прашања за кои тој расправал е-кога говорникот да се повлече од сцената. Тој советувал говорникот да се повлече штом ќе почувствува дека му попуштаат силата и концентрацијата. И самиот се држел до тоа, така што престанал да предава во школата веднаш штом ја поминал педесеттата година.

НАСЛОВИ ОД УЧЕБНИКОТ ПО РЕТОРИКА НА КВИНТИЛИЈАН[уреди]

За смеата; Јасноста на стилот; Сентенците и нивното значење во говорништвото; Фигури на мислите; Говорни фигури; Композиција, ритамот на метричките стапки и нивната употреба; Ментална подготовка; Импровизација; Памтење; Излагање на говорот; Какви судски расправи треба да презама говорникот; На што треба да се внимава при излагањето на говорот; Говорни стилови.