Претор (титула)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стар Рим
Политика на и управување во Стариот Рим

Римско Кралство
753 п.н.е.510 п.н.е.
Римска Република
510 п.н.е.27 п.н.е.
Римска Империја
27 п.н.е.476

Принципат
Западно царство

Доминат
Источно царство

Редовни магистрати

Конзул
Претор
Квестор
Промагистрат

Едил
Трибун
Цензор
Управник

Вонредни магистрати

Диктатор
Магистер еквитум
Конзуларен трибун

Рекс
Триумвири
Децемвири

Титули и почести
Цар

Легат
Дукс
Официус
Префект
Викариј
Вигинтисексвири
Ликтор

Магистер милитум
Император
Принцепс сенатус
Понтифекс максимус
Август
Цезар
Тетрарх

Политика и право

Сенат
Курсус хонорум
Римски собранија
Колегијалност

Римско право
Римско граѓанство
Аукторитас
Курсус хонорум


Претор (лат.: praetor), според Цицерон, бил назив, односно титула со која биле означувани конзулите во својата функција на врховни воени команданти во периодот на Римската република[1]. Значењето на зборот, Цицерон го извлекува од латинскиот глагол praeire (= "да се оди напред, да се предводи"). Во периодот на развиената република преторите биле државни службеници кои според своите овластувања и углед се наоѓале веднаш зад конзулите.

Претура[уреди]

Во почетокот претурата претставувала еден вид трет конзулат, бидејќи главните функции на преторот биле овластувањата кои му ги делегирале конзулите кои, според Цицерон, се нарекувале iudices a iudicando, односно “судии затоа што судат“. Функцијата претор во почетокот ја извршувало лицето кое во претходните години било конзул. Луциј Папириј бил претор откако ја завршил функцијата конзул. Понекогаш преторот имал команда над војската, а додека конзулите биле отсутни од Рим заедно со војската, преторот во градот ги извршувал нивните задачи.

Преторот бил курулен магистрат, па затоа имал воена власт (лат.: imperium), но во се морал да им се потчини на конзулите и нивните одлуки. Ознака на неговата чест биле шестмина ликтори, од кои подоцна останале само двајца.

Во подоцнежниот период на Римската република, преторот по својот мандат заминувал како пропретор, да управува со некоја од римските провинции.

Прв претор[уреди]

Според аналистичката традиција, првиот претор бил избран во 356 г. п.н.е. меѓу патрициите, кои наводно таа должност ја востановиле исклучиво како патрициска, затоа што положбата на конзулот морале да ја делат со плебејците. Првиот плебеец за претор бил избран во 337 год. п.н.е. Преторот се нарекувал и “колега на конзулот“ (лат.: collega consulibus) и се избирал на центуриското собрание, истовремено со конзулите.

Втор претор[уреди]

Во 246 год. п.н.е. бил избран уште еден претор со обврска да пресудува во парниците меѓу странците (лат.: peregrini) или меѓу странците и римските граѓани, па бил наречен praetor peregrinuc. Од тој период првиот претор се нарекувал praetor urbanus или praetor Urbis ("градски претор") и бил задолжен за споровите меѓу самите граѓани. Двајцата претори со коцка решавале како меѓусебно ќе ги распоредат овие две улоги. Ако еден од нив морал да командува со војската во некој поход, тогаш другиот претор ги преземал неговите цивилни функции во градот.

Praetor Urbanus[уреди]

Претор урбанус (Praetor Urbanus) имал повисока функција, но цивилните овластувања му се протегале само врз градот Рим од кој можел да отсуствува само десет дена по ред. Во неговите должности спаѓало и надгледувањето на Аполинарските игри, но сепак главни задолженија му биле судските. Затоа, едиктите на низа римски претори претставуваат важен фактор во развојот на римското право.

Судски овластувања[уреди]

Главно судско овластување на преторот во граѓанските парници било давањето правно мислење (лат.: iudicium), како и ставањето забрана за извршување на некој акт (лат.: interdictum).

Исто така, преторите претседавале со кривичните парници, односно со поротничките судови (лат.: questiones perpetuae). Во подоцнежниот период на Републиката имало осум видови на вакви судови:

  • за повреда на народното величество (лат.: perduellio или crimen laesae maiestatis),
  • за недозволен начин на изборна кампања (лат.: ambitus),
  • за изнудување во провинциите (лат.: repetundae),
  • за проневера на јавните пари (лат.: peculatus),
  • за насилство врз поединците или повикување на јавен неред (лат.: vis),
  • за убиство (лат.: parricidium или inter sicarios),
  • за труење (лат.: veneficium),
  • за фалсификување на тестаменти или пари (лат.: falsum).


Наводи[уреди]