Когномен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Когномен (латински: "co" = заедно, со; и "nomen" = име; множина: cognomina) е третиот дел од римските имиња. [1]

Оригинално, називот cognomina започнал да се користи како прекар, но таквото значење го изгубил кога добил наследен карактер, односно се пренесувал фамилијарно. Когноменон, односно прекарот, служел главно за разликување на поединците во античкиот период, односно како додавка на преноменот, а понекогаш се користел и за да се нагласи нечиј војсководачки успех.

Наспроти почесниот когномен, што го добивале успешните генерали, повеќето когномени во секојдневниот разговор во римско време се базирале на физички или лични карактеристики. На пример, Rufus значело "црвенокос" или Scaevola (Гај Муциј Сцевола) значeло "левучар".

Денес многу истакнати антички Римјани ги разликуваме само по нивниот прекар. На пример, Цицерон (лат.: cicer што значи леблебија) служи како скратено име за Марко Тулиј Цицерон, и Цезар за Гај Јулиј Цезар.

Наводи[уреди]

  1. Епиграфските споменици решаваат многу историски дилеми објаснувања на м-р Славица Бабамова за древните натписи, Македонско сонце 760/23.1.2009