Сон на летната ноќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сон на летната ноќ IV чин, I појава. Резба од слика на Хенри Фјусели, издадена 1796.
Насловната страница на првото кварто (1600)

Сон на летната ноќ (англиски: A Midsummer Night's Dream) е романтична комедија напишана од Вилијам Шекспир. Била предложена од „Приказната на витезот“ од Кантербериските приказни на Џефри Чосер и напишана некаде околу 1594 до 1596. Ги прикажува авантурите на четири млади атински љубовници и група аматерски актери, нивното дејствување со кралот на Атина, Тезеј, кралицата на амазонките, Хиполита и со самовили кои населуваат една месечево осветлена шума. Претставата е една од најпопуларните Шекспирови дела за сцена и е широко изведувана насекаде низ светот.

Синопсис[уреди]

Претставата обработува три затворени заплети, поврзани со славењето на свадбата на кралот Тезеј на Атина и амазонската кралица, Хиполита, истовремено поставена во шума и во кралството на самовилите, под месечевата светлина.[1]

Во отворачката сцена, Хермија одбива да ги следи инструкциите на нејзиниот татко Егеј да се омажи со веќе избраниот маж за неа, Деметар. Како одговор, Егеј пред Тезеј цитира еден древен антички закон кој вели дека ќерката мора да се омажи со додворувачот одбран од нејзиниот татко или да се соочи со смрт. Тезеј не сакајќи оваа млада девојка да умре ѝ нуди, доживотно богослужение во храмот на божицата Дијана како калуѓерка.

Хермија и нејзиниот љубовник Лисандар одлучуваат да избегаат ноќе низ шумата. Хермија ја известува за ова својата другарка Елена, но Елена скорешно одбиена од Деметар одлучува да ја добие назад неговата добронамерност со откривање на нивниот план на нему. Деметар решително следен од Елена, почнува да ја брка Хермија. Хермија и Лисандар, верувајќи дека се на безбедно, надвор од досег, заспиваат во шумата.

Студија на караницата помеѓу Оберон и Титанија од Џозеф Ноел Патон

Во меѓувреме, Оберон, крал на самовилите и неговата кралица, Титанија, се во шумата надвор од Атина. Титанија му кажува на Оберон дека планира да спие таму до по присуствувањето на свадбата на Тезеј и Хиполита. Оберон и Титанија се отуѓени бидејќи Титанија одбива да му го предаде на Оберон своето индиско дете за да тој го искористи како свој „витез“ или „миленик“, бидејќи мајката на детето била богослужбеничка на Титанија. Оберон решава да ја казни непослушноста на Титанија. Затоа го повикува пакосниот Пук (познат и како Ѓаволестото духче) да му помогне со наоѓање на волшебен сок од цвеќето наречено „љубичица“, кој ако се исцеди на заспаните очи на некој човек прави да тој човек се заљуби во првото живо битие што ќе го види. Тој му кажува на Пук дека цвеќето му е потребно за да ја натера Титанија да се заљуби во некое срамно суштество од шумата. Оберон и ги прошарува очите со сок на Титанија додека спие за да може да и го одвлече вниманието и да ја присили да и го предаде детето.

Имајќи го претходно видено Деметар колку сурово се однесува кон Елена, Оберон му наредува на Пук да попрска малку од еликсрот на очните капаци на младиот атињанин. Намето тоа, Пук по грешка го посипува сокот на очите на Лисандар, кој веднаш се заљубува во Елена. Оберон гледа дека Деметар сè уште ја бара Хермија и се разлутува. Кога Деметар решава да поспие, Оберон го праќа Пук да ја најде Елена додека ги маѓепсува очите на Деметар. Поради грешката на Пук што стави сок на очите на Лисандар, сега и двајцата љубовника се тепаат за Елена наместо за Хермија. Елена, сепак, е убедена дека двајцата додворувачи ја исмејуваат, бидејќи никој всушност вистински не ја сака. Четворицата се караат меѓусебе сè додека Лисандар и Деметар толку се разлутуваат што бараат место каде ќе водат двобој до смрт за да докажат чија љубов кон Елена е поголема. Оберон му наредува на Пук да гледа Лисандар и Деметар да не се тепаат додека тој ја отстрани магијата од Лисандар, за да и се врати на љубовта кон Хермија.

Во меѓувреме, банда од шест ниско-класни работници („толпа крпаџии“, наречени од страна на Пук) се договораат да ја изведат претставата Пирам и Тизба за свадбата на Тезеј и се собираат во шумата, близу женската соба на Титанија, за проба. Калем, фанатичен љубител на театарот и ткајач, е затекнат од Пук, кој му става магарешка маска. Кога Калем се враќа за својата реплика, останатите работници го погледнуваат и преплашени бегаат. Одлучен да ги чека своите пријатели, почнува да си потпевнува. Титанија се разбудува од пеењето на Калем и веднаш се заљубува во него. Tаа се однесува со него како со благородник и го обилува со внмание. Додека е во оваа состојба на приврзаност, таа го пресретнува Оберон и случајно му го предава индиското момче. Постигнувајќи ги своите цели, Оберон ја ослободува Титанија и му наредува на Пук да ја отстрани магарешката глава од Калем. Маѓепсаноста е отстранета од Лисандар, но не и од Деметар, за да тој може да и ја возврати љубовта ма Елена.

Самовилите потоа исчезнуваат и Тезеј и Хиполита пристигнуваат на сцената, за време на утрински лов. Ги будат љубовниците, и бидејќи Деметар не ја сака Хермија повеќе, Тезеј ги прекорува барањата на Егеј и подготвува групна венчавка. Вљубениците решаваат дека ноќните настани мора да биле сон. Откако сите си заминуваат, Калем се буди и тој решава дека искушил сон „надвор од моќта на човечкиот разум“. Во Атина, Тезеј, Хиполита и вљубениците гледаат како шестте работници ја изведуваат Пирам и Тезба. Таа е смешно и лошо изведена и на сите им дава непредвидено задоволство, а потоа сите се повлекуваат в кревет. Веднаш потоа, Оберон, Титанија, Пук заедно со нивните придружби влегуваат, и ја благословуваат куќата и нејзините сопственици со успех.

Наводи[уреди]

  1. Shakespeare, William (1979). Harold F. Brooks. уред. „The Arden Shakespeare "A Midsummer Nights Drean"“. Methuen & Co. Ltd.. cxxv. ISBN 0415026997. 

Надворешни врски[уреди]