Џефри Чосер
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Џефри Чосер (Лондон, 1340 - Лондон, 25 октомври 1400), најголем англиски поет во средниот век, еден од основачите на англиската книжевност, современик на Петрарка и на Бокачо. Најзначајно му е делото „Кантербериски приказни“, збирка од 24 циклуси приказни, од кои само две се во проза, а другите се во стихови. Тоа е првото и поголемо позначајно остварување на англиски јазик. Други негови познати дела се „Птичје собрание“ и „Троил и Кресида“.
