Приказната на чиновникот
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Приказната на чиновникот (англиски: The Cleric's Tale) е првата приказна од Групата Е во делото Кантербериски приказни од Џефри Чосер. По ова приказна следи Приказната на трговецот. Чиновникот од Оксенфорд (денешен Оксфорд) е студент по философија или теологија (во денешна смисла). Тој ја раскажува приказната за Гризелда, млада девојка чиј сопруг ѝ ја проверува верноста по пат на низа бизарни измачувања во духот на библиската книга за Јов.
Дејствие [уреди]
Гризелда раѓа ќерка, и Валтер решава да ја провери нејзината верност кон него. Тој праќа офицер да го земе бебето, преправајќи се дека ќе го убие, и тајно го носи во Болоња. Гризелда на ова не се буни. Кога таа раѓа син неколку години подоцна, маркизот повторно наредува да се земе детето.
На крај, Валтер решава да направи уште една последна проверка. Тој фалсификува папска била за поништување на брак и ѝ соопштува на жена си дека намерава да се прежени и дека од неа бара да ја подготви венчавката. Валтер тајно ги враќа децата од Болоња, и ја преставува ќерка си како новата жена. Подоцна тој ѝ кажува на Гризелда за измамата, и (неверојатно) продолжуваат да си живеат среќно засекогаш.
| Претходник Приказната на судскиот повикувач |
Кантербериски приказни | Наследник Приказната на трговецот |
