Френсис Бејкон

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

[уреди] Френсис Бекон

[уреди] Живот и Дела

Сер Франсис Бекон

Френсис Бекон (22 јануари, 1561 - Лондон, 9 април, 1626) бил англиски философ, државник, шпион и есeист. Тој бил човекот кој прв ја образложил потребата од промената на човековиот дух, промената во методите и истражувањата во науката, прв го критикува лошото сознание. Тој бил најмалиот од петте сина на Николас Бекон, а неговата мајка била негова втора жена. Уште на своја 12 годишна возраст поаѓа во Кембриџ, каде Кралицата е импресионирана од неговата интелигенција. Заедно со Англискиот Амбасадор во Франција заминува за Париз. По ненадејната смрт на неговиот татко, тој ќе биде во долгови, поради немањето пари. Имал извонредни таленти, дури луѓето сметале дека тој ги напичал прочуените пиеси, под името „Шекспир“. Бил прогласен за витез во 1603, титулиран како Барон Верулем во 1618, и како Висконт од Сент Олбенз во 1621.

По повлекувањето од политиката тој ќе почне да се занимава со филозофијата и науката. Негови најпознати дела се „Нов органон“ „За достоинството и за зголемувњаето на науките“, „Класификација на науките“, „Есеи- или политички и морални совети“, „Нова Атлантида“.

[уреди] Неговото толкување за човековото познание

Својата кариера ја започнал како адвокат, но најпознат е како философ и како бранител на научната револуција. Неговите дела ja популаризираат индуктивната методологија на научното истражување, попозната како Беконов метод. Индукцијата претпоставува црпење на знаење од природниот свет преку експериментирање, набљудување, и тестирање на хипотези. Во негово време, таквите методи се поврзувале со окултните трендови во алхемијата. Тој смета дека првиот проблем на човековото сознание е неправилниот извор и вистината на сознанието. Тој смета дека наместо луѓето да поаѓаат од факти и податоци кои се 100 % точни, тие поаѓаат од претпоставките. Тој го критикува лошото сознание и смета дека луѓето треба да се ослободат од погрешните претпоставки и од невистината, ако сакаат да дојдат до вистинското сознание. Луѓето, значи ги земаат однапред нештата како вистинити (антиципација) и не се занимаваат со објаснување на појавите (интерпретација) Бекон заблудите ги нарекува идоли ( нешто замислено, лажна слика, измама на човечкиот дух) и според него постојат четири идоли:

Идоли на племето – кои ги имаат сите луѓе. Тие мислат дека светот е таков како што мислат тие. Тука спаѓаат и брзоплетото заклучување, претерано обопштување итн.

Идоли на пештерата – тоа се индивидуални сознајни грешки на секој човек. Станува збор за заблудите кои произлегуваат од лошата поставеност на секо човек кон реалноста и кон сознанието.

Идоли на плоштадот – тоа се заблудите поврзани со јазикот, со зборовите кои се користат во комуникацијата, и со нивната погрешна употреба следува недоразбирање.

Идоли на театарот – тоа се заблудите поврзани со традицијата, од некритичкиот однос кон филизофските учења. Станува збор за заблудите кои се прифаќаат онака како што се гледаат, а не како што навистина се.


Значи, тој ги критикува заблудите и смета дека со нивна критика ние доаѓаме до можноста за вистинско знаење, кое ни е потребно за добро живеење. Како и неговата поговорка „Знаењето е моќ“, исто така тој во делото „Нова атлантида“ пишува: „Знаењето е движечка сила на развојот на човештвото, извор на нашата благосостојба и среќа.“ Тој, остро ја критикува сколастичката филозофија, за која смета дека е бесплодна и сопирачка за развиток на науките.