Универзитет во Поатје
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Основан | 1431 |
|---|---|
| Тип | Јавен |
| Претседател | Жан-Пјер Жесон |
| Персонал | 2.300 |
| Студенти | 24.000 |
| Локација | Поатје, Франција |
| Веб-место | http://www.univ-poitiers.fr/ |
Универзитетот во Поатје (француски: Université de Poitiers) е универзитет кој се наоѓа во Поатје, Франција.
Содржина |
Историја[уреди]
Универзитетот е основан во 1431 година од страна на Папата Евгениј IV за време на владеењето на кралот Шарл VII, Универзитетот во Поатје најпрво бил составен од 5 факултети: теологија, канонско право, цивилно право, медицина и уметности.
Во 16. век, универзитетот извршил силно влијание врз културниот живот во градот и бил на второ место по оној во Париз. Од 4.000 студенти во тоа време, некои станале познати: Франсоа Рабле, Рене Декарт, Франсис Бекон и др.
По привременото затворање за време на Француската револуција кога биле укинати универзитетите во внатрешноста, Универзитетот во Поатје повторно проработел во 1896. Се отвориле и катедри по наука и книжевност.
Организација[уреди]
Универзитетот ги покрива сите поглавни академски домени преку своите 14 оддели, институти и школи:
- Истражувачки оддели
- Оддел за право и општествени науки
- Оддел за економија
- Оддел за основни и применети науки
- Оддел за книжевност и јазици
- Оддел за хумани науки и уметности
- Оддел за спортски науки
- Оддел за медицина и фармација
- Школи
- Виша инженерска Националната школа од Поатје (Ecole Nationale Suéprieure d'Ingénieurs de Poitiers - Higher National Engineering School of Poitiers) (ENSIP)
- Институти
- Политехника од Поатје (IUT)
- Политехника од Ангулем
- Институт за Бизнис Администрација (IAE)
- Институт за Комуникација и Нови Технологии (ICOMTEC)
- Подготвителен Институт за Општа Администрација (IPAG)
- Институт за Индустриски, Безбедносни и Финансиски Ризици(IRIAF)
Во 2005 правниот факултет е рангиран на второ најдобро место од страна на француското списание "l'étudiant".
Точки на интерес[уреди]
Види исто[уреди]
Надворешни врски[уреди]
- Official website (француски) (англиски) (шпански)
Шаблон:Coimbra Group Шаблон:IRUN Шаблон:Public Universities in France