Емпедокле

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Емпедокле

Емпедокле (490-430 година п.н.е.) бил старогрчки филозоф, научник, физиолог и верски учител. Бил жител на градот Агригент, грчки град на Сицилија, носел златен, лавров венец и бронзени сандали. Бил проучен исцелител и извонреден говорник; Аристотел го опишал „како татко на говорништвото“. Емпедокле бил најпознат по убедувањето дека сите материи се состојат од четири елементи - огнот, воздухот, земјата и водата, кои ги спојуваат и ги раздвојуваат персонификуваните косимчки сили на љубовта и раздорот. Верувал во реинкарнацијата и тврдел дека е божествено битие. Според преданието, умрел фрлајќи се во пламенот на Етна, додека се обидувал да докаже дека ќе се врати како бог.

[уреди] Извор

  • Енциклопедија „ОПШТА НАУКА“ (преведена на Македонски јазик), Национална и универзитетска библиотека „Свети Кирил и Методиј“, Скопје
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици