Протагора од Абдера

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Софизам
Име: Протагора (Πρωταγόρας)
Роден: 490 BC
Умрел: 420 BC
Школа/традиција: Софизам
Главни интереси: јазик, говор
Влијанија врз: Платон


Меѓу софистите прво место зазема прочуениот Протагора кој се смета и како основач на софистиката и хуманизмот. Роден е во Абдера (481-411 г.п.н.е.). Патувал и предавал за пари насекаде по Хелада, Сицилија, Јужна Италија, но најмногу се задржал во Атина каде што имал најмногу клиенти.

Неговото учење се собира околу три главни проблеми:

  1. Човекот - критериум на сé.
  2. Дијалектика.
  3. Скептицизам и релативизам.

Протагора непишал повеќе дела, но само од едното ,,Вистина", останале неколку фрагменти. На почетокот од ова дело Протагора вели дека човекот е мерило на се. До денес постојат спорни прашања за тоа што сакал Протагара со тоа да каже. Дали под човек тој мили на субјект - поединец или пак тој збор има објективно значење, односно кога се спомне ,,човек" се мисли на целиот човечки род. Земајќи ги во предвид социјалните и политичките услови во кои живеел Протагора може да се тврди дека под поимот ,,човек" тој мисли на целиот човечки род. Со тврдењето дека човекот е мерило на сите нешта, го воздигнува човекот над митологијата и традицијата, над боговите и религијата. Тој тврди дека човекот е мерило на се - и за своето мислење не му требаат никакви авторитети. Според тоа општествените установи и начела не се од божествено потекло, ниту по природа се такви, ниту вечни, туку се само општествен производ, па се е променливо и релативно.

Протагора е релативист - нема апсолутна вистина, таа е онаква каква што му се претставува на некој човек. Исто така Протагора е и сензуалист - осетното познание, ни ја дава вистината. Во него треба да се има полно доверба. Како критериум, мерило на вистината се зема мнозинството, општата согласност.

Методот со кој докажува Протагора се нарекува антилогија. Тој метод се состоел во тоа што сите прашања се поставуваат во антитеза. Кога се прашуваме што е добро се прашуваме и што е зло, и на првото прашање не можеме да дадеме одговор додека не одговориме и на второто. Вистината на докажување се состои од два начина. Едниот е начин во тоа што прво ќе се наредат примери, а потоа ќе се изведе заклучок. Ако сакаме да докажеме дека нешто е добро, треба прво да ги нередеме примерите, кои го потврдуваат тоа и обратно. Вториот начин е наречен, сведување на апсурдно (reductio ad absurdum). Со него се докажува дека мислењето на противникот е неможно, а притоа нашиот став е вистинит. На пример, ако некој тврди дека болеста не е добра за луѓето, Протагора тврди дека таа е добра за лекарите, со што го отфрла тврдењето на противникот.

Во своите дела за религијата Протагора бил многу критичен. Кога го запрашале дали боговите постојат тој рекол дека на тоа прашање не може да даде одговор бидејќи прашањето не е јасно. Прво треба да се одговори на прашањето што е бог. Доколку одговориме дека бог е нешто натприродно, тогаш тоа е неопределено и збунливо. Исто така вели дека човечкиот живот е краток за да се расправа едно вакво големо прашање. Поради ваквиот став Протагора бил осуден на смрт, а неговото дело го запалиле.

Шаблон:Ancient Greece

Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Лични алатки