Флора на Македонија
Флората на Македонија е претставена со околу 210 фамилии, 920 рода и околу 3.700 видови. Најзастапена група се скриеносемениците, со околу 3.200 видови, проследени од мововите (350 видови) и папратите (42).
Фитогеографски, Македонија ѝ припаѓа на илирската покраина на Циркумбореалниот регион во рамките на Бореалното царство. Според Светслиот фонд за природа (WWF) и Дигиталната карта на европски еколошки региони на Европската агенција за животна средина, територјата на Република Македонија може да се подели на 4 екорегиони: пиндски мешани шуми, балкански мешани шуми, родопски мешани шуми и егејски тврдолисни[1] и мешани шуми.
Содржина |
Бројчена застапеност на растителните фамилии, родовци и видови [уреди]
Сите родови и видови на растенија што виреат во Македонија се претставени во делото „Флора на Република Македонија“ од академикот Кирил Мицевски,[2] еден од најважните ботаничари во Македонија.
| Група | Фамилии | Родови | Видови | Подвидови, сорти, облици | Сите таксони |
|---|---|---|---|---|---|
| Џигерници | 29 | 42 | 66 | - | - |
| Роговници | 1 | 1 | 1 | - | - |
| Мовови | 34 | 124 | 330 | - | - |
| Ликоподиумови | 3 | 5 | 6 | - | 6 |
| Членестостеблени | 1 | 1 | 7 | 13 | 20 |
| Папрати | 15 | 21 | 42 | 18 | 60 |
| Голосеменици | 4 | 6 | 15 | 7 | 22 |
| Скриеносеменици *Дикотиледони *Монокотиледони |
120 102 18 |
720 565 155 |
3.200 2.600 600 |
1.700 1.500 200 |
4.900 4.100 800 |
| Вкупно растителни таксони | 210 | 920 | 3.700 | 1.740 | 5.350 |
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ)