Исмаил Самани (врв)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Врв Исмаил Самани
Қуллаи Исмоили Сомонӣ
USSR-Tajikistan-Peak Communism.jpg
Поглед на врвот Исмаил Самани
Надм. вис. 7495 м 
50-ти
Истакнатост 3402 м
54-ти
Заведена како највисок во земјата, ултра
Местоположба
Врв Исмаил Самани се наоѓа во Таџикистан
Врв Исмаил Самани
 Таџикистан, северозападна Горнобадахшанска АО
Венец Памир
Координати 38°55′00″ СГШ 72°01′00″ ИГД / 
Искачување
Прво освојување 9 септември 1933
СССР Евгениј Абалаков
Најлесна патека искачување по карпи/снег/мраз

Исмаил Самани (таџ. Қуллаи Исмоили Сомонӣ; рус. пик Исмаила Самани) е највисоката планина во Таџикистан и поранешниот Советски Сојуз. Наречена е по емирот Исмаил Самани (849-907), родоначалник на династијата Саманиди.

Кога во 1928 се утврдило дека во венецот Памир постои планина повисока од Лениновиот Врв, надлежните провизорно претпоставиле дека станува збор за Гармо. Со понатамошните експедиции на планините, во 1932 е востановено дека не станува збор за една иста планина, а во 1933 новиот врв во венецот на Академија Наук, бил наречен Сталинов Врв (пик Сталина), во чест на Јосиф Сталин. Во 1962, името е сменето во Врв на Комунизмот (таџ. Пики Коммунизм, рус. пик Коммунизма), а во 1998 е дадено сегашното име.

Планината прв ја искачил советскиот планинар Евгениј Абалаков, на 9 септември 1933 г.[1]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Голема советска енциклопедија, „Пик Коммунизма“

Надворешни врски[уреди]