Привремена влада

Од Википедија — слободната енциклопедија

Привремена влада (нарекувана и заменска влада, итна влада или преодна влада) ― владино тело формирано во вонредни околности за да управува со политичката транзиција најчесто по создавање на нова држава или по падот на претходната владејачка гарнитура. Привремени влади обично се назначуваат и најчесто се појавуваат, за време или по граѓанска или војна со друга држава.

Привремените влади остануваат на власт сѐ додека во редовен политички процес (најчесто избори) не биде назначена нова влада.[1] Овие влади може да: ја дефинира правната структура на следниот режим, дава насоки поврзани со човековите права и политичките слободи, ја дефинира структурата на економијата, владините институции и носи одлуки за усогласување со меѓународните нормативи.[2]

Според Јоси Шајн и Хуан Џ. Линц, привремените влади може да се групираат како: [3]

  1. Револуционерни привремени влади (по соборување на поранешниот режим и власта ја преземаат луѓето кои го собориле).
  2. Привремени влади со поделба на власта (кога власта ја делат поранешниот режим и оние кои се обиделе да го променат).
  3. Актуелни привремени влади (кога власта во транзицискиот период ја има поранешниот режим).
  4. Меѓународни привремени влади (кога власта за време на транзицискиот период ѝ припаѓа на меѓународната заедница).

Воспоставувањето на привремени влади честопати е тесно поврзано со спроведувањето на транзициската правда.[4]

Примери за привремени влади[уреди | уреди извор]

Примери за привремени влади се (по хронолошки редослед):

  • Привремената влада на Хаваи (1893), воспоставена од одборот на американски деловни луѓе кои го собориле Кралството Хаваи и неговата кралица Лилиуокалани.
  • Привремена влада на Индија (1915), воспоставена во Кабул.
  • Привремена влада на Република Ирска (1916), име кое го презела раководството по краткотрајното Велигденско востание.
  • Руската привремена влада (1917), формирана како резултат на револуцијата со која бил соборен царот Николај II.
  • Југозападна Кавкаска Република (1919), основана во Карс.
  • Привремена влада на Република Кореја (1919), формирана во егзил во Шангај, Кина, подоцна во Чонгкинг, за време на јапонската окупација на Кореја.
  • Привремена влада на Јужна Ирска (1922), формирана со договор меѓу британските власти и ирските револуционери за истата година да се формира Слободна Држава Ирска.
  • Привремена влада на Литванија (1941), формирана кога Литванците ја собориле советската окупациска влада за време на краткотрајната литванска независност во 1941 година. Дејствувала сѐ додека нацистичка Германија не ја анектирала земјата.
  • Фленсбуршката влада (1945), формирана по самоубиствата на Адолф Хитлер и Јозеф Гебелс во последните денови од Третиот Рајх.
  • Привремена влада на Азад Кашмир (1946), соборена со национален консензус за да се создаде нов државен устав и повторно да се воспостави цивилно владеење по „Кампањата за напуштање на Кашмир“ и индиската воена интервенција.
  • Привремена влада на Сириската Арапска Република (1949), формирана со национален консензус за да се донесе нов устав и да се врати цивилното владеење по неколку воени влади.
  • Привремена револуционерна влада на Република Јужен Виетнам (1969-1976), формирана како алтернативна (марксистичко-ленинистичка) влада. Управувала со Јужен Виетнам од заземањето на Сајгон од Северен Виетнам во 1975 година до создавањето на Социјалистичка Република Виетнам во 1976 година.
  • Национален совет на владата (1986-1988), привремено раководно тело на Хаити по заминувањето на Жан-Клод Дувалие
  • Национален фронт за спас (1989), по соборувањето на режимот на Николае Чаушеску во романската револуција од 1989 година .
  • Коалициската привремена администрација, Ирачкиот привремен управен совет, ирачката привремена влада и ирачката преодна влада биле привремени управувачки тела основани по инвазијата на Ирак во 2003 година за да управуваат со земјата додека не се воспостави постојан устав.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „caretaker government“. Credo Reference. Dictionary of politics and government. Посетено на 18 December 2015.
  2. Shain(1) Linz(2), Yossi(1) Linz(2) (January 1992). „The Role of Interim Governments“. Journal of Democracy. 3: 73–79. doi:10.1353/jod.1992.0012.
  3. Yossi Shain, Juan J. Linz, "Between States: Interim Governments in Democratic Transitions", 1995, ISBN 9780521484985, p. 5
  4. McAuliffe, Padraig (1 September 2010). „Transitional Justice and the Rule of Law“. Ague Journal of the Rule of Law. doi:10.1017/S1876404510200015.