Queen

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Queen
Биографски податоци
Потекло Лондон, Англија
Жанрови Глам рок, хард рок
Период на активност 1970–1997[1]
Издавачи Parlophone, Hollywood
Соработници Queen + Paul Rodgers, Smile, The Cross
Мреж. место queenonline.com
Поранешни членови
Фреди Меркјури
Брајан Меј
Џон Дикон
Роџер Тејлор

Queen е еден од најпознатите британски рок бендови, по потекло од Лондон. Од настанувањето во 1970 година, бендот функционираше во составот Фреди Меркјури - вокал и пијано, Брајан Меј - гитара, Џон Дикон - бас гитара и Роџер Тејлор - тапани, сѐ до смртта на Меркјури како последица од сида во ноември 1991 година.

Во својата успешна кариера, Queen стана еден од најпочитуваните бендови на сите времиња со стотици милиони фанови низ светот, а неговата музика сѐ уште влијание на модерната рок музика. Меѓу нивните најпознати хитови се „Bohemian Rhapsody“, „I Want To Break Free“, „We Will Rock You“, „We Are The Champions“ итн. По смртта на Фреди Меркјури во 1991, во организација на Queen се одржа познатиот концерт во чест на Фреди Меркјури во 1992, на кој најголемите музички ѕвезди од светот му оддадоа почит на легендарниот пејач и ги испеаја неговите, но и нивните авторски песни.

Во 1995, останатите три членови на Queen, користејќи ги демо-снимките на Меркјури, го создадоа албумот Made In Heaven посветен на пејачот. Во 1997, бендот ја сними нивната последна песна како Queen, „No-One but You (Only the Good Die Young)“, посветена на принцезата Дaјана, но и на нивниот вокалист, колега и пријател, Фреди Меркјури. По овој хит, басистот Џон Дикон го напушти бендот не сакајќи да продолжи без неговиот идол, по што Брајан Меј и Роџер Тејлор продолжија да снимаат со нивниот пријател Пол Роџерс како Queen + Paul Rodgers.

Дискографија[уреди]

  • Queen (1973)
  • Queen II (1974)
  • Sheer Heart Attack (1974)
  • A Night at the Opera (1975)
  • A Day at the Races (1976)
  • News of the World (1977)
  • Jazz (1978)
  • The Game (1980)
  • Flash Gordon (1980)
  • Hot Space (1982)
  • The Works (1984)
  • A Kind of Magic (1986)
  • The Miracle (1989)
  • Innuendo (1991)
  • Made in Heaven (1995)

Наводи[уреди]

  1. по смртта на Фреди Меркјури во 1991 Брајан Меј, Роџер Тејлор и Џон Дикон го направија албумот Made in Heaven во 1995 и песната "No-One but You (Only the Good Die Young)" во 1997 како Queen. Од тогаш секој нов материјал направен од Queen е нарекуван Queen + Paul Rogers

Надворешни врски[уреди]