WorldCat

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
WorldCat
Logo wcmasthead en.png
URL worldcat.org
Комерцијално? да
Тип каталог и заедница
Регистрација бесплатна

WorldCat е заемен каталог каде се заведени збирките на 72.000 библиотеки од 170 земји и територии[1] што учествуваат во глобалната задруга OCLC. Неговата изградба и одржување ја вршат сите членки заеднички.

Историја[уреди]

Каталогот е создаден во 1971 и денес содржи над 246 милиони записи кои се однесуваат на над 1,77 милијарди физички и дигитални материјали на повеќе од 470 јазици.[1] Со тоа, ова е најголемата библиографска база на податоци на светот. OCLC го нуди WorldCat бесплатно на библиотеките, но каталогот е основа и за други бесплатни услуги на OCLC (како споделување на ресурси и раководење со збирки). Организацијата е основана во 1967 од американскиот библиотекар Фред Килгур во 1967.[2]

Во 2003, OCLC го започнале пилотниот програм „Open WorldCat“, со кој записите од WorldCat во скратен облик им се нудат мрежни места и книгопродажни претпријатија, сè со цел да ја зголеми достапноста на збирките на библиотеките-членки. Во 2006 е пуштено во употреба непосредното пребарување на самото мрежно место на WorldCat. Во 2007 е воведена услугата „WorldCat Identities“, каде се нудат страници од над 20 милиони „идентитети“, претежно автори и лица од објавените наслови.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Факти и статистики за WorldCat“. OCLC. 2011. http://www.oclc.org/ca/en/worldcat/statistics/default.htm. конс. 6 ноември 2011.  (англиски)
  2. Маргалит Фокс. „Почина иновативниот библиотекар Фредерик Г. Килгур на возраст од 92 години“, „New York Times“, 2 август 2006 (конс. 22 декември 2009). (англиски)

Надворешни врски[уреди]