Дони Дарко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Дони Дарко
(Donnie Darko)“
Дони дарко.jpg
Промоционален постер
Режирано од Ричард Кели
Продуцент Адам Филдс
Ненси Џувонен
Шон МекКитрик
Сценарист Ричард Кели
Настапуваат Џејк Гиленхал
Џена Малоун
Меги Гиленхал
Патрик Свејзи
Дру Беримор
Музика Мајкл Ендруз
Кинематографија Стивен Б. Постер
Дистрибутер Newmarket Films
Премиера 26 октомври, 2001 (САД)
Времетраење 113 мин. (оригинално)
133 мин. (режисерска верзија)
Држава САД Flag of the United States.svg
Јазик Англиски
Буџет $4,5 милиони
Бруто заработка $4.116.307 (глобално)

Дони Дарко е американски филм од 2001. Филмот содржи елементи на драма/психолошки трилер/научна фантастика, а е напишан и режиран од Ричард Кели. Филмот имаше мало отварање по прикажувањето во САД, но својата популарност ја зголеми по своето ДВД издание и доби култен статус со текот на времето.

Насловниот лик е интелигентен, но пореметен тинејџер кој има визии за антропоморфен зајак кој го води во низа на бизарни случки со цел да го спаси светот од уништување.

Филмот има многу комплексно дејство и философска основа. Темите кои ги опфаќа се патување низ времето, егзистенцијализам, љубов и лично жртвување.

Улоги[уреди]

  • Џејк Гиленхал како Доналд Џ. "Дони" Дарко
  • Холмс Озборн како Еди Дарко
  • Меги Гиленхал како Елизабет Дарко
  • Дејваја Чејс како Саманта Дарко
  • Мери МекДонел како Роуз Дарко
  • Џејмс Дувал како Френк
  • Патрик Свејзи како Џим Канингем
  • Бет Грент како Кити Фармер
  • Џена Малоун како Гречен Рос
  • Ноа Вајл како Кенет Монитоф
  • Дру Беримор како Керен Померој
  • Кетрин Рос како д-р Лилиан Турман
  • Пејшенс Кливленд како Роберта Спероу

Куриозитети[уреди]

  • Филмот е сниман за 28 дена, точно толку има и Дони за спасување на светот.
  • За време на телефонскиот разговор од аеродромот пред враќањето на мајката на Дони, во позадина се слуша дека летот 2806 полетува од излез 42 во 12 часот. Истите броеви на почетокот ги открива Френк, како времето кое останува пред крајот на светот: 28-06-42-12.
  • Автомобилот кој Дони го среќава додека се вози со велосипедот е истиот оној кој подоцна го вози Френк.
  • Човекот во црвената облека, кој Дони и Гречен го затекнуваат дека ги набљудува, е агент кој ги набљудува членовите на семејството по повод бизарната несреќа со моторот на авионот.
  • Улогата на Елизабет Дарко, сестрата на Дони, е играна од Меги Гиленхал, сестрата на Џејк Гиленхал.
  • Лингвистот кој рекол дека cellar door е најубавата синтагма во англискиот јазик е Џ.Р.Р. Толкин.

Надворешни врски[уреди]